Just one second...

 
Traditional dutch windmills and houses near the canal in Zaanstad village, Zaanse Schans, Netherlands, Europe
Namur cityscape with Meuse river embankment and Pont de Jambes arch stone bridge, aerial panoramic view of Namur city, skyline horizon with green forests trees on hills, Wallonia Region, Belgium

Божиќен маркет во Белгија и Холандија

Брисел-Валкенбург-Гент-Бриж

                                                                                                              (06.12.2026-09.12.2026)

 

 

Прв ден: 06.12.2026 (недела)- Скопје-Брисел

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Полетување кон аеродромот во Шарлероа во 06.00 часот, слетување во 08.50 часот. Со организиран трансфер се упатуваме кон Брисел и одиме на разглед на градот со локален водич. Главниот град на Белгија и седиштето на Европската Унија е град каде што средновековната величественост се сретнува со модерната политичка моќ. Неговото историско срце, главниот плоштад, е место на светско наследство на УНЕСКО, опкружено со стари и богато украсени еснафски згради и прекрасна готска општинска зграда. Денес Брисел е вистински мултикултурен и космополитски град, и вистински гурмански рај со надалеку познатите белгиски вафли, чоколадо, помфрит и култура на пивото, препозната од УНЕСКО како нематеријално културно наследство. Во Брисел ќе го посетиме Плоштадот заедно со околните шопинг улички, средновековната Црква Св. Никола од 12-ти век, кралските галерии Saint-Hubert, Кралскиот Плоштад со кралската палата, Manneken Pis – малата статуа на момче кое прерасна во еден од симболите на градот и други знаменитости. Сместување во хотел „Ibis Brussels City Centre” 3* сместен во самиот центар на градот. До крајот на денот слободно време за индивидуални прошетки низ големиот божиќен маркет кој содржи преку 200 тезги, џиновско панорамско тркало, лизгалиште и светлосно шоу на главниот плоштад и ширум центарот на градот. Ноќевање.

 

Втор ден: 07.12.2026 (понеделник)- Брисел-Валкенбург-Брисел

Појадок, а потоа одиме на највозбудливиот дел од патувањето – посета на пештерскиот божиќен маркет во Холандија. Организиран трансфер до историскиот туристички град Валкенбург, познат по единствениот замок во Холандија изграден на рид и по неговите мрежи од варовнички пештери, ископани од рударите во текот на стотици години. Дел од пештерите со подземни тунели се поврзани со средновековниот замок, и биле користени од локалното населените како скривници за време на окупациите со светските војни. Токму во тие пештери се одржува еден од најуникатните божиќни маркети во Европа – пештерскиот божиќен маркет. Пазарот е поделен во три различни пештери, секоја со свој шарм. Маркетот сместен во Општинската пештера (Gemeentgrot) е најголемата мрежа на подземни пазари. Се одликува со широки, рамни ходници кои датираат од римско време, преполни со осветлени тезги, празнична музика и разновидни тезги со подароци и сувенири. Пазарот во Кадифената пештера (Fluweelengrot) е втор по големина, и се наоѓа директно под урнатините на замокот Валкенбург. Тој нуди пријатна, историска атмосфера, и е познат по сложените ѕидни резби од 18-ти век, историските капели и занаетчиските тезги. Слободно време за прошетка низ пештерите, кои нудат засолниште од студеното време на постојана температура од 12 степени. За крај ќе имаме слободно време да прошетаме низ историскиот центар на градот и да го посетиме селото на Дедо Мраз – традиционалниот божиќен маркет кој се одржува на градскиот плоштад. Во вечерните часови враќање во Брисел. Ноќевање.

 

Трет ден: 08.12.2026 (вторник)- Брисел-Бриж-Гент-Брисел

Појадок. Денешниот ден е резервиран за посета на двата бисера во Белгија-Бриж и Гент. Бриж нуди совршено зачувана, бајковита средновековна атмосфера со интимни канали, додека Гент функционира како жив, населен универзитетски град кој комбинира грандиозна историска архитектура со модерен шмек. Ако го сакате Хари Потер и Божиќ, тогаш Гент е градот кој сигурно морате да го посетите. Повеќе од 150 дрвени колиби се протегаат на плоштадите во градот, а целата населба ги вади своите божиќни украси. Мирисот на борова смола и греано вино го прави искуството комплетно. Гент под своето зелено зимско ќебе е божиќен град во најдобро издание. По разгледот и слободното време, продолжуваме кон Бриж, градот кој поради многуте канали често се нарекува „Венеција на северот”. Бриж е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Целиот негов историски центар е заштитен како светско наследство на УНЕСКО, прошаран со канали, калдрмени улици и готска архитектура која изгледа речиси непроменета од расцутот на градот како главен трговски центар од 13-ти до 15-ти век. Организиран разглед на градот со посета на главниот плоштад со кој доминира средновековната камбанарија од 13-ти век; плоштадот Burg со неговата готска општинска зграда и Базиликата на светата крв во која се верува дека се чува света реликвија со Христовата крв донесена од крстоносните војни; каналите кои создаваат непрекината мрежа во должина од 7.5 километри, и други знаменитости. Божиќниот маркет е сместен на главниот плоштад и изобилува со дрвени куќички со разновидни рачни изработки и уникатни подароци, илјадници украси и божиќни светилки, опкружени со шарени средновековни куќи. Над божиќниот маркет се надвиснува 83-метарската камбанарија, до чиј врв водат 366 скали и од каде може да се ужива во панорамска глетка на пазарот и прекрасно осветлениот центар на градот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Брисел. Ноќевање.

 

Четврти ден: 09.12.2026 (среда)- Брисел-Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот Шарлероа. Полетување кон Скопје во 09.25 часот, слетување во 12.00 часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.08.2026 ……. 799 евра (49.540 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………859 евра (53.260 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

• Авионски билет: Скопје-Шарлероа-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите локални трансфери

• 3 ноќевања со појадок во хотел „Ibis Brussels City Centre“ 3* во Брисел

• Влезница за уникатниот божиќен пештерски пазар во Валкенбург, Холандија

• Сите разгледи и посети вклучени во програмата

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружн

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 200 евра

• Туристичка такса – 15 евра (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)

 Втора рата до 21.09.2026, трета рата до 21.10.2026. Целосна доплата на аранжманот до 05.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

                                                      Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

                                                                                                             

Cityscape image of Vienna, Austria with St. Michael's Square during sunrise.

Виена (Outlet Shopping Center Parndorf • Братислава)- 2НП Christmas Market

Од 219 € по лице

Виена – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин: 04 Декември

1 ден  04.12.2026 • Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 05.12.2026 • Виена

По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  06.12.2026  • Виена –  Шенбрун – Дунавска кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасенпоглед од 360о наградот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Виена. Во текот на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание и со право важи за една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштадите се украсени со илјадници светилки, а мирисот на печени костени, ванила, цимет и топло греено вино создава незаборавна празнична атмосфера.

Најпознатиот Божиќен маркет предГрадското собрание (Rathausplatz) е вистинска зимска бајка, со десетици дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални австриски специјалитети и празнични украси. Подеднакво волшебни се и маркетите кај палатата Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија, секој со своја уникатна атмосфера.

Прошетајте низ раскошните улици на Виена, посетете ги величествените палати, уживајте во вкусот на познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како да оживеал од празнична разгледница.

Виена за време на Божиќните празници нуди совршен спој на традиција, елеганција и празнична магија – дестинација која ќе ве воодушеви со својата убавина и ќе ви подари незаборавни зимски моменти. Ноќевање.

4 ден 07.12.2026 • Designer Outlet Parndorff – Братислава

Појадок. После појадокот напуштање на хотелоти можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг (3 часа).. Потоа се упатуваме кон Братислава.Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт.

Слободно време за индивидуални прошетки. За време на Божиќните празници, Братислава добива посебен шарм и се претвора во топла празнична бајка. Историскиот центар е украсен со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични декорации, а низ калдрмисаните улици се шири мирисот на греено вино, цимет и традиционални словачки специјалитети.

Најпознатите Божиќни маркети на Главниот плоштад (Hlavné námestie) и Плоштадот Хвиездослав (Hviezdoslavovo námestie) нудат богата понуда на рачно изработени сувенири, празнични украси, локални деликатеси и традиционални слатки. Атмосферата е дополнета со музички настапи, божиќни концерти и бројни културни настани кои го прават градот уште поволшебен.

Прошетајте низ живописните улици на Стариот град, уживајте во погледот кон величествениот Братиславски замок, фотографирајте се со познатите бронзени скулптури и почувствувајте ја топлината на еден од најшармантните европски главни градови.

Во вечерните часови враќање во Виена и поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  08.12.2026 • Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

                                                                        Цена на аранжманот за резервации до 31.10.2026: 219€ / 13.580 ден.

                                                                                                        Редовна цена: 249€ (15.440 ден.)

 

 

Аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Виена (околина)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и водство на програмат

 

Не е вклучено

  • Разглед на Виена со локален водич – 20€
  • Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
  • Излет Братислава и Оutlet shoping center Parndorff ( превоз, разглед со локален водич) – 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 150€ (Разглед на Виена+ Посета на дворецот Шенбрун + Излет Братислава и Оutlet shoping center Parndorff + Дунавска Кула)
  • Задолжително патничко осигурување – 250 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 20 евра

 

                                                                                 

MALTA

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

                   4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

 

04 декември (петок)                СКОПЈЕ – МАЛТА – БИРГУ -ВАЛЕТА

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување во 13:10 и слетување во Малта во 15:00 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Мала пауза за одмор. Вечерно патување во Валета и Трите Града. Поаѓањето е околу 18:00 часот, кога сонцето полека заоѓа и островот ги добива своите магични вечерни бои. Ќе тргнеме да ги откриеме Трите Града – вистински бисери на малтешката историја. Првата станица ќе биде Биргу (Виториоза), средновековен град чии тесни, мистериозни улици кријат приказни за витези, трговци и пирати. Прошетката низ овој стар кварт ќе ви даде чувство дека сте се вратиле неколку векови назад. Потоа, ќе уживаме во слободното време во марината Виториоза, една од најубавите марини на островот. Совршено место за релаксација, пиење пијалок и уживање во единствената атмосфера на луксузни јахти и осветлени пристаништа. Потоа, нашиот пат води до срцето на Малта – Валета. Таму ќе имате слободно време за шопинг, прошетка меѓу луксузните улици и посета на божиќниот базар, каде што блескавите декорации, мирисот на топлите колачи и вистинскиот празничен дух ќе ви дадат посебен шарм. По ова незаборавно вечерно искуство, се враќаме во хотел, исполнети со впечатоци, мириси и слики што ќе останат во меморијата долго време. Ноќевање.

 

05 декември (сабота)               ИЗЛЕТ ПО МАЛТА- МDINA – BlUE GROTTO – МАРСАШЛОК – СЕНТ ЏУЛИЈАН

Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура каде ќе уживаме во панорамскиот поглед од бастионите,посета на претседателската Палата… Прошетка до Рабат, предградието на Мдина каде ќе имате можност да ги посетите катакомбите на св.Павле (по избор) или може да се релаксирате со кафе во некое од локалните кафулиња. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо), најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо (се плаќа 10 еур на лице место). Напомена: Во случај на немирно море и прекин на бродскиот сообраќај,посетата на Blue Grottо ќе биде целосно изоставена. Во тој случај како алтернативна варијанта ќе ги посетиме прекрасните ботанички градини Сан Антон, мирна оаза позната по своите бујни градини и релаксирачка атмосфера. Потоа следува посета на рибарското гратче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е толку фотогенично поради што многу туристи го посетуваат за да ги овековечат типичните ,,luzzu,, рибарски чамци. Слободно време за ручек во препорачан ресторан за морска храна и посета на традиционалниот пазар со малтешки призводи покрај самата обала. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

06 декември (недела)    ГОЗО – ВИКТОРИЈА (РАБАТ) – DWEJRA BAY – FONTANA – XLAENDI

 

Појадок.Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг каде историјата, природата и културата се здружуваат да создадат навистина магично искуство. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Следува панорамски разглед на Викторија (Рабат), главниот град на Гозо кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на базиликата Та Пину-Место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на старата цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот.Посета на заливот Dwejra Bay кој се смета за една од најнеобичните атракции на Гозо што многу туристи ја сакаат и со добра причина. Накратко може да се каже дека станува збор за музеј на отворено кој комбинира добра доза на природна историја, археологија и геологија низ познатите знаменитости како што се Внатрешното море, карпата Габа, Азурниот прозозорец и караулата Двејра. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче во заливот кој со своите крајбрежни формации и морето што се прелева над карпите е навистина една магична атракција (се плаќа на лице место 5 еур).Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за опуштен ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка кујна. Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности во  Сент Џулијан, место познато по својот бурен ноќен живот.Ноќевање.

 

 

07 декември (понеделник)       ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) – СКОПЈЕ

Појадок.Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа, прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на Малта. Исто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата – 15еур). Слободно време за ручек.Посета на Слима – позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии.Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.

 

Попуст за ранa уплатa до 31.10 :    329 €  / 20.400мкд

и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице

 за резервации направени од 21.10. – 29.10.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 € / 23.500 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

–  Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје

–  Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

–  Сместување во хотел Alexandra 3* во Малта на база 3 ноќевања со појадок

–  Рачен багаж (1 мека торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

–  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

–  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

–  1. Посета на  Валета и Слима 50 евра (трансфер, локален водич)

–  2. Излет Малта (Rabat, Mdina, Blue Grotto,  Marsaxlokk) 55 евра  (трансфер, локален водич)

–  3. Посета на Гозо 65 евра (трансфер, брод, локален водич)

–   4. Вечерен излет на Валета со посета на Божиќен базар и посета на 3те градови Birgu, Senglea и Cospicua  35 евра (трансфер, локален водич)

–  ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ  190 евра

–  Туристичка такса 750 мкд  (се плаќа во агенција)

–  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

–  Патничко – здравствено осигурување

–  Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд.

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ.

                                                                                 

Park Guell in Barcelona, Spain.

                                                                             

БАРСЕЛОНА – Christmas Market

„Град каде улиците зборуваат, морето слуша, а архитектурата сонува.“

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

05.12 (Сабота)       СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на еародромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Барселона во 12.35 и пристигнување во 15.30 часот. Организиран трансфер од аеродром до хотел и сместување. Попладневна прошетка за први впечатоци на Барселона, плоштадот Еспанија, прекрасните Магични фонтани, споменикот на Колумба и прошетка по Ла Рамбла…. Препорачуваме вечера со специјалитети на шпанска кујна, тапаси – мали порции од различни јадења кои најчесто се комбинираат со вино или пиво.  Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

 

06.12  (Недела)                   БАРСЕЛОНА – Парк Гуел

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата,  споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла… Разгледот завршува со посета до паркот ‘Гуел’ – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на UNESCO. Враќање со јавен превоз. Слободно попладне. Во вечерните часови посета на божиќен базар. Барселона го има еден од најстарите и најпознат божиќен базар со стотици штандови, ракотворби, украси и традиционални каталонски фигури. Во Барселона во декември, има неколку работи што реално вреди да ги пробаш, особено околу божиќните базари: чуроси – пржени стапчиња од тесто со густо топло чоколадо, пататас бравас – пржени компири со пикантен сос, крокети – кремасти, крцкави топчиња (со шунка, пилешко или сирење), морски плодови (лигњи, ракчиња)– свежи и многу популарни… Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

         

07.12 (Понеделник)                  БАРСЕЛОНА  – Саграда Фамилија

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на ремек делата на архитект Антони Гауди. Саграда Фамилија, највпечатливото архитектонско ремек-дела во светот и препознатлив симбол на Барселона, создадена според визијата на славниот архитект Гауди, базиликата плени со своите величествени кули, богато украсени фасади и уникатен ентериер исполнет со светлина и бои. Каса Висенс, едно од првите значајни дела на славниот Гауди, куќата се издвојува со својата шарена фасада, богати декоративни детали и уникатна комбинација на различни архитектонски стилови, денес, Каса Висенс е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасно место за запознавање со почетоците на креативниот свет на Гауди. Ла Педрера, позната и како Каса Мила, е најнеобичната градби во Барселона, таа се препознава по својата брановидна камена фасада, уникатните балкони и впечатливата покривна тераса со необични оџаци. Ова архитектонско ремек-дело е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасен пример за креативноста и препознатливиот стил на Гауди. Каса Батљо, cместена на познатата авенија Пасеџ де Грасија, градбата привлекува внимание со својата фантастична фасада, живописни бои, необични форми и детали инспирирани од природата. Нејзиниот уникатен ентериер и препознатливиот покрив ја претвораат посетата во вистинско визуелно доживување и незаборавна средба со креативниот свет на Гауди. Во попладневните часови, препорачуваме посета на Аквариумот, еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед, да се види Барселона и нејзиното пристаниште со целоит раскош. Или повторно посета на божиќен базар. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

 

08.12 (Вторник)     Шпанско село – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме посета на Шпанското село или „мини Шпанија“ во Барселона –отворен музеј со реплики на згради од различни региони, како да прошеташ низ повеќе градови одеднаш, архитектура од цела Шпанија, куќи, плоштади и улици инспирирани од Андалузија,  Кастилја, Каталонија итн… Занаетчиски работилници, каде може да се види ако се прави стакло, керамика, накит… Музеи и изложби – уметнички простори со дела од шпански автори… Плоштади и улички за прошетка – многу фотогенично место со ресторани и барови каде може да се пробаат тапаси и традиционални јадења, вино и Cava – шпанско пенливо вино, многу слично на шампањ. Можност да седнете на плоштад и да јадете во мирна атмосфера. Може да се купат сувенири, рачно изработена керамика, кожни производи, накит… Времето за престој не е ограничено, можете слободно цело претпладне да уживате во Шпански село. Или слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 16.00 часот и пристигнување во 18.45 часот.

 

Попуст за ранa уплатa до 31.10 :    559 €  / 34.660мкд

и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице

 за резервации направени од 21.10. – 29.10.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  599 евра   (37.140 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје

Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

Сместување во Moxy Barcelona 4*  на база 3 ноќевања со појадок http://skr.rs/zEOD

Организиран панорамски разглед на Барселона и посета на паркот Гуел со локален водич

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1230 мкд (се плаќа на лице место)

Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг,

*цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 9.900 мкд

Факултативни излети:

Влезница за Шпанско село – 25 евра

Влезница за Саграда Фамилија – 40евра

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Едно дете до 12години плаќа 519 евра во придружба на две возрасни лица се сместува на дополнително легло.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници.

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС.

Madrid, Spain cityscape at Calle de Alcala and Gran Via.

КРАЛСКИОТ МАДРИД

 

Авион / 4 дена/ 3 ноќевања

Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро… исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез … Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор,  Кралска палата и оружарницата… И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц…

 

1ден 04.12 Петок   СКОПЈЕ – МАДРИД

Состанок на групата на аеродрмот во Скопје 15.00 часот. Полетување за Мадрид во 17.15 часот и пристигнување во 21.10 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

 

2ден 05.12 Сабота  МАДРИД

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, преку познатиот парк Ретиро до еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Пауза за ручек, препорачуваме да ги пробате популарните тапаси или одберете некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

 

3ден 06.12 Недела МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Факултативна екскурзија: Толедо, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија, градот-музеј под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде имате прекрасна глетка кон градот. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид. Слободно попладне, вечер. Ноќевање.

 

4ден 07.12 Понеделник   МАДРИД– Скопје

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“.

Во вечерните часови трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21.55 и пристигнување во 01:25 часот.

 

 Попуст за ранa уплатa до 31.10 :    539 €  / 33.420мкд

и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице

 за резервации направени од 21.10. – 29.10.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  579 €  / 35.900 мкд

 

 

Цената вклучува:                                                                               

Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид – Скопје

Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг

Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром

Сместување во Хотел Сантос Прага 4* на база 3 ноќевања со појадок

Разглед на  Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палата

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

Доплата за чекиран багаж – една  инфо за цена 5 дена пред патување.

Карти за локален превоз (метро)

Патничко-здравствено осигурување

Туристичка такса 1250 денари

Доплата за еднокреветна соба 10.500 денари

 

Факултативни посети:

Факултативна целодневна посета  на Толедо со вклучен автобуски превоз, локален водич и влезницa за катедралата 95 евра

Индивидуални влезници: инфо во агенција за влез во

музеј Прадо, музеј Реина Софиа, стадионот Сантиаго Бернабе

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.

Дете од 2 до 12 години плаќа 509 евра.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ

                                                                                         

Lesser Town of Prague. View from opposite embankment of Vltava River, Praha, Czech Republic

                                                                                           

П Р А Г А

со посета на Дрезден

 Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

Прага, главниот град на Чешка, е еден од најубавите и најромантични градови во Европа. Позната како „Златниот град“, Прага плени со својата величествена архитектура, средновековните улички, историските плоштади и прекрасните мостови над реката Влтава.

Градот претставува совршен спој на богата историја, култура и романтична атмосфера. Прашкиот замок, Карловиот мост, Стариот градски плоштад и прочуениот астрономски часовник се само дел од знаменитостите што ја прават Прага една од најпосакуваните европски туристички дестинации. Во периодот пред Божиќ, градот блеска во празнично руво. Раскошните елки, илјадниците светилки, мирисот на варено вино и традиционалните чешки специјалитети создаваат незаборавна зимска атмосфера.

 

 

11 декември (петок)                               СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Прага со авиокомпанијата Wizz Air во 12:10 и слетување во 14:15 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во центарот на Прага со нашиот водич. Посета на прочуените божиќни базари. Стариот градски плоштад во овој период се претвора во вистинска зимска бајка, украсена со раскошна елка и илјадници празнични светилки. Ќе може да се прошета меѓу шарените дрвени куќички, да се ужива во мирисот на варено вино и традиционалните чешки специјалитети и да се изберат уникатни рачно изработени сувенири. Ноќевање.

 

12 декември (сабота)                              ДРЕЗДЕН

Појадок. Факултативно, целодневен излет во Дрезден, град кој поради своето културно значење и величествените барокни градби го нарекуваат „Германска Фиренца“. Препознатливата саксонска архитектура и богатството од прекрасни зданија сведочат за славното минато на некогашното Кралство Саксонија. Разглед на стариот дел од градот: дворскиот комплекс Цвингер, дом на значајни музеи и богати уметнички колекции, прекрасната барокна Богородична црква Фрауенкирхе, Кралската палата, во која се наоѓа познатиот музеј „Зелен трезор“, Августовиот мост и други знаменитости. Посета на познатиот Штрицелмаркт, еден од најстарите и најпознатите божиќни маркети во Германија, каде што многубројните празнично украсени штандови, традиционалните ракотворби, мирисот на божиќни колачи и топло варено вино, надополнети со раскошна илуминација и празнична музика, создаваат волшебна атмосфера во срцето на Дрезден. Враќање во Прага. Ноќевање.

 

13 декември (недела)                             ПРАГА

Појадок. Организирано разгледување на Прага во придружба на локален туристички водич. Ќе се видат Храдчани – еден од најголемите дворски комплекси во светот и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост, Мала Страна, Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад, астрономскиот часовник и плоштадот Вацлав. Карловиот мост е најстариот и најпознат мост во Прага и едно од главните обележја на градот. Тој го поврзува Стариот град со Мала Страна, сместена на спротивниот брег на реката Влтава.  Факултативно, крстарење по реката Влтава. За време на крстарењето ќе може да се ужива во погледот кон најпознатите градби, мостови и споменици на „Златниот град“. Можност повторно да почувствува празничната атмосфера на Прага и да се ужива во погледот кон осветлените градски улици и знаменитости. Ноќевање.

 

14 декември (понеделник)                   ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време следува организиран трансфер до аеродромот во Прага. Полетување за Скопје во 14:55 часот.

 

Попуст за ранa уплатa до 31.10 :    399 €  / 24.740мкд

и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице

 за резервации направени од 21.10. – 29.10.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 €  / 27.840 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Прага – Скопје;
  • Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел Olympik Congress 4* во Прага, на база три ноќевања со појадок;
  • Рачен багаж – една торба до 10 kg, со димензии 40 × 30 × 20 cm;
  • Организиран разглед на Прага со локален туристички водич;
  • Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

  • Туристичка такса, која се плаќа на рецепцијата во хотелот;
  • Факултативна целодневна посета на Дрезден и разглед со локален водич– 80 евра;
  • Факултативно крстарење по реката Влтава – од 20 до 25 евра;
  • Влезници за туристичките локалитети;
  • Билети за локален јавен превоз;
  • Патничко-здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба – 6.700 денари.

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ.

 

Union square and his old baroque facade, Timisoara, Timis County, Romania. Photo taken on 21st of April 2019.

                                                                                                               

                                                                                                         Темишвар, Арад и Ордеа

Темишвар во западна Романија е прогласен за европски град на културата во 2023 под мотото – Нека блесне вашата светлина! Тој е најголем град во Банат и исто така е наречен „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт. Различноста во градот се огледа и во градската архитектура. Во центарот се три поврзани плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона низ улиците поставени во форма на ѕвезда. Плоштадот на операта или Плоштад на победата, Катедралниот плоштад и Плоштадот на обединување или Плоштад Слобода.Од балконот на Операта во 1989 години е објавено ослободувањето од комунистичката диктатура.

Арад е град сместен на бреговите на реката Муреш. Арад е единствениот град во Романија што го делат две историски провинции во земјата Крисана и Банат. Градот ја следи својата историја до 11 век и се развил како главно трговско место за време на турската окупација, помеѓу 1551 и 1699 година. од страна на императорот Франциско I од Австрија. Денес,Арад е важен индустриски центар и транспортен центар,дом на два универзитета,романска православна теолошка семинарија, Институт за обука на наставници и музички конзерваториум.

Орадеа се наоѓа покрај двата брега на реката Кришул Репеде во рамките на западните граници на Романија. Под влијание на Австроунгарската империја, овој богат град е исполнет со згради со барок стил , карактеризирани со украсни фасади. Прошетајте по главната пешачка улица на градот, восхитувајќи се на раскошниот дизајн на зградите, тврдината на Орадеа, која датира од 12 век која е симбол на градот, со необичен пентагонален дизајн со аголни бастиони.
Пјаца Унири, еден од главните плоштади на Орадеа,  Месечева црква е дизајнирана во 19 век, црквата има црно-златен месечев механизам кој се движи во согласност со фазите на месечината.

1 ден 04.12.2026 (Петок ) Поаѓање Темишвар

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ден 05.12.2026 (Сабота) Темишвар

Пристигнување во Темишвар, организиран разглед со Локален водич на градот. Посетување на Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-кои е подарок од градот Рим. Разгледот продолжува по плоштадот Слобода  на кои е изградена Страта Градска куќа во  1734 година  во барок стил како и статуата на Дева Марија. Биста на Децебалус – последниот Дачки крал ,плоштадот на Единство каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас се дел од наследстовото на Темишвар. По завршување на разгледот и индивидулните активности поаѓање кон хотелот и сместување.

Во вечерните часови посета на божичниот базар на Темишвар и уживање во празничната магија.

Ноќевање.

 

3 ден 06.12.2026 (Недела)  Темишвер – Арад и Орадеа

Појадок. Факултативна посета на градот Арад или инидивидуално слободно време во Темишвар.

Пристигнување во Арад кој  се наоѓа во западниот дел на Романија и е град во регионот Кришана. Разглед со локален водич на Арад. Арад е град богат со архитектонско наследство, со неколку извонредни градби дизајнирани од талентираниот архитект Емил Табаковиќ. Ги посетуваме Малцинската црква, Палатата Арад (Дирекцијата на канадските железници), Палатата Најман, Трговското училиште, Индустриската – Народната банка, Палатата Фелдес и семејната куќа Табаковиќ. Покрај овие, Арад може да се пофали и со други архитектонски вредни знаменитости како што се Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот државен театар. Широкиот градски булевар на револуциите со дрвја е дом на многу од овие монументални градби, вклучувајќи ја и Црвената црква во неоготски/сецесионистички стил и Римокатоличката црква, што го прави Арад дестинација што мора да ја посетат љубителите на архитектурата.

 Се продолжува за Орадеа, разгледување на градот со водич: Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко католичка катедрала Свети Никола и православната црква Успение на Богородица, лоцирани на неколку десетици метри една од друга. Најубавата зграда на плоштадот е грандиозната Палата на црниот орел од 20 век. Наспроти палатата се наоѓа Градското собрание,со кула од 50м. Десно од театарот се наоѓа главната пешачка улица, која е дом на бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата,Унгарската баптистичка црква, Грчко-Католичкиот комплекс... Слободно време и увиванје во  Божичниот маркет во Орадеа  Вечерта враќање во Темишвар.Ноќевање.

4 ден 07.12.2026 (Понеделник)

Појадок и одјавување од хотелот. Можност за  посета на трговскиот  центар или факултативан посета на  Amazonia Aquapark – доколку сакате незаборавно искуство, не го пропуштајте овој комплекс. Во огромниот комплекс од 1000 м2, ве очекуваат 7 тобогани со висина од 25 м и вкупна должина од 310 м.
Подгответе се за максимална забава, дојдете и откријте ја „Зоната за прскање“, совршена за релаксација, или играчките за вода, погодни за сите возрасти. БАЗЕН ЗА РЕЛАКСАЦИЈА – во срцето на зелената оаза, сјаејќи под топлото сонце, се наоѓа базен од 500 квадратни метри (долг 25,4 метри, широк 13 метри, максимална длабочина 140 см) кој ве чека да поминете релаксирачки моменти со вашите најблиски. Овој агол од рајот овозможува постојано бегство од вревата и вревата на секојдневниот живот, претворајќи го секој ден во егзотична авантура полна со радост и спокојство.
Опкружени со бујна природа и прекрасни пејзажи, ќе бидете воодушевени од сонувачката атмосфера и ќе почувствувате дека времето го губи своето значење. Секое изгрејсонце и зајдисонце ја носи магијата на нов ден поминат во атмосфера на вечен одмор. Тука, секој момент е приказна сам по себе, а секоја насмевка станува дел од незаборавно сеќавањ.

Во пладневните  часови заминување за Македонија.

5 ден 08.12.2026 (Вторник)

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

Промо ЦЕНА – 149€ / 9.240 денари  

Редовна цена  – 189€/ 11.720 денари

Во цената на аранжманот  е вклучено:

•     Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

•    2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Темишвар,

•    Пешачки разглед со локален водич на Темишвар

•    Профисионален туристички придружник,

•    Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

•   Целодневен излет до  Арад  и Орадеа 50 евра (миниум 30 патници)

•   Превоз до Amazonia Aquapark  и билет за 4 часа престој   40 евра

•   Трансфер од градовите Гевгелија,Битола,Прилеп –10е во правец по лице (во договор со агенцијата)

•   Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

•   Туристичка такса 5 евра се плача во агенција

НАПОМЕНА:

•    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

•    Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;

•    Доплата за дополнително седиште 100 евра;

•    Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

•    Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

•    Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

•    Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

•    Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

За оваа патуваање важат општите услови за патување на МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ
Craiova, Dolj, Romania – May 14, 2022: Dolj County Prefecture and the administrative palace in Craiova City, Oltenia, Romania. The medieval festival Michael the Brave ( Mihai Viteazul ) takes place here on May 13-15, 2022

                                                                                       

                                                                                                            КРАЈОВА – БОЖИЌЕН МАРКЕТ 28.11.

 

Со посета на Видин и Ниш

Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.

Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Ден 1: 28.11.2026 (Сабота)

•   Поаѓање: Во раните утрински часови од Кавадарци, со можност за приклучување од Велес, Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

•   Видин: Пристигнување во Видин – град со богата историја, сместен на самиот брег на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“ (од 10 век), единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.

•   Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Видин, краток одмор и заминување кон Крајова.

•   Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија.

•   Прошетка низ паркот „Николае Романеску“ – зелен бисер со историја долга повеќе од еден век, познат по романтичниот замок, висечкиот мост и езерото.

•    Индивидуално  можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 2 часа) за љубителите на шопинг.

•   За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија.

•   Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во Видин. Ноќевање.

Ден 2: 29.11.2026 (Недела)

•   Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.

•   Видин: Слободно време за прошетка низ прекрасниот градски парк покрај Дунав или можност за индивидуална посета на културно-историските знаменитости: Крстената касарна, Турскиот конак (Регионален историски музеј) или катедралата „Свети Димитар“ – трета по големина црква во Бугарија.

•   Ниш: Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка.

•   Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.

 

                                                                                                       ЦЕНА: 109 евра (6760 ден.)

                                                                                    ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 99 евра (6140 ден.)

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

•   1 ноќевање со појадок во хотел во Видин;

•   Превоз со  туристички автобус на наведената релација;

•   Посета на Крајова, Видин и Ниш;

•   Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

•   Задолжително патничко здравствено осигурување;

•   Влезници за културно-историските споменици и атракции;

•   Доплата за еднокреветна соба;

•   Лични трошоци за време на патувањето.

 

 

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Aвионска програма Истанбул од 1001 ноќ 3НП

Од 399 € по лице

Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор, водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е  разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии… Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но “Виолетовата” година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја,  е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите… а магијата наречена Истанбул  ќе Ви ја доловат водичите на Нехар Травел.

ТЕРМИН: 04 Декември 2026

1 ден 04.12.2026 • Скопје – Истанбул

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 10:30ч. Пристигнување во Истанбул во 13:55ч. Трансфер на групата.

• Панорамски разглед на Европски Истанбул ( за група мин. 15 лица):

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот,  Египетскиот пазар…

• Таксим: плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

Попладне започнува  магијата на Истанбул.

Азиски Истанбул: Посета на Азиската страна на Истанбул.

• Кадиќој: Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби, колоритни улички полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, меани, пабови,цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

• Ускудар: едно од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула.

Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден 05.12.2026 • Истанбул

Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

• Долма Бахче Палата:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата.

• Крстарење по Босфор: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по Босфор со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) ,Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

• Отомаски и Византиски Истанбул: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква Аја Софија, индивидуално-можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем. Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија. Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување! Ноќевање.

3 ден 06.12.2026 • Истанбул

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети

• Пјер Лоти и заливот  Златен Рог: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

• Балат и Вселенската Патријаршија: Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќе ТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 07.12.2026 • Истанбул

Појадок.  Напуштање на собите. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 11: 10ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 10: 35ч.

 

                                        Цена на аранжманот: 399 €/ 24.740 ден.

 

Аранжманот вклучува

  • Авионски билет Скопје-Итсанбул-Скопје,
  • Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром,
  • Сместување во хотел 4*, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим (за група мин.15 лица),
  • Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.),
  • Професионален локален туристички водич (за група мин.15 лица),

 

Не е вклучено

  • Факултативни излети (за група мин.15 лица),
  • Крстарење по Босфор + Султан Ахмед плоштад – 60€,
  • Азиски Истанбул – 50€,
  • Долмабахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучен во влезницата) – 60€,
  • Пјер Лоти + Патријаршија + Балат – 45€,
  • Туристичка такса 8€ по лице за целиот престој(се плаќа во агенција),
  • Чекиран багаж до 12кг – 40€ по лице (пријавување при резервација)
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Доплата за еднокреветна соба: 3900 мкд,
View of the Vltava River and Charle bridge with red foliage, Prague, Czech Republic

Прага • Дрезден • Outlet Pardorff • Виена) – 2НП Christmas Market

Од 199 € по лице

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 04 Декември

1 ден  04.12.2026 • Скопје – Прага

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  05.12.2026 • Прага

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за мистично крстарење по Влтава. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  06.12.2026 Прага – Дрезден

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Познат како дом на најстариот Божиќен маркет во Германија, Дрезден во декември се претвора во вистинска празнична бајка. Градот е исполнет со илјадници светилки, мирис на печени бадеми, цимет и топло греено вино, создавајќи незаборавна атмосфера за сите посетители.

Во срцето на градот се одржува прочуениот Striezelmarkt, Божиќен маркет со повеќе од 500 години традиција. Тука ќе најдете прекрасни рачно изработени украси, дрвени сувенири од регионот Ерцгебирге, традиционални германски специјалитети и познатиот Dresdner Stollen – божиќен колач по кој Дрезден е светски познат. Прошетајте низ историскиот центар, восхитувајте се на величествената Црква Фрауенкирхе, Операта Земпер, палатата Цвингер и прекрасните барокни градби кои за време на Божиќ добиваат посебен празничен сјај.

Дрезден е една од најпосакуваните божиќни дестинации во Европа – град каде традицијата, празничната магија и германскиот шарм создаваат незаборавно зимско доживување за секој посетител. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Прага. Во декември, Прага се претвора во една од најромантичните божиќни дестинации во Европа. Калдрмисаните улици, историските плоштади и готските кули блескаат во празнично руво, додека мирисот на цимет, печени костени, традиционални чешки колачи и топло греено вино ја исполнува секоја улица.

Најпознатите Божиќни маркети на Стариот градски плоштад и Вацлавскиот плоштад се вистинска празнична бајка. Големата новогодишна елка, бројните дрвени куќички, рачно изработените сувенири, традиционалните украси и музичките настапи создаваат атмосфера што ќе ве воодушеви уште на првиот чекор. Прошетајте покрај величествениот Астрономски часовник, преминете преку романтичниот Карлов мост, уживајте во погледот кон осветлениот Прашки замок и откријте го шармот на еден од најубавите градови во Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден  07.12.2026 • Прага – Виена

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на Outlet Shopping Center Parndorf. Слободно време за шопинг 2,5 часа. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…  Слободно време во Виена. Во текот на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание и со право важи за една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштадите се украсени со илјадници светилки, а мирисот на печени костени, ванила, цимет и топло греено вино создава незаборавна празнична атмосфера.

Најпознатиот Божиќен маркет пред Градското собрание (Rathausplatz) е вистинска зимска бајка, со десетици дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални австриски специјалитети и празнични украси. Подеднакво волшебни се и маркетите кај палатата Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија, секој со своја уникатна атмосфера. Прошетајте низ раскошните улици на Виена, посетете ги величествените палати, уживајте во вкусот на познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како да оживеал од празнична разгледница.

Виена за време на Божиќните празници нуди совршен спој на традиција, елеганција и празнична магија – дестинација која ќе ве воодушеви со својата убавина и ќе ви подари незаборавни зимски моменти. Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден  08.12.2026 • Скопје

Предвидено пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.

Цена на аранжманот за резервации до 15.11.2026: 199€  /12.340 ден.

Редовна цена: 229€ (14.200 ден.)

 

Аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага (околина)
  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Посета на Виена и прошетка низ центарот на градот
  • Организација и водство на програмат

Не е вклучено

  • Задолжително патничко здравствено осигурување – 250 мкд
  • Туристичка такса (се плаќа во агенција) – 310 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 20€
  • Факултативна посета на Дрезден со локален водич – 55€
  • Крстарење со брод по Влтава – 25€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 90€ (Разглед на Прага со локален водич+посета на Дрезден + Крстарење со брод по Влтава)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден
  • Доплата за избор на седиште(при резервација) – 20€
Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)