Just one second...

 
amalfi-2254776_640

                                                                                                                      Јужна Италија

Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен. Токму затоа ние ве носиме таму.

Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.

Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме воа Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по куќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.

Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.

Програма на патување

02.05.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-ИГУМЕНИЦА-БАРИ
Состанок на групата во 12.00 час. кај хотел Русија. Поаѓање за Игуменица,со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Игуменица и качување на траект за Бари. Ноќно патување и ноќевање на траект.

03.05.2024 (ПЕТОК) БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО
Пристигнување во Бари во утринските часови каде веднаш ќе не разбуди мирисот на море и глетката на прекрасно пристаниште. Откако се симнуваме од траект се упатуваме кон Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Овој град има посебна приказна, градот на Trulо куќи, која е типично италијанска: дизајнот на куќите е смислен за измама на власта, која на жителите им наметнувала даноци. Локалниот феудален гроф Acquaviva ги преселил своите селани-работници тука, за да ја исчистат шумата и да ја претворат во обработливо земјиште. Грофот имал идеја да создаде феудално село кое би можело брзо да се сруши и обнови, со цел да се избегне плаќањето на даноците. Било важно Alberobello да не изгледа како типично село. Во 1797 година, кога Alberobello конечно добило статус на град, луѓето морале да живеат во Труло куќите, кои би можеле, доколку е потребно, лесно да се срушат а подоцна повторно да се изградат. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Овде ќе имаме слободно време за прошетка и можност да ја доживееме оригиналноста на овој град како од бајките. Слободно време за индидивуални активности. Во предвидено време поаѓање и сместување во хотел во околината на Неапол (на 40 до 50км од Неапол). Ноќевање.

04.05.2024 (САБОТА) – CЕNTRO COMMERCIALE LA CARTIERA- ПOMПЕЈА (со локален водич) и НЕАПОЛ
Појадок во хотел. Денот ни започнува со шопинг во трговскиот центар Centro Commerciale La Cartiera. Слободно време за шопинг. Помпеја е град од времето на античкиот Рим, кој во 79та година од нашата ера од силната ерупција на Везув бил потполно уништен, прелеан со лава, целиот град со околу 20.000 луѓе, дворци, згради, храмови, театри и термални бањи зачувани засекогаш во моментите на нивната смрт се сведок на неуморливата сила на природата. Денешната Помпеа заради овој настан ја носи титулата град музеј и е под заштита на УНЕСКО и е една од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од два милиони жители. Во договорено време поаѓање кон Неапол и слободно време за прошетка низ Неапол каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko. Враќање во хотел. Ноќевање.

05.05.2024 (НЕДЕЛА) – ПОСИТАНО,АМАЛФИ,САЛЕРНО И СОРЕНТО
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневна посета на Позитано, Амалфи,Салерно и Соренто. Се упатуваме во Поситано, рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни панорамски слики ..Кратка пауза 20 минути за панормско разгледувањ и патот го продолжуваме кон Амалфи. Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Овој град заради прекрасните пејсажи се смета за едно од најспектакуларните места во Европа. Самото возење покрај брегот го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај море го комплетираат впечатокот. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина. Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада. Ќе имаме слободно време за едно еспресо, лимончело или аперол. Поаѓање за Салерно, слободно време за прошетка. По индивудалниот разглед, поаѓање за Соренто во договорено време. Пристигунување во Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот.… препорака да се посетат: плоштадот Torquato. Враќање во хотел. Ноќевање.

06.05.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) -MАТЕРА-БАРИ (пристаниште)-ИГУМЕНИЦА
Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Матера, град сместен во јужниот дел на Италија, токму онаму каде започнува потпетицата на Италија. Се наоѓа во областа Базиликата, и од 1663 година до 1806 година бил прогласен за главен град на оваа област. Во 2019 година е прогласен за најдобра дестинација во светот и престолнина на Европската култура. Главна атракција на Матера е Саси или пештерската населба. Градот започнува да заживува дури во деведесетите години, кога Матера е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Оттогаш градот продолжува да инвестира во своето културно наследство. Старите обновени пештери, црквите, улиците и камбанариите ќе ви го одземат здивот. Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година. Овој магичен град е просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура… Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, Во 1964 год. Пиер Паоло Пазолини го сими“Евангелието на Мaтеј”, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година. Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Игуменица. Ноќевање на траект.

07.05.2024 (ВТОРНИК)-ИГУМЕНИЦА- СКОПЈЕ
Пристигнување во Игуменица, и продолжување на патот кон Македонија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379е / 23.500мкд

Во цената е вклучено:

*Превоз со автобус
*Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
*3 ноќевања со појадок во Хотел Holidays 3*
*Посета на Алберобело
*Посета на Матера
*Лиценциран туристички придружник

Во цената  не е вклучено:

*Шопинг во Centro Commerciale La Cartiera, Посета на Помпеја (влезница со локален водич 20 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред поаѓање и не е вклучена во пакетот од 35 евра) и посета на Неапол. Пакет 35 евра (се плаќа во автобус)
*Посета на Поситано, Амалфи, Салерно и Соренто- Пакет 85 евра (се плаќа во автобус)
*Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 33 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
*Доплата за еднокреветна соба-4.700мкд (за 3 ноќи)
*Туристичка такса 3 евра на ден по лице (се плаќа во агенција)

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање . Патникот при резервација ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за посета на  екскурзиите.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute Black Friday понуда или друг тип на промоција, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;

Агенцијата го задржува правото на промена на хотел во случај на overbook или други технички причини со подобра или иста категоризација

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)