Just one second...

 
BANSKO

ПРВИ МАЈ ВО БАНСКО

(со посета на САНДАНСКИ) 

(01.05.2026 – 03.05.2026)

 

 

Прв ден: 01.05.2026 година (петок) 

04.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 05.30 од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Банско. Се патува преку Струмица и граничниот премин Ново Село со попатни одмори. Пристигнување во Банско околу пладне. Сместување во хотелОТ „Belvedere Holiday Club“ 4**** во едноспални и двоспални апартмани (www.belvedereholidayclub.bg) . Слободно време за одмор и користење на внатрешниот базен и на спа центарот: сауна, парна бања, фитнес центар, џакузи. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 02.05.2026 година (сабота)

Појадок. Слободно време за прошетка низ Банско и за индивидуално разгледување на градот, како и за користење на внатрешниот базен и спа центарот во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 03.05.2026 година (недела)

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на групата кон Сандански. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска притиввредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

–  Превоз на наведената релација

–  Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Belvedere Holiday Club“ 4****  во Банско

– Користење на внатрешниот базен во хотелот

– Посета на Сандански

– Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: до 6 години бесплатно (немаат седиште во автобус); деца од 6 до 11,99 години плаќаат 70% од аранжманот

 

  

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Sunset view of the Dubai Marina and JBR area and the famous Ferris Wheel and golden sand beaches in the Persian Gulf. Holidays and vacations in the UAE

ДУБАИ | Hotel Novotel Dubai World Trade Centre 4* или ibis Dubai One Central 3*

27.11.2026 – 02.12.2026 (6 дена – 5 ноќи)

 

1 ден 27.11.2026      СКОПЈЕ – ДУБАИ  

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Полетување за Истанбул во 17:35 часот со лет PC 354. Слетување во Истанбул во 21:00 часот по локално време. Полетување за Дубаи во 23:00 часот локално време со лет PC 746. Слетување на аеродромот во Дубаи во 04:15 часот наредниот ден по локално време. Трансфер до хотел. Сместување во избраниот хотел со early check–in (вклучено во цената на аранжманот). Ноќевање.

2 ден 28.11.2026     ДУБАИ

Појадок. Слободен ден за одмор и рекалсација. Попладнето можност за факултативен излет. Ноќевање.
Предлог факултативи:

  • Вечерно крстарење со традиционален брод – Дубаи Марина со вклучена вечера (60 € по лице)

Двочасовно опуштено крстарење низ марината, опкружено со спектакуларниот вечерен амбиент, модерните облакодери и светлата на Дубаи. За време на пловидбата ќе уживате во богата вечера на база на отворена шведска маса, со разновидни јадења и безалкохолни пијалаци.

  • На врвот – Burj Khalifa 124 кат (само влезница 60 € normal hours/ 75 € prime hours 15:30-18:00 часот )
  • Dubai Frame
  • The Green Planet Dubai
  • Dubai Miracle Garden
  • Dubai Butterfly Garden
  • Global Village Dubai
  • AYA Universe Dubai
  • House of Hype Dubai
  • Dubai Dolphinarium

 

3 ден 29.11.2026   ДУБАИ – ПОЛУДНЕВЕН РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ

со водич на англиски јазик ( факултативен излет – 50 € по лице )

Појадок. Подгответе се за незаборавно запознавање со Дубаи – градот каде традицијата, луксузот и футуристичката архитектура се среќаваат на едно место. Најпрво ги посетуваме Spice Souq и Gold Souq, каде ќе ја почувствуваме автентичната атмосфера на стариот Дубаи, со мириси на ориентални зачини и блесокот на златото. Продолжуваме покрај Port Rashid и Etihad Museum, а следува фото-пауза кај прекрасната Jumeirah Mosque. Возејќи по Jumeirah Road, стигнуваме до Jumeirah Beach, каде ќе уживаме во погледот кон морето и ќе направиме незаборавни фотографии со Burj Al Arab во позадина. Продолжуваме покрај Al Qasr Palace и Ruler’s Palace, а потоа влегуваме во спектакуларниот свет на Palm Jumeirah, познатиот вештачки остров во форма на палма. Нашето разгледување продолжува по Sheikh Zayed Road, со панорамски разглед кон впечатливите облакодери, Mall of the Emirates, Burj Khalifa највисоката зграда во светот, и футуристичкиот Museum of the Future, по што поминуваме покрај World Trade Centre. Разгледот завршува со панорамски разглед на Dubai Frame, впечатливата златна рамка која симболично ги поврзува стариот и модерниот Дубаи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

 

4 ден 30.11.2026    ДУБАИ – Dubai Desert Safari со BBQ вечера ( вклучено во цената на аранжманот )

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Попладнето оранизирана ескурзија Dubai Desert Safari со BBQ вечера (вклучено во цената на аранжманот) со 4×4 возило, во споделена група. По пристигнувањето во пустината нè очекува возбудливо dune bashing – адреналинско возење преку златните пустински дини, проследено со пауза за фотографирање и уживање во зајдисонцето над пустината. По пустинската авантура продолжуваме кон традиционалниот пустински камп, каде ќе имате можност за кратко јавање камила и опуштање во автентична арапска атмосфера. Вечерта е збогатена со атрактивна програма во живо, вклучувајќи стомачен танц (Belly Dance), Tanoura и Fire Show. За крај ве очекува богата BBQ вечера на база на шведска маса, со разновидни јадења и безалкохолни пијалаци. По вечерата следува трансфер назад кон хотелот. Ноќевање.

5 ден 01.12.2026   ДУБАИ – АБУ ДАБИ Целодневна градска тура ( факултативен излет – 70 € по лице )

Појадок. По појадокот подгответе се за целодневно откривање на главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Нашата прва станица е величествената Sheikh Zayed Grand Mosque, една од најимпресивните џамии во светот, позната по својата раскошна архитектура, бел мермер и прекрасни детали. Потоа продолжуваме кон BAPS Hindu Mandir, впечатлив хинду храм и симбол на културната разновидност на градот. Следува посета на Art Gallery Museum. Продолжуваме со возење покрај Al Bateen Presidential Palace. Панорамски поглед кон палатата на Неговото Височество од автобус. Пауза за фотографирање кај величествениот Emirates Palace Mandarin Oriental, еден од најпознатите симболи на луксузот во Абу Даби. Нашето разгледување продолжува кон Marina Mall, каде ќе имате слободно време за шопинг. По паузата продолжуваме низ Saadiyat Island, познат по своите културни знаменитости и прекрасното крајбрежје, а потоа возиме по Corniche, прочуеното крајбрежно шеталиште со прекрасни погледи кон градот и Арапскиот Залив. Следува посета на Heritage Village, каде ќе се запознаеме со традиционалниот начин на живот и културното наследство на Емиратите. Потоа правиме кратка пауза на Date Market, каде ќе имате можност да ги разгледате и купите познатите урми и традиционални производи. За крај продолжуваме со возење кон Yas Island, еден од најпознатите забавни и туристички центри на Абу Даби. Турата ја завршуваме со пауза за фотографирање кај Ferrari World Abu Dhabi, препознатливиот тематски парк и една од најпознатите атракции на островот. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 02.12.2026   ДУБАИ – СКОПЈЕ

Одјавување од хотелот во раните утрински часови. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Полетување за Истанбул во 07:20 часот по локално време со лет PC 749. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 11:20 часот по локално време. Полетување за Скопје во 17:15 часот локално време со лет PC 353. Слетување на аеродромот во Скопје во 16:40 часот.

 

ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА ПРВИТЕ ПРИЈАВЕНИ

Хотел Услуга Цена по лице Доплата за
3-то лице
дополнително легло
Доплата за дете
(3 – 11 год)
без легло
Доплата за бебе (0 – 1,99)
без легло
ibis Dubai One Central 3* Ноќевање со појадок 655 € / / 220 €
Novotel Dubai World Trade Centre 4* Ноќевање со појадок 715 € 699 € 499 € 220 €


Детали за летот:

PC 354  27NOV  SKP-SAW 17:35-21:00 / PC 746  27NOV  SAW-SHJ 23:00-04:15+1

PC 749  02DEC  SHJ-SAW 07:20-11:20 / PC 353  02DEC  SAW-SKP 17:15-16:40


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билети на релација Скопје – Sharjah – Скопје со Pegasus Airlines
  • Рачен багаж до 8кг и чекиран 20 кг багаж по лице
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродромот
  • Early check–in во избраниот хотел
  • 5 x ноќевања со појадок во избранот хотел со 3★ или 4★ во стандардни соби
  • Dubai Desert Safari со BBQ вечера
  • Организација и реализација на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Факулативни излети и останати индивидуални трошоци и индивидуални посети
  • Туристичка такса која се плаќа директно на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 € по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).

 

 

НАПОМЕНИ:

– Потребна е целосна уплата при резервација , која е без право на промена на име или отказ.
– Задолжително е поседување на валиден пасош со минимум 6 месеци од денот на враќањето.

– Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.

– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови, места и саатници

– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Метрополитен Травел и СКТМ.

Eiffel Tower or Tour Eiffel aerial view, is a wrought iron lattice tower on the Champ de Mars in Paris, France

ПАРИЗ

Градот на светлината и љубовта

Авион /4 дена /3 ноќевања

Сместен на бреговите на реката Сена, Париз со право ја носи титулата еден од најубавите и најромантичните градови во светот. Град со богата историја, бесценето културно наследство и огромно влијание врз уметноста, модата, архитектурата, дизајнот и гастрономијата. Замислете утрото со мирис на свеж кроасан и кафе во некое од шармантните париски кафулиња, денот продолжува со прошетка покрај Сена и незаборавни погледи кон величествената Ајфелова кула, задолжителни фотографии покрај Триумфалната капија, прошетка низ прочуените париски улици и запознавање со безвременските знаменитости како Нотр Дам и Монмартр… И кога ќе се спушти вечерта, Париз добива сосема поинаков сјај – светлата, музиката и неповторливата атмосфера го прават градот уште помагичен, а легендарниот Мулен Руж е еден од главните симболи.
За оние кои сакаат барем на еден ден да се вратат во светот на детството, тука е Дизниленд Париз – место каде фантазијата оживува. Волшебни замоци, спектакуларни претстави, паради, атракции, огномети и омилените Дизни ликови создаваат доживување кое подеднакво ги воодушевува децата, тинејџерите и возрасните.

 

1 ДЕН – 26.11 | СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ШАНЗЕЛИЗЕ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Париз во 13:00 часот, со предвидено пристигнување во 16:05 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот, сместување и кратко време за одмор. Во вечерните часови започнуваме со првото запознавање со магијата на Париз. Предвидена е пешачка прошетка до величествената Триумфална капија, еден од најпрепознатливите симболи на француската престолнина, а потоа продолжуваме по прочуените Елисејски полиња – Шанзелизе, една од најпознатите и најубавите авении во светот. Следува слободно време за прошетка, фотографирање и уживање во неповторливата париска атмосфера, со можност за посета на некое од бројните кафулиња, ресторани и локали долж авенијата. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

 

2 ДЕН – 27.11 | ПАРИЗ – ЛУВР – ЛАТИНСКИ КВАРТ ИЛИ ДИЗНИЛЕНД

Појадок во хотел. За оние кои ќе го поминат денот во Париз, продолжуваме со прошетка и запознавање со некои од најпознатите знаменитости на француската престолнина. Посета на плоштадот Конкорд, по што продолжуваме кон еден од најпознатите музеи во светот – Лувр. Предвидено е слободно време за фотографирање, кафе или ужина, а љубителите на уметноста имаат можност индивидуално да го посетат музејот и неговата непроценлива колекција на уметнички дела, меѓу кои и славната Мона Лиза на Леонардо да Винчи. Продолжуваме кон живописниот Латински кварт и квартот Сен Мишел, препознатливи по својата боемска атмосфера, шармантните улички, кафулиња и ресторани. Во продолжение е предвидена прошетка покрај Луксембуршката градина, катедралата Нотр Дам и други препознатливи париски знаменитости. Во текот на денот можност и за посета на прекрасната Опера Гарние, еден од највпечатливите архитектонски бисери на Париз. Слободна вечер за индивидуални активности и уживање во градот. Враќање во хотел во индивидуална организација. Ноќевање.
ИЛИ
Можност за факултативна посета на Дизниленд Париз, со превоз со брз воз. Ден исполнет со магија, забава и незаборавни доживувања за посетители од сите генерации. Комплексот нуди тематски паркови со бројни атракции, спектакли и средби со омилените Дизни ликови, како и голема шопинг и забавна зона со продавници, бутици, ресторани и кафулиња. Слободно време за индивидуално уживање во атракциите и содржините на паркот. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

 

3 ДЕН – 28.11 |  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – СЕНА – АЈФЕЛОВА КУЛА

Појадок во хотел. Можност за факултативна посета на величествениот дворец Версај, до кој се пристигнува со јавен превоз. Некогашната резиденција на француските кралеви претставува едно од најзначајните ремек-дела на француската архитектура и еден од најраскошните дворски комплекси во Европа. Следува разгледување на импозантните кралски апартмани и прочуената Сала со огледала, каде и денес може да се почувствува раскошот и величественоста на некогашниот француски двор. По посетата е предвидено слободно време за одмор и ручек, по што се враќаме во централниот дел на Париз. Во попладневните часови препорачуваме романтично крстарење по реката Сена – прекрасна можност Париз да се доживее од една сосема поинаква перспектива, со поглед кон неговите најпознати знаменитости и прекрасните мостови што ја премостуваат реката. По крстарењето препорачуваме посета на најпознатиот симбол на градот – Ајфеловата кула, со можност за искачување и уживање во незаборавната панорамска глетка кон Париз. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

 

4 ДЕН – 29.11 | ПАРИЗ – МОНМАРТР – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Последното париско утро го резервираме за еден од најромантичните и најживописните делови на градот – Монмартр, познатиот кварт на уметниците, кој со своите тесни улички, мали плоштади и препознатлива боемска атмосфера со децении ги инспирира уметниците од целиот свет. Следува прошетка низ Монмартр и квартот Пигал, познат по својата динамична атмосфера и бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Moulin Rouge. По прошетката следува враќање и подготовка за заминување. Организиран трансфер до аеродромот околу 12:00 часот. Полетување за Скопје во 14:55 часот, со предвидено пристигнување во 17:40 часот.

 

попуст за ранa уплатa до 31.10:   479 €  / 29.700 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               529 €  / 32.800 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Сместување во Hotel Ibis Paris Clichy 17 Clichy Batignolles 3*
       во Париз на база 3 ноќевања со појадок.
Организиран пешачки разглед на Париз според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 1.200мкд  – се плаќа во агенција
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.700мкд

Цена на влезници:
Версај  –  влезница за возрасни 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Лувр –  влезница за возрасни 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
*Напомена – влезниците за Лувр и Версај се индивидуални, без придружба на локален водич,
за аудиоводич се доплатува 8 евра.
Крстарење по Сена – 25 евра за возрасни, за деца до 12 години 15 евра.
Дизниленд –  влезница само за забавниот парк (1 парк),  за возрасни 90евра, за деца 3 – 11 години  85евра. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во двата правец.

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
Дете до 2 години полаќаат 4.900мкд,
дете 2-12години плаќаат 449евра во придружба на 2 ворасни лица.
Фамилии со 2 деца мора да бидат сместени во 2 двокреветни соби.

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
При откажување на аранжманот, доколку согласно условите не се применуваат пенали за отказ, се наплатува единствено манипулативен трошок во износ од 620 денари по резервација. Истиот манипулативен трошок од 620 денари по резервација се наплатува и при секоја промена на веќе направена резервација.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС.

 

                                                                                                 

View of Colosseum in Rome and morning sun, Italy, Europe.

Вечниот град –  РИМ

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

 

1ден 21.11 Сабота                      СКОПЈЕ – РИМ                                         

Состанок на групата на аеродром во 15.00 часот. Лет за Рим во 17:10 часот. Слетување во Рим во 18.55 часот. Организиран трасфер до хотел од аеродромот Фиомичино… Ноќевање.

 

2ден 22.11 Недела                                    РИМ 

Појадок.  Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуот, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција…. Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим… Слободно попладне. 

Препорачуваме – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки, прошетка по мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.  

 

3ден 23.11 Понеделник                            РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Вечерта, препорачуваме посета на боемскиот кварт Трастевере, вистинската слика за наќниот живот во Рим, со безброј мали ресторанчиња и вкусна италијанска храна… враќање во хотел со локален превоз.  Ноќевање.

 

4ден 24.11 Вторник                  РИМ – Ватикан – СКОПЈЕ 

Појадок.  Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16:20 часот. Пристигнување во Скопје во 18:05 часот.

 

 

 

попуст за ранa уплатa до 31.10:    479 €  / 29.700мкд

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  529 €  / 32.800 мкд

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер

Аеродромски такси

Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во хотел Раели групација 3* со локација на Термини база 3 ноќевања со појадок

Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич

Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1240 мкд (се плаќа во агенција)      

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 5.900 денари

 

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница 75 евра

задолжително пријавување и уплата во агенција, бројот на влезници во група е ограничен.  

Посета на Тиволи со локален водич и влезница 70 евра

задолжително пријавување и уплата во агенција

Разглед на РИМ –  20 евра

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

Дете од 2 до 12 год. плаќа 449 евра.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС.

 

Early morning sky, Taj Mahal, India

ЗЛАТНИОТ ТРИАГОЛНИК НА ИНДИЈА СО ДИВАЛИ-ФЕСТИВАЛОТ НА СВЕТЛИНАТА

ДЕЛХИ-АГРА-ЏАЈПУР 

(03.11.2026-11.11.2026)

Хаотична и мирна, традиционална и модерна, сиромашна и богата-Индија е многу повеќе од обична туристичка дестинација. Во неа е споено се` што е неспоиво: традицијата, модерната архитектура, хаосот и хармонијата, сиромаштвото и раскошот… Индија е земја на чудата-од свети градови до единствени кралевски палати… тоа е искуство што ќе го смени нашиот начин на размислување!

Прв ден: 03.11.2026 (вторник)–Скопје-Истанбул-Делхи

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Истанбул во 09.15 часот, слетување во 12:50 часот по локално време. Летот за Делхи е во 20.50 часот.

 

 

Втор ден: 04.11.2026 (среда)– Делхи

 

Пристигнување во Делхи во 05.20 часот по локално време. Организиран трансфер до хотелот Crowne Plaza New Delhi Okhla 5*, или хотел од иста категорија. Појадок, а потоа го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на организиран разглед на главниот град на Индија. Делхи е еден од најголемите градови во светот но истовремено и еден од најстарите, со преку 1500 историски споменици од различни периоди, бидејќи градот бил граден и доградуван од повеќе владетели и империи. Одиме директно во стариот дел на Делхи, каде што најпрво ќе ја посетиме џамијата Jama Masјid, една од најголемите џамии во Индија која до 1857 година служела како императорска џамија. Изградена во индо-исламски стил, Jama Masjid е еден од најзначајните културни споменици во Делхи. Оттаму тргнуваме во истражување на Chandni Chowk, еден од најстарите и најголемите пазари во Делхи. Изграден во 1650 година од страна на императорот Shah Jahan, овој пазар има илјадници продавници. Хаосот и шармот на Chandni Chowk ќе го откриеме возејќи се со рикши, традиционалното индиско превозно средство. Денот го завршуваме со организирана вечера во локален ресторан. Сместување во хотелот и слободно време за одмор од патувањето и користење на СПА центарот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 05.11.2026 (четврток)- Делхи

 

Појадок, а потоа се упатуваме кон новиот дел од Делхи, во кој широките авении и грандиозната архитектура ќе ни ги покажат големите контрасти на овој град со 34 милиони жители. Њу Делхи е една од 11-те провинции на Делхи,  изграден од Британците, а денес седиште на Индиската Влада. Тука ќе го посетиме Humayun’s Tomb – огромен мавзолеј на Мугалскиот император Humayun, нарачан и финансиран од неговата сопруга. Како прва ваква гробница на Индискиот супконтинент, претставува претходник на познатиот Таџ Махал и е под заштита на УНЕСКО од 1993 година. Оттаму се упатуваме кон Gurudwara Bangla Sahib, еден од најзначајните храмови на Сикизмот во Индија. “Гурдвара” претставува вид на храм кој буквално значи „Дом на гуру”, а овој е посветен на осмиот од десетте гуруа – основоположници на Сикизмот како религија. Програмата ја завршуваме со посета на Qutub Minar, споменик кој истовремено претставува и минаре и кула на победата. 72-метарската црвена кула е изградена во 12-от век, за време на Делхискиот султанат, и денес претставува еден од најзначајните историски споменици во Делхи. До крајот на денот, слободно време за индивидуални активности и користење на СПА центарот во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 06.11.2026 (петок)- Делхи–Агра

 

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Агра, град во Индиската покраина Uttar Pradesh кој е најпознат како дом на Таџ Махал. Агра бил главен град и центар на моќта на Мугалската империја, која владеела со денешна Индија повеќе од 300 години. Се сместуваме во хотелот Grand Mercure Agra 5*, или друг хотел од иста категорија. Краток одмор од патувањето, а потоа ја посетуваме Agra Fort – историска тврдина на моќната Мугалска династија и местото каде што во 1530 година бил крунисан императорот Humayun. Тврдината е всушност цел град опколен со ѕидини, и во неа ќе можеме да прошетаме низ импресивни палати, дворови и кули. Отааму ќе се упатиме кон градините Mehtab Bagh, кои се совршено позиционирани спроти Таџ Махал, и од каде може да се ужива во најубавиот поглед на овој споменик. Денот го завршуваме со организирана вечера во локален ресторан. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 07.11.2026 (сабота)- Агра-Џајпур

 

Рано утрото одиме во посета на еден од најпознатите светски споменици – Таџ Махал. Изграден во 17-ти век од мугалскиот император Shah Jahan како гробница за неговата сакана сопруга, Таџ Махал е ремек-дело на светската архитектура, извајан од беспрекорен бел мермер и сместен во совршено симетрична градина. Покрај визуелната совршеност, Таџ Махал ги отелотворува длабоките идеи во индиската филозофија за рајот, рамнотежата и сеќавањето. Околу 20 илјади работници од цела Индија биле ангажирани во изградбата на овој монументален објект. По враќањето имаме доручек во хотелот, а потоа се одјавуваме и се упатуваме кон Џајпур, живиот “Розов град” на Раџастан. По патот застануваме во посета на Fatehpur Sikri, совршено зачуван историски град од 16ти век. Основан како главен град на Мугалската империја, Fatehpur Sikri своевремено бил центар на политичката моќ и архитектонски израз на империјалната визија. Напуштен по само неколку децении поради недостаток на извори на вода, Fatehpur Sikri денес стои како необичен и импозантен споменик, симбол на амбицијата и кршливоста на империјата. Организиран ручек, а потоа продолжуваме со патувањето кон Џајпур. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотелот Holiday Inn Jaipur City Centre 5*, или во друг хотел од иста категорија. Слободно време за одмор од патувањето и користење на СПА центарот во хотелот. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 08.11.2026 (недела)- Џајпур

 

Појадок, а потоа одиме во откривање на Џајпур, главниот и најголем град на Индиската Сојузна Држава Раџастан. Посета на Amber Fort, величествена тврдина, ремек-дело на раџпутската архитектура. Тврдината е град со површина од 4 квадратни километри, изграден од црвен камен и бел мермер и преполн со прекрасно украсени сали и дворови. По пат ќе застанеме да ја погледнеме и Hawa Mahal, познатата црвена палата со безброј мали прозорци и балкони кои наликуваат на саќе. Попладнето имаме време кратко да одмориме во хотелот, пред да се упатиме во домовите на локални семејства каде што ќе имаме уникатна можност да присуствуваме на интимна прослава на Дивали, еден од најголемите хиндуски фестивали кој ја симболизира победата на доброто над злото, светлината над мракот, и знаењето над игнорантноста. Во семејствата ќе не` пречекаат во традиционален дом осветлен со маслени ламби, свеќи и сложени дизајни на ранголи – форма на традиционална индиска уметност. Вечерта започнува со молитви во семејното светилиште, по што следува палење дија (традиционални маслени ламби) за да се одбележи триумфот на светлината и да се покани просперитет за годината што претстои. Ова искуство ќе ни овозможи да ги споделиме празничните моменти со нашите домаќини, додека тие со нас споделуваат традиционални слатки и приказни за значењето на Дивали низ генерациите. Ќе имаме можност заедно со членовите на семејството да учествуваме во подготовка на традиционални закуски и десерти, по што следи празничната вечера. Како што ноќта се продлабочува, ќе можеме да уживаме во нежниот сјај на огнометите во далечината, кои ќе внесат топлина и автентична блискост на ова незаборавно културно искуство. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 09.11.2026 (понеделник)- Џајпур

 

Појадок. Продолжуваме со истражување на знаменитостите на  Џајпур, кој меѓу другото е и првиот плански изграден град во Индија, и град кој се уште има свој Махараџа – историска кралска титула во Индија која иако денес нема формално значење, сеуште претставува статусен симбол за неколку ројални семејства во земјата. Ја посетуваме градската палата која се наоѓа во срцето на стариот град и го одразува континуираното наследство на владетелите на Џајпур и рафинираната дворска култура на Раџастан. Мешавина од раџпутски, моголски и европски влијанија, комплексот на палатата вклучува церемонијални дворови, сали за посетители и музејски галерии кои нудат увид во кралскиот живот, управувањето и занаетчиството. Во непосредна близина на палатата се наоѓа Jantar Mantar, историската астрономска опсерваторија на Џајпур и место на светското наследство на УНЕСКО, каде што во 18-ти век биле изградени монументални камени инструменти за мерење на времето, следење на движењата на небесните тела и набљудување на затемнувањата со извонредна прецизност. Заедно, Градската Палата и опсерваторијата го откриваат Џајпур не само како кралска престолнина, туку и како центар на научни истражувања и просветлено владеење. Организирана вечера во локален ресторан, а до крајот на денот слободно време за прошетка низ живите пазари во стариот град, каде шарените тезги со текстил, накит, ракотворби и зачини ги исполнуваат улиците со енергија и шарм. Ноќевање.

 

 

Осми ден: 10.11.2026 (вторник)- Џајпур-Делхи

 

Појадок, а потоа се одјавуваме од хотелот и одиме во откривање на креативната страна на Џајпур, преку посета на традиционалните уметнички работилници во Sanganer, каде што занаетчиите ги демонстрираат вековните занаети на печатење и сина грнчарија. Тргнуваме кон Делхи, а по пат ќе имаме можност да уживаме во пејзажите на Rajasthan и Uttar Pradesh. Сместување во хотелот Crowne Plaza New Delhi Okhla 5*, или хотел од иста категорија. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Деветти ден: 11.11.2026 (среда)-Делхи-Истанбул-Скопје

 

Одјавување и организиран трансфер до аеродромот во Делхи. Полетување кон Истанбул во 07.00 часот, слетување во 11.35 по локално време. Поаѓање за Скопје во 20.15 часот, слетување во 19.45 по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 22.05.2026…..2100 евра (130.200 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………2200 евра (136.400 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Делхи-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок во хотел во Делхи

• 1 ноќевање со појадок во хотел во Агра

• 3 ноќевања со појадок во хотел во Џајпур

• 1 ручек и 4 вечери

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер

• Приватна прослава на Дивали со локално семејство

• Лиценциран локален туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

• Туристичка такса

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 500 евра

• Виза за Индија и услуга за визирање – 50 евра

• Бакшиши за локални водичи и возачи

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 500 евра (31.000 денари) најдоцна до 22.05.2026. Втора рата до 22.06.2026, трета рата до 22.07.2026. Целосна доплата на аранжманот до 22.09.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Beautiful colorful cityscape on the mountains over Mediterranean sea, Europe, Cinque Terre, traditional Italian architecture
Dolomites alps, Mountain - Val di Funes
Split  bay aerial view through stone window, Dalmatia, Croatia
TOSCANA 1

Фиренца-Чинкве Тере  (Болоња -Монтекатини- Пиза- Сиена- Сан Џимињано )

Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 01 Мај

(Тоскана ) Фиренца-Чинкве Тере  3НП (Болоња – Пиза- Сиена- Сан Џимињано – Outlet Shoping Center Barberino)

 

1 ден   01.05.2026 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

 

2 ден   02.05.2026 Болоња – Монтекатини 

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки, можност за искачување до Монтекатини Алто со автентичен Фуникулар од 19 век. Ноќевање.

 

3 ден  03.05.2026  Монтекатини- Cinque Terre- Пиза -Монтекатини

Појадок.После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.  Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

 

4 ден  04.05.2026  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.

 

5 ден  05.05.2026 Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити… По посетата на Фиренца Ве водиме во Outlet Shoping Centar Barberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6 ден  06.05.2026 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 16.04. 2025: 199€/ 12.340ден.

РЕДОВНА ЦЕНАНААРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високотуристички автобусна дадената релација

  • Сместување во хотел 3* на база 3НП  во   Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Посета на Outlet Shoping Center Barberino
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна Пиза – 60€
  • Посета на Сиена, Сан Џимињано  (трансфер,  водич) – 55€
  • Задолжителна посета на Фиренца *(се плаќа во агенција)- 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Патничко здравствено осигурување(без франшиза)- 300 ден
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • ПРОМО цената е важечка со резервација на сите излети
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

Sand beach beneath the colorful old town Menton on french Riviera, France

Азурен Брег 3НП (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард – Монако-Монте Карло) – 01-ви Мај

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата..
.

Термин 01 Мaj

1 ДЕН 01.05.2026 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  02.05.2026 НИЦА

Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег – Ница.  Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање.

 03 ДЕН 03.05.2026  СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО

По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата…    Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 04 ДЕН 04.05.2026  АНТИБ  -КАН :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб… Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)… а потоа   Продолжуваме со прошеткам и  запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината….  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање.

 

05 ДЕН 05.05.2026 ЕЗ – МОНАКО  – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 06.05.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 16.04.2026: 269 € / 16.680 ден 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  299 € / 18.540 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Ница / Кан , на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •  Посета на Ст. Тропе (50€)
  •  Посета на Ница и Антиб(60€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (50€)

 

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ  Азурен брег – 140€

  •  Задолжителна посета на Монако последниот ден (40€)
  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

20260902_174325 kaja

МАДРИД

 

МАДРИД 13.11-16.11.2026.    .                                                                                                          (4 дена – 3 ноќевања)

Главниот град на Шпанија се наоѓа во срцето на Пиринејскиот Полуостров, помеѓу Атлантикот на север, Средоземното Море на југ, Португалија на запад и Каталонија на исток. Економското и културното средиште на државата изобилува со величествени градби (Кралската палата, Edificio España, Metropolis и Telefonica, Palacio de Cristal), широки булевари (Alcala, Gran Via) и грандиозни плоштади (Plaza Mayor, Puerta del Sol, Cibeles, Neptuno, Colon), како и преубави паркови (од кои најголем и најпопуларен е Retiro), богати музеи (Prado, Reina Sofia, Thyssen-Bornemisza). Тука се наоѓа и стадионот на најтрофејниот фудбалски клуб. Градот се издвојува и со исклучително разновидна гастрономска понуда (од префинети ресторани до локални тапас барови) и содржаен ноќен живот. Мадрид е еден од оние градови каде што нагласено се судираат традиционалното и модерното.

 

Програма на патувањето:

  1. ден (Петок, 13.11.2026) СКОПЈЕ – МАДРИД

Состанок на групата во 15.00 часот и Чек-ирaње на патниците на аеродромот во Скопје, два часа и 30 минути порано во однос на времето на полетување. Предвидено полетување на авионот за Мадрид во попладневните часови 17.15 часот (лет со компанијата Wizz Air ). Слетање во Мадрид во 21.10 часот. По завршување на формалностите на аеродромот, трансфер и  сместување во хотелот.Ноќевање

  1. ден (Сабота, 14.11.2026) – МАДРИД (Цена 35€)

Појадок.Пешачка тура низ градот Мадрид придружувана од водич. Средбата на групата на плоштадот Пуерта дел Сол, потоа на Плаза Мајор (каде што се одржаа првите кориди во Мадрид и други важни настани), пазарот “Меркадо де Сан Мигел”, најстариот ресторан во градот “Ботин”, улицата Мајор (каде што се случи првото масовно атентат во историјата на Шпанија). Продолжете ја турата до катедралата во Алмуден, Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа) и споменикот на Филип IV. Турнејата завршува во Кралската опера и индивидуално се враќа во хотелот..

  1. Ден (Недела, 15.11.2026.) МАДРИД-ТОЛЕДО (Цена 80€);

Појадок. По појадокот, слободен ден за индивидуални активности или одење на екскурзија до Толедо. Едночасовна возење до Толедо, срцето на Кастилја, регија позната по жолтите полиња со пченица, самотните замоци, виноградите, плантажите со шафран, ветерниците и родниот крај на Дон Кихот. Доаѓање во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја. Изграден е на рид на чиј подножје тече реката Тахо (најдолгата река на Иберијскиот Полуостров, која поминува и низ цела Португалија). Панорама на европските метрополи од видиковец на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ старото јадро на градот кое е карактеристично по многубројните згради што спаѓаат во најубавите примери на маварска и средновековна архитектура на Шпанија, но и по градот познат по производство на марципан. Разгледување на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV, разгледување на олтарот и ризницата каде се наоѓаат платната на Ел Греко и апостолотите. Враќање во Мадрид. Ноќевање.

 

4-ти ден (Понеделник, 16.11.2026.) МАДРИД-СКОПЈЕ

Појадок. Кралска палата (Palacio Real de Madrid)
Започнуваме со посета на најголемата кралска палата во Западна Европа. Импресивната резиденција на шпанското кралско семејство воодушевува со својата барокна архитектура, раскошни сали, троновата сала и богато украсените ентериери. Од плоштадот пред палатата се отвора прекрасен поглед кон градините и околината.

Музеј Прадо (Museo del Prado) Цена 20€
Продолжуваме кон еден од најзначајните музеи во светот. Прадо е дом на ремек-дела од Веласкез, Гоја, Ел Греко и Рубенс. Ќе имаме можност да се запознаеме со златната ера на шпанската уметност и најпознатите слики кои ја одбележале европската историја.

Музеј Реина Софија (Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofía) Цена 15€
Во близина на Прадо се наоѓа и музејот Реина Софија — центар на модерната и современата уметност. Тука се чува едно од најпознатите дела во светот, „Герника“ од Пабло Пикасо, како и колекции од Дали и Миро. Посетата нуди поинаква перспектива на шпанската уметност, од класика до авангарда.

Плоштадот Еспанија (Plaza de España)
Прошетката ја продолжуваме кон еден од највеличествените плоштади во Мадрид, каде зеленилото и фонтаните создаваат пријатна атмосфера за одмор и фотографии.

Споменикот на Мигел де Сервантес
Во центарот на плоштадот се наоѓа монументалниот споменик на славниот шпански писател, придружен од неговите легендарни ликови Дон Кихот и Санчо Панса. Кратка приказна за шпанската литература и симболиката на делото кое ја одбележа светската книжевност ќе ја заокружи нашата културна тура.

– Враќање во хотел и организиран приватен транспорт до Аеродромот во Мадрид.Полетување од Мадрид во 21:25 часот.Слетување во Скопје во 00:50 часот

 

                                                                                Попуст за ранa уплатa до 31.09:  489 €  / 30.320 мкд

                                                                                     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  529 €  / 32.800 мкд

 

Пакет цена за сите факултативи 130€ 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид – Скопје
  • Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг
  • Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром
  • Сместување во Хотел * на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на  Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Доплата за чекиран багаж –   инфо за цена 5 дена пред патување.
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Туристичка такса
  • Доплата за еднокреветна соба 5.000 денари

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.
  • Дете од 2 до 12 години имаат попуст од 10% од цената за возрасен.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ ДОО

 

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)