Важно известување за патувања во Шенген зоната!!!!!!!!!
Од 12 октомври 2025 – при патување ќе важи само EES – автоматска евиденција на граница (се врши директно на аеродром/граничен премин, без апликација и без дополнителни трошоци). Од крајот на 2026 – покрај EES ќе биде задолжителен и ETIAS – дозвола за патување, која се добива онлајн пред поаѓање (важи 3 години, чини 20 евра).
METROPOLITEN TRAVEL секогаш е тука да ви помогне со најнови информации за вашите патувања.
Зошто се воведува EES?
- Да има прецизна евиденција за секое лице кое влегува/излегува од Шенген зоната
- Да се спречи пречекорување на дозволениот престој (90 дена во 180 дена)
- Подобра борба против нелегална имиграција
- Намалување на фалсификувани печати во пасоши (системот дигитално бележи сè)
- Побрза и поавтоматизирана пасошка контрола
Зошто се воведува ETIAS?
- Да се направи пред-проверка на патниците уште пред да тргнат на патување
- Подобра безбедност и превенција од тероризам и криминал
- Подобра контрола на луѓе што можеби се закана за јавното здравје или јавната безбедност
- Системот ќе им овозможи на властите однапред да знаат кој влегува во ЕУ
- За патниците – процесот е брз и евтин (20 € за 3 години), а за државите членки – значи поголема сигурност