Одиме на Занзибар, Hakuna Matata!
Авантура која дефинитивно ќе ја паметите доживотно – време е за Занзибар Beach Adventure!!!
На оваа програма, првите денови се сместуваме во Паџе – најживото место на Занзибар со многу барови, ресторани и бутик хотелчиња по должината на целата плажа. Паџе е центарот на истокот и најразвиеното место на овој дел на островот. Но зошто се сместуваме на Паџе?
Најпрво се сместуваме во Паџе поради неговата неверојатна атмосфера која ќе ве остави без здив, неговите преубави ресторани во бохо стил кои не потсетуваат на Тулум и навидум бесконечната плажа со прашкаст бел песок и тиркизно море. Но, и поради неговата местоположба на островот, Паџе е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се исполнети со многу плажирање на различни егзотични плажи, песочни дини и пусти острови. Ви ветуваме дека Паџе и неговата незаборавна атмосфера ќе останат во вашите спомени доживотно.
Од Паџе го посетуваме Stone Town — главниот град на Занзибар. Град кој никогаш не спие, каде сé е различно, забрзано, живо, шарено и фасцинантно. Stone Town е мешавина на повеќе култури – европејска, арапска, индиска и персиска. Се шетаме по тесни улички, со раскошни палати, британски вили, арапски продавнички, сé едно со друго, збиено со брегот на Индискиот океан. Дали знаевте дека познатиот фронтмен на бендот Queen – Фреди Меркјури е роден во Stone Town? Ја посетуваме и неговата куќа која е денес претворена во музеј. Од Stone Town продолжуваме на Накупенда – пуст остров (песочна дина) која од градот е одалечена само 25 минути возење со бродче. Гарантираме дека Накупенда ќе ви биде highlight на цело патување. Како на цртан филм, бел прашкаст песок, опколен со корален гребен и тиркизна лагуна – најегзотичната “плажа“ која ја имате видено во животот. Од Паџе одиме и во џунгла со зачини каде дознаваме за главната состојка на парфемот Channel no. 5 и во посета на селото Матенде (Mtende).
Во слободно време уживаме на лежалка или пиеме пијачка во некои од најдобрите бохо барови на Паџе. Можеби сте прочитале дека плажата во Паџе доживува промени во плимата и осеката. За време на осека (која трае помеѓу 4-6 часа) одиме на нашите факултативни излети, се шетаме по бесконечната плажа со бел песок (песок кој не се затоплува), играме одбојка, слушаме музика, пиеме пиво и комплетно се опуштаме. Додека за време на плима имаме на располагање огромна плажа со палми, кокоси и бесконечниот Индиски океан.
Ноќите ни се исполнети со вечери и уживање во некој од одличните ресторанчиња на ова место, но и безброј журки на самата плажа. Гарантираме дека после 4 дена и вие ќе бидете комплетно заљубени во Паџе и Занзибар!
Патувањето го продолжуваме на северот на Занзибар во Кендва (Kendwa) – по сите стандарди и форуми, најубавата плажа на Занзибар – со бел прашкаст песок, палми и нереално тиркизна вода, каде плимата и осеката воопшто не се изразени, па преку цен ден можеме да уживаме и да се бањаме во ова парче рај. Плажа која се носи рамо до рамо со најдобрите плажи на Малдиви! Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги – локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Навечер, лежалките се повлекуваат, а во песок се ставаат маси и столчиња, се палат свеќи и оган и се вечера под отворено небо, додека свири Афричка музика. Од Кендва одиме на Blue Safari – пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг.
Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?
План и програма
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Што е вклучено
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje Пример 4 ноќи
Mocco Beach Villas Пример или Sunset Kendwa Пример 3 ноќи
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од Stone Town до Kendwa
- Трансфер од сместување до аеродром.
- Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
7 × Континентален појадок
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Виза за Занзибар (на граница – 50 УСД)
- Еко такса за Занзибар која изнесува: 4$ (Jambo Beach Hotel, Mocco Beach Villa, Sunset Kendwa) дневно по лице.
- Задолжително осигурување кое се вади онлајн на https://visitzanzibar.go.tz/ и истото изнесува $44
Факултативни излети
Паџе Village Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Занзибар Beach Adventure – пакет излети
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Посета на основно училиште на Занзибар
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Островот Mnemba, пливање со делфини & Maasai Village
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Mocco Beach Villas ***
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Sunset Kendwa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Останати поаѓања за Занзибар
Занзибар Special Edition
Достапно
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.






.jpg)



%20(2).png)
