ВИЛА ” ВАСИЛИС” ИПСОС
Вилата Василис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на околу 300 метри од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплатува 5евра од ден кај претставникот на агенцијата. За секој патник следува по еден пешкир. Вилата нема телевизор. Куќата има WIFI но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.


