Патување во три прекрасни Азиски земји – модерната утопија Сингапур (Singapore) и плажите на магичниот Бали (Bali), до специфичната Малезија (Malaysia) односно нејзиниот главен град Куала Лумпур (Kuala Lumpur). Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Сингапур (Singapore) и Малезија (Malaysia), а потоа магични денови на егзотичниот остров — Бали (Bali). Денови исполнети со плажи, бранови, сурфање, морски специјалитети, традиционални храмови, живописни џунгли, лулашки, chill и одмор…
План и програма
Цени и услови
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање.
Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Сингапур – Бали и Бали – Куала Лумпур). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.
Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Што е вклучено
Сместување
Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur Пример 2 ноќи
MaxOne Hotel at Ubud Пример 3 ноќи
Fairfield by Marriott Bali Legian Пример 4 ноќи
Value Hotel Thompson B Пример 1 ноќ
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Куала Лумпур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Локален лет Куала Лумпур – Денпасар (Бали) во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бали – Сингапур, во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од сместување до аеродром.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сингапур – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
10 × Континентален појадок
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Туристичка такса за Куала Лумпур која изнесува 10RM дневно по соба (околу 2.30$) и истата се плаќа во хотелот на рецепција.
- Виза за влез во Индонезија – 130€
- Туристичка такса за Бали, која изнесува околу 9€ (еднократно) и истата се плаќа онлајн на https://lovebali.baliprov.go.id/
Факултативни излети
Куала Лумпур City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд!
Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach
Селото Батуан, Monkey Forest, Bird Park и River rafting
Храмот Tanah Lot, градина со зачини и Finns Beach Club
Нуса Пенида (Nusa Penida)
Плажата Padang Padang, Храмот Uluwatu и Кечак танц.
Сингапур City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Сместување
Value Hotel Thompson B
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
MaxOne Hotel at Ubud
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Fairfield by Marriott Bali Legian
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во Индонезија (Бали), додека за Сингапур и Малезија виза не е потребно. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот. Потребна документација за виза е скен во боја од вашиот пасош (првите две страни, како и предната страна), слика во боја на бела позадина со димензии 3x4cm . Документите е потребно да бидат испратени во PDF или JPEG формат.
Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За влез во Сингапур, Индонезија или Малезија не е потребен доказ за вакцинација. Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија – лековите кои Ви се препишани.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Сингапур, Индонезија и Малезија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.
СТРУЈА
За Малезија е потребен приклучок тип G. Тип G е приклучокот кој има три правоаголни влеза во триаголен образец како што се користи во Велика Британија. Додека во Сингапур и Индонезија (Бали) се користи ист приклучок како тој што се користи во Македонија.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
GMT+8, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Сингапур, Индонезија и Малезија е 7 часа, а во текот на летното сметање на времето е 6 часа, затоа што овие три држави не преминуваат на летно сметање на времето.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.


.webp)
.jpg)
.webp)
.png)


.jpg)


.webp)


