ДоломитСКИ Ретрит – Италија
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.
Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.
Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.
Нашиот искусен тим од Holiyay Travel ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.
Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот – заедно со Holiyay Travel.
| Датум: |
07.01 – 15.01.2026 |
| Цена: |
549 еур за возрасно лице со организиран превоз
459 еур за возрасно лице со сопствен превоз
519 еур за дете од 02. – 11.99 години со организиран превоз
419 еур за дете од 02. – 11.99 години со сопствен превоз
|
| Во цената е вклучено: |
Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
6 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
Превоз до ски стазите и назад ( освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз )
Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
Доктор за прва помош за време на целата тура |
| Во цената не е вклучено: |
Ски опрема
Ски карта
Туристичка такса по лице на ден ( плаќање во хотел )
Патничко осигурување |