Just one second...

 
alex1

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места. Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

– 5% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2024

ВИЛА АЛЕКС
Термин 1/3 студио 1/3+1 студио
01.06-08.06 179 189
08.06-15.06 209 219
15.06-22.06 239 259
22.06-29.06 269 279
29.06-06.07 339 349
06.07-13.07 379 389
13.07-20.07 399 409
20.07-27.07 399 409
27.07-03.08 399 409
03.08-10.08 399 409
10.08-17.08 399 409
17.08-24.08 379 399
24.08-31.08 349 359
31.08-07.09 239 259
07.09-14.09 219 239
14.09-21.09 159 169
21.09-28.09 139 149

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Опис на сместувањето ( Вила Алекс)
• 1/3 – Студио на прв спрат со поглед кон градот
o Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, поглед кон градот, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
• 1/3+1 – Студио на приземје
o Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 + 1 дете до 5,99 години.
• 1/3 + 1 – Студио на прв спрат со поглед на море
o Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
o Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години + 1 дете до 4,99 години.

Вила КЛЕОН се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Превоз:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
-Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 65€ по лице
-Кавадарци ( Дреново бензинска пумпа, Макпетрол) – 65€ по лице
-Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
-Битола (Транскоп) – 55€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 55€
-Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола-65€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -65€ по лице
-Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
• 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
• 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
• 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
• 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
• 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
• 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
• 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
• 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
• 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото

Напомени:
• За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
• Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
• Климата е вклучена во цената;
• Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
• За хигиената на собите се грижат гостите;
• За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите

Попусти:
• За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
• Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:
• Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
• Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
• За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Приговори и поплаки: • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
• Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
• Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)