Будимпешта ( Виена • Оutlet Shoping Center Parndorf • Сент Андреа) 2НП Christmas Market
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Термин 04 Декември
1 ден 04.12.2026 • Скопје – Будимпешта
Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковскиво 16.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 05.12.2026 • Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…Сместување во хотел…Слободно време за индивидуални прошетки и посета на Божиќни пазари. Ноќевање.
3 ден 06.12.2026 • Будимпешта – Сент Андреа
Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Враќање во Будимпешта… предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Враќење во хотел. Ноќевање.
4 ден 07.12.2026 • Будимпешта – Виена
Појадок. Препорачуваме посета на Виена, со попатна посета на Outlet Shoping Center Parndorf (слободно време за шопинг 2,5 часа). Потоа одиме на панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта во доцните вечерни часови и веднаш поаѓање за Македонија. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 08.12.2026 • Скопје
Предвиденио пристигнување во Скопје на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски во утринските часови.
Цена на аранжманот за резервации до 15.11.2026: 199€ / 12.340 денари
Редовна цена: 229€ (14.200 ден.)
Аранжманот вклучува
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања во хотел3* НП во Будимпешта
- Организација и водство на програмата
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
Не е вклучено
- Задолжително патничко осигурување – 250 денари
- Разглед на Будимпешта – 20€
- Крстарење по Дунав – 25€
- Посета на Сент Андреа – 25€
- Посета на Виена и Outlet Shoping Center Parndorf – 50€
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 110€ (разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав, посета на Сент Андреа, посета на Виенаи Outlet Parndorf)
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба – 3.550 денари
- Доплата за избор на седиште (при резервација) – 20€


