Just one second...

 
Boats in Bugibba bay, Malta

Малта

5 дена / 4 ноќевања со појадок / авион /28 декември – 01 јануари 2027

Програмата е креирана: 08.10.2026

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

Главниот град на Малта, Валета, нуди спектакуларни новогодишни прослави. Плоштадот на Републиката и Св.Џорџ е центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. Тука е и Светилникот на островот Гозо: Романтичен дочек под ѕвездите. Островот Гозо, дел од малтешкиот архипелаг, нуди романтично добредојде на Новата година. Светилникот на островот Гозо е омилено место за средба на полноќ на паровите и љубовниците под ведрото медитеранско небо. Огнометот од блиските острови додава магија на овој момент. Традиционални малтешки новогодишни јадења – Малтешката кујна нуди вкусни новогодишни специјалитети. За оваа празнична ноќ често се подготвуваат јадења како „Фенката“ (јадење зајак) и „Имќарун“ (посебен вид паста). Исто така, традиционалните малтешки колачи и слатки се незаменлив дел од празничните оброци.

28 декември 2026 (понеделник) Битола – Скопје – Малта

Состанок на групата на Спортска сала Битола во 08,00 часот на предпладне. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 11.10 часот. Полетување во 13:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 15,00 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Ноќевање1.

29 декември 2026 (вторник) Малта-Гозо

Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање 2.

30 декември 2026 (среда) Моста-Мдина-Валета Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 60 Eur. Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана посета на култното место за ноќен живот Ст. Џулианс (јавен транспорт). Ноќевање3.

31 декември 2026 (четврток) Малта-Крстарење по заливот Валета

Појадок. Можност за релаксирано претпладне како и организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како апсорпција на атмосферата на островот после дочекот на Нова Година. (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. Цена на турата 30Еур. По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Вечерта организиран Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадот во Валета. Единствена можност на Плоштадот на Републиката и Плоштадот Св. Џорџ кој стануват центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномет што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град (посета со јавен превоз – автобус или ферибот 3-5 еур). Ноќевање 4.

01 јануари 2027 (петок) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола

Појадок. Одјавување од хотел. Полудневна факултативна екскурзија (30 еур) до јужниот дел на Малта, со посетана блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери и рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Цена на задолжителната тура 30 Еур . Организиран трансфер до аеродром во 13.00 часот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови.

Цена на аранжманот: 457Еур/ 28,334,00 мкд

Цена за уплата до 30/10/2026: 425 Еур/26.350,00

Цена за деца 2-12 години 398 еур. Доплата за еднокреветна соба 90 Еур.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема на база 4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com(се отвора во нов прозорец)
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Трансфер од Битола/Охрид/Ресен/Прилеп/Дреново/Велес 15 Еур РТ
– Организиран трансфер аеродром од/до центарот на Скопје 10 еур
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
– Факултативна посета на Гозо 60 Еур
– Факултативна екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур (задолжителна)
– Факултативна крстарење по заливот Валета 30 Еур
– Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 160 Еур
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Вклучува/

  • – Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
  • – Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • – Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема на база 4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
  • – Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • – Трансфер од Битола/Охрид/Ресен/Прилеп/Дреново/Велес 15 Еур РТ
  • – Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
  • – Факултативна посета на Гозо 60 Еур
  • – Факултативна екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур (задолжителна)
  • – Факултативна крстарење по заливот Валета 30 Еур
  • – Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 160 Еур
  • – Туристичка такса во хотел
  • – Влезници за културно историските музеи
  • – Патничко осигурување
  • – Сите неспоменати трошоци
Panoramic view of the Roman aqueduct and part of the city of Kavala in eastern Greece at night

ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 – КАВАЛА

(Со вклучена Новогодишна вечера)


(30.12.2026-01.01.2027)

  

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …

 

 

Прв ден: 30.12.2026 година (среда) 

02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија.  Ноќевање.

 

Втор ден: 31.12.2026 година (четврток) 

Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта организирано заминување во ресторан во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2027 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Трети ден: 01.01.2027 година (петок)

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………209 евра (12.960 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***

– Организиран Дочек на Новата Година во ресторан во Кавала (вечера со музика во живо)

– Посета на Солун

– Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 50 евра (за двете ноќевања)

– Пијалоци за време на Новогодишната вечера во ресторанот

– Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер

– Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

 

Целосна доплата на аранжманот до 30.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа. Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето е во надлежност на хотелот. Еднокреветните соби немаат балкон!

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Kotor bay and Old Town from Lovcen Mountain. Montenegro.

ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО КОТОР

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ЗДРАВКО ЧОЛИЌ

 

(30.12.2026 – 03.01.2027)

 

Заради големиот интерес за оваа програма, обезбеден е дополнителен контингент соби во втор хотел во строгиот центар на стариот град Котор!!!

Стариот град Котор е наубавиот дел од овој медитерански град па кога ќе зачекорите во него ќе имате впечаток дека се наоѓате во еден голем музеј… Богат со тесни премини кои потсетуваат на вистински времеплов, срцето на Котор е волшебно и поради куќите стари дури и по 300 години, по палатите, музеите и осветлените поплочени плоштади… Без разлика дали ќе седнете на некоја од камените скали и ќе уживате во музиката на уличните свирачи или во некој од познатите ресторани, секој момент поминат во Стариот град ќе биде автентично искуство заради кое ќе посакате одново да се враќате на истото место!

 

 

Прв ден:30.12.2026 (среда)

 

22:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 00:15 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 31.12.2026 (четврток)

Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува висинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Потоа сместување на групата во хотелот „Marija“ 3 *** (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма за која е најавен настаот на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 01.01.2027 (петок)

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Котор. Пред нас е уште една незаборавна вечер со забава на отворено. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2027 (сабота)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани групата Забрањено Пушење и популарниот Сејо Сексон, рокенрол музичар и композитор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 03.01.2027 (недела)

 

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………249 евра (15.440 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус

– Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3*** во Котор

– Организиран разглед на градот со локален туристички водич

– Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич

– Организација на патувањето и  туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

– Туристичка такса– 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

– Патничко осигурување

Напомена: За сместување во хотелот „Randez Vous“ (https://rendezvouskotor.com/) во строгиот центар на стариот град Котор доплата од 25 евра по лице од вечер во двокреветна соба!!! 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

 

 

 

 

                                                                                       

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Истанбул од 1001 ноќ 3НП Нова Година

Од 209 € по лице

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 29 Декември 2026 год.

 

1 ден  29.12.2026 • Скопје – Истанбул

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:00 ч. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  30.12.2025 • Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

• Панорамски разглед на европски Истанбул

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар…

• Таксим   – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

Попладне продолжуваме со магијата на Истанбул.

Сулејманија  и Галата Порт Истанбул

• Сулејмановата џамија  заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I,  кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав”

• Галата Порт Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  31.12.2026  • Истанбул

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

• Долма Бахче Палата –  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

• Крстарење по Босфор – Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

• Отомански и Византиски Истанбул – Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква Аја Софија, можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија. Слободно време. Враќање кон хотел. Дочек на Нова година во индивидуална режија. Ноќевање.

4 ден  01.01.2027 • Азиски Истанбул

Појадок.  Ден предвиден за релаксиран излет

Азиски Истанбул – Посета на Азиската страна на Истанбул.

• Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

• Ускудар – еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

• Чамлиџа џамија – доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување! Ноќевање.

5 ден  02.01.2027 • Истанбул

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

• Пјер Лоти и заливот  Златен Рог – Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

• Балат и Вселенската Патријаршија

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

• Форум – Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

6 ден 03.01.2027 • Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Промо цена за рана резервација до 15.11.2026:   209€  (12.960 ден)

Цена на аранжманот:   229 € (14.200 ден.)

 

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел Grand Halic 4*, на Таксим, на база 3 ноќевањасо појадок,
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа,
  • Професионален туристички пратител на групата,
  • Професионален локален туристички водич,

 

Не е вклучено

  • Туристичка такса 6€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција ),
  • Патничко осигурување 350 мкд.,
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд,
  • Доплата за седиште по избор 20€,
  • Доплата за дополнително седиште 150€,
  • Факултативни излети:
  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€ (се плаќа во агенција),
  • Крстарење по Босфор + Отомански / Византиски Истанбул + Капали – 40€
  • Балат +Пјер Лоти и Златен Рог: – 35€
  • Сулејманија + ГАЛАТА ПОРТ Истанбул – 30€
  • Азиски Истанбул – 40€
  • Вечера на брод на Босфор со шоу програма (30 Декември) – 70€
  • Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел со вклучена влезница) – 60€
  • ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Сулејманија + Галата Порт+ Балат+ Пјер Лоти : 60€ (со вклучени влзници)
  • ИСТАНБУЛ КОМБО ПАКЕТ: Европски пакет + Азија + панорамски разглед + Крстарење по Босфор + Отомански / Византиски Истанбул + Капали Чаршија: 140 €
  • ИСТАНБУЛ FULL ПАКЕТ: Истанбул Комбо Пакет + Долма Бахче палата + вечера со шоу програма на брод на Босфор со ноќно крстарење: 270 €
Park Guell in Barcelona, Spain.

City Break Барселона – Нова Година

Дочекајте ја Новата година во Барселона – град каде медитеранскиот шарм, празничните светилки и живата атмосфера создаваат незаборавно празнично доживување. Прошетајте по живописната Ла Рамбла, воодушевете се на ремек-делата на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во магијата на новогодишно украсените улици и плоштади.

Во текот на празничната сезона, Барселона нуди бројни божиќни базари, концерти на отворено, богата гастрономска понуда и спектакуларен новогодишен амбиент. На полноќ, градот оживува со огномети, музика и традиционалното шпанско одбројување со дванаесет зрна грозје – симбол на среќа и просперитет во новата година.

Овој city break е идеален избор за сите кои сакаат да ја комбинираат празничната магија со култура, архитектура, шопинг и медитеранска гастрономија. Започнете ја новата година со незаборавно патување и создадете спомени што ќе останат со вас долго по празниците.

 

Датум: 29.12.2026-02.01.2027
Цена:
  • 529€ за возрасно лице
  • 80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж
  • Аеродромска такса
  • 4 ноќевања со појадок во хотел
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
  • Локална поддршка во текот на патувањето
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса по лице / ден
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети
29.12.2026
– Собир со групата на аеродромот во Скопје во 10:15 часот.
– Поаѓање за Барселона во 12:20 часот и пристигнување околу 15:15 часот.
– По пасошките формалности следува организиран трансфер до хотелот, сместување и подготовка за првата прошетка.
– Факултативна пешачка тура (15€ по лице)
Првото запознавање со градот го започнуваме со надворешен разглед на куќите на Гауди – Каса
Батљо и Каса Мила. Продолжуваме кон Катедралата во Барселона и божиќниот маркет во нејзината близина, доколку е отворен. Посета на баскиски ресторан и можност за уживање во локалните специјалитети.
– Ноќевање.
30.12.2026
– Појадок.
– Поаѓање на факултативен панорамски разглед на Барселона со автобус, со застанувања и пешачки прошетки.
Панорамски разглед со автобус (55 € по лице)
Ќе ја видиме Саграда Фамилија, најпознатото дело на Гауди, и ќе продолжиме кон Олимпиското
пристаниште. Потоа се упатуваме кон Монтжуик и Олимпискиот стадион, поврзан со Олимписките
игри во 1992 година. Ќе го видиме Плоштадот Еспања и некогашната арена Лас Аренас.
Продолжуваме кон марината и Порт Вел, а потоа пешачиме по Ла Рамбла, до Плоштадот Реиал и
пазарот Ла Бокерија.
– Пауза за ручек во локални барови по препорака на водичот.
– Опционално избор за некоја од лседните факултативи: Аквариум (35€ по лице) | Парк Гуел (25€ по лице)
Можност за факултативна посета на Аквариумот во Барселона. Попладнето е предвидено за
факултативна посета на Парк Гуел, шарениот свет на Гауди со мозаици и поглед кон градот.
– Ноќевање.
31.12.2026
– Појадок.
– Овој ден ве водиме низ срцето на стара Барселона, а вечерта ќе ја дочекаме Новата 2027 година!
– Факултативна пешачка тура Готски кварт (35 €по лице)
Заедно со нашите водичи ќе ги откриеме тесните улички, скриените плоштади и историските градби на Готскиот кварт. Преку интересни приказни ќе се запознаеме со почетоците на Барселона и со местата покрај кои лесно би поминале. Најтопла препорака за сите што сакаат да
го почувствуваат духот на градот.
– По турата следува слободно време за ручек, шопинг и индивидуална прошетка.
– Дочек на Новата 2027 година
Вечерта е резервирана за празничната атмосфера на Барселона. Предлог е новогодишната ноќ да ја поминеме во зоната на Плоштадот Еспања и Монтжуик, каде што традиционално се одржуваат градски прослави. Точната локација и програмата ќе бидат дополнително потврдени.
За целосно шпанско искуство, подгответе 12 зрна грозје – по едно за секој удар на часовникот на полноќ, за среќа во секој месец од новата година.
– Ноќевање.
01.01.2027
– Појадок.
– Првиот ден од Новата година го посветуваме на три посебни места што ќе ни ја прикажат Барселона од поинаква перспектива.
– Факултативна екскурзија Трите парка (65 € по лице)
* Парк Цитадела – прошетка низ една од најубавите зелени оази на градот, покрај езерото и монументалната фонтана.
* Тибидабо – спектакуларен поглед кон Барселона и морето, како и посета на црквата Свето срце Исусово. Нашите водичи ќе ви раскажат и за интересните детали и приказни поврзани со неа.
* Шпанското село – прошетка низ улички и плоштади инспирирани од архитектурата и традициите
на различни региони на Шпанија. Влезницата за Шпанското село е вклучена во цената на
екскурзијата.
– По екскурзијата, слободно време и можност за заеднички пијалак во rooftop bar со поглед кон Барселона, зависно од празничното работно време и достапноста.
– Ноќевање.
02.01.2027
– Појадок и одјавување од хотелот.
– Во зависност од времето на повратниот лет, предвидуваме прошетка низ Барселонета и слободно време за кафе покрај морето и последни фотографии.
– Во договореното време следува организиран трансфер до аеродромот
– Полетување од Барселона во 16:15
– Слетување во Скопје во 19:00

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35€

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на хотелот.

Готска Четврт – 35€, деца од 2-12 години – 20€

Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Аквариум Барселона – 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Гирона- 85€, деца до 12 години: 45€

Тргнување во утринските часови од хотел.

Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.

Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Времетраење: 7 часа

Посета на Парк Гуел: 23€

Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.

Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

Istanbul the capital of Turkey, eastern tourist city.

Aвионска програма Истанбул од 1001 ноќ Нова Година

Од 459 € по лице

Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор,  водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е  разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии…  .

Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но “Виолетовата” година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја,  е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите… а магијата наречена Истанбул  ќе Ви ја доловат водичите на Нехар Травел.

Термин: 29 Декември 2026

1 ден 29.12.2026 • Скопје – Истанбул

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 11:30ч. Пристигнување во Истанбул во 14:55ч. Трансфер на групата.

Панорамски разглед на Еврпоски Истанбул ( за група мин. 15 лица):

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот,  Египетскиот пазар…

• Таксим – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.Состанок со локалниот претставник на Нехар Травел. Ноќевање.

• 2 ден 30.12.2026 Истанбул

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки…

Попладне започнува  магијата на Истанбул.

Сулејманија и Галата Порт

Сулејмановата џамија  заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на

Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I,кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав”

• Галата Порт – живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул.  Враќање во хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување! Ноќевање.

3 ден 31.12.2026 • Истанбул

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

• Долма Бахче Палата:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

• Крстарење по Босфор: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

• Отомански и Византиски Истанбул: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

• Дочек на Нова Година 2026 на плоштадот Таксим (индивидуално).

4 ден 01.01.2027 • Истанбул

Појадок.  Ден предвиден за релаксиран излет.

Азиски Истанбул: Посета на Азиската страна на Истанбул.

• Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

• Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

• Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

5 ден 02.01.2027 • Истанбул

Појадок.  По појадокот , напуштање на хотелот. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

• Пјер Лоти и заливот  Златен Рог: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

• Балат и Всленската Патријаршија:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 17:15ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16:40ч.

 

                                                                                            Цена на аранжманот: 459€ / 28.460 ден.

 

Аранжманот вклучува

  • Авионски билет Скопје-Истанбул-Скопје,
  • Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром,
  • Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок,
  • Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим (за група мин.15 лица),
  • Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.),
  • Професионален локален туристички водич (за група мин.15 лица)

 

Не е вклучено

  • Крстарење по Босфор + Византиски/Отомански Истанбул + Капали Чаршија – 60€
  • Сулејманија + Галата Порт – 40€
  • Азиски Истанбул – 50€
  • Вечера на брод со шоу програма – 60€
  • Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 60€
  • Пјер Лоти + Патријаршија + Балат – 45€
  • Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице (се плаќа во агенција
  • Чекиран багаж до 12 кг – 30€ по лице (доплатата за багаж се однесува за сите патници по пријавата)
  • Задолжително патничко осигурување – 300 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба – 3900 мкд
View of Colosseum in Rome and morning sun, Italy, Europe.

РИМ за Нова Година 2027

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања

29. декември (вторник) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 15:55ч. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални

активности и прошетки. Ноќевање.

30. декември (среда) РИМ (Панорамски разглед)

Појадок. Пешачки панорамски разглед (со јавен превоз): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини, во минатото низ порта Фламинија или Порта дел Пополо, патникот го имал првиот поглед кон Рим по пристигнувањето. Ноќевање.

31. декември (четврток) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi… Вечерта индивидуално дочек на Новата Година на некој од познатите плоштади на градот Рим. Ноќевање.

01. јануари (петок) РИМ – (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил)

Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со јавен превоз и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело – Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е… Враќање до хотел. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба… Ноќевање.

02. Јануари (сабота) РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета прекрасната Villa D’Este во Тиволи. Нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим…Трансфер до аеродромот во Рим во 15:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 18:20ч. Пристигнување во Скопје во 20:05 часот.

Standard – пакет со вклучен панорамски разглед = 599 € (37.138,00 мкд) 569 € (35.278,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 679 € (42.098,00 мкд) 649 € (40.238,00 мкд)
Premium – пакет со вклучени 4 разгледи = 759 € (47.058,00 мкд) 719 € (44.578,00 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

– Организиран панорамски разглед на Рим:
STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и јавен превоз:
STANDARD (доплата 25€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Ватикан (со јавен превоз): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
STANDARD (доплата 70€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

– Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте:
STANDARD (доплата 80€) | SUPERIOR √ (доплата 80€) | PREMIUM √ (вклучено)

Во цената е вклучено:

– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.

– Сместување во Хотел San Lorenzo B&B ***(се отвора во нов прозорец), на база 4 ноќевања со појадок

– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич

– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.

– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување околу 220мкд

– Туристичка такса: Хотел 3* – 6€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.

– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг

– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција

– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција

– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција

– Доплата за 1/1 соба – 220€

– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 8,5€ дневен билет 24h

– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНА:
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 17 патници
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на WIZAIR

View of the city of Herceg Novi from the sea

ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

 

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО САША МАТИЌ, ЏЕНАН ЛОНЧАРЕВИЌ, НАТАША БЕКВАЛАЦ, АДИ ШОШЕ И ОРКЕСТАРОТ НА АЛЕКСАНДАР СОФРОНИЈЕВИЧ

 

(30.12.2026 – 03.01.2027)

 

Уплатете го новогодишниот аранжман до 10.ноември (вторник) и искористите го попустот од 50 евра по лице!!!

Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното… Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова…

 

 

Прв ден: 30.12.2026 (среда)

21:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:15 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 31.12.2026 (четврток) 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на Црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира целата  ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на Плоштадот во Игало со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Саша Матиќ и Џенан Лончаревич. Свечен дочек на Новата Година се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.

 

Трети ден: 01.01.2027 (петок) 

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Пред нас е уште една незаборавна вечер со Наташа Беквалац и Ади Шоше чии модерни и урбани песни ја привлекуваат младата публика. Со својот специфичен музички стил и хитовите кои ги освојуваат топ листите, ќе придонеат за современ, младешки дух на стартот од Новата Година. Новогодишна забава со вечера се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.

 

Четврти ден: 02.01.2027 (сабота) 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Уживање во внатрешниот базен и спа центар на хотелот. Во вечерните часови гостите во Херцег Нови ќе ги забавуваат членовите на оркестарот на Александар Софронијевиќ. Ноќевање.

 

Петти ден: 03.01.2027 (недела)

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни  часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус

– Три ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Херцег Нови

– Користење на спа центарот во хотелот

– Организиран разглед на градот со локален туристички водич

– Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич

– Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

        – Доплата за еднокреветна соба- 255 евра (за трите вечери)

– Туристичка такса– 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

– Доплата за свечена новогодишна вечера со музика во хотелот ( 75 евра по лице)- Не е задолжителна!

–  Доплата за свечена втора новогодишна вечера со музика во хотелот ( 65 евра по лице)- Не е задолжителна!

– Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето се во надлежност на хотелот. За сместување во соба со балкон се доплаќаат 5 евра по лице од вечер!

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

 

 

 

 

 

                                                                                       

Church Heiliger Franz of Assisi at Mexikoplatz, Vienna, Austria

Виена • Outlet Shoping Center Parndorf • Братислава – Нова Година

Од 219 € по лице

Виена – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин: 29  Декември

1 ден  29.12.2026 • Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2026  – Виена

По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  31.12.2026 • Designer Outlet Parndorf – Братислава

Појадок. . После појадокот можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг…  Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Виена. Дочек на Нова година на еден од Виенските плоштади.  Ноќевање.

4 ден  01.01.2027 • Шенбрун – Виена – Скопје

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне  можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Виена. Во вечерните  часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2027 • Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

                                                                          Цена на аранжманот за резервации до 15.11.2026: 219€ / 13.580 ден.

                                                                                            Цена на аранжманот: 239 €/ 14.820 ден

 

Аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • Сместување во хотел Lenas West со 3* во Виена (околина) на база на 2НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и водство на програмата

 

Не е вклучено

  • Туристичка такса 5 евра по лице на ден (задолжително се плаќа во агенција)
  • Разглед на Виена со локален водич – 25€
  • Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
  • Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
  • Задолжително патничко осигурување –250 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 20 евра

 

                                                                                       

Aerial view of a famous Subotica town hall as a symbol of the city history and architectural heritage, with its red facade and elegant clock tower drawing visitors and tourists to Serbia

НОВОГОДИШНА БОЕМСКА ПРИКАЗНА

Суботица-Палич-Сегедин-Бања Morahalom

(30.12.2026 – 03.01.2027)

Поради големиот интерес за нашиот новогодишен аранжман, обезбедивме дополнителен контингент соби во срцето на Паличко Езеро:

Три ноќевања со појадок во Јелен Салаш (https://jelensalas.com/) и во вила Ларус 3* (https://www.villalarus.rs/)

Цена на комплетниот аранжман во овие сместувачки капацитети: 379 евра (23.500 денари)

 

Време е за салаши, за тамбураши, за домашни специјалитети, за староградска музика и за релакс во термална бања… Време е за новогодишна забава за паметење!

 

 

Прв ден: 30.12.2026 (среда) 

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 31.12.2026 (четврток)

Пристигнување во претпладневните часови во Суботица, преубав град на северот од Војводина, градот кој извесно време бил под Австро-Унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Краток одмор од патувањето и организиран разглед на најзначајните објекти со локален туристички водич. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција  и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во бароктен стил е Катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата Палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Потоа сместување на групата во хотел „Forum Garni“4**** (https://www.forumhotel.rs/) лоциран во самиот центар на градот на главната пешачка улица, опкружен со најубавите градби, ресторани, кафетерии и продавници… Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки низ центарот кој живее во вистинска предновогодишна атмосфера. Во вечерните часови заминуваме на организиран дочек на Новата Година во еден од најатрактивните ресторани во овој дел од Војводина – Јелен Салаш. Тука, во овој ресторан во автентична атмосфера на вистински салаш и свечена трпеза со домашна храна ќе ја дочекаме Новата Година со звуците на реномиран тамбурашки оркестар што ќе не` забавува во живо. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Трети ден: 01.01.2027 (петок)

Појадок. Првиот ден во Новата Година ќе го започнеме релаксирано, во природа.  Заминуваме кон најголемото природно езеро во Војводина, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Со локален туристички водич ќе прошетаме покрај езерото и во околината и ќе ги разгледаме објектите кои се наоѓаат тука: малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш, плажата. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Слободно време за одмор и за индивидуални акивности. Во вечерните часови заминуваме на уште една незаборавна забава – прослава на репризата на Новата Година во уште еден вистински бисер на салашите во Војводина – Мајкин Салаш. Идеален спој на традиционална храна, и секако, забава со тамбураши во живо- тоа е доволно за уште една вечер за паметење. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2027 (сабота)

Појадок. Денот што е пред нас ќе биде посветен на комплетна релаксација на душата и телото. Планираме целодневен излет во соседна Унгарија и посета на еден од најубавите градови – Сегедин кој со право го нарекуваат мала Виена (факултативно). Градот е познат по својата преубава архитектура; за време на разгледот ќе го видиме Музејот на познатиот писател Ferenc Mora, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Tisa – некогашно место каде се собирала Сегединската елита, Плоштадот посветен на грофот Istvan Secenјij во кој се наоѓаат некои од најубавите промероци на унгарскарта сецесија, плоштадот Dugonjic на кој е изграден Сегединскиот Универзитет, Катедралната Црква и Плоштадот. Во договореното време се упатуваме кон малиот град Mako каде се наоѓа бањата Hagymatikum, единствена во овој дел по специфичната архитектура и термалната лековита вода. Зградата  е проектирана од познатиот архитект Imre Makovec и овој комплекс е еден од најзначаните дела на унгарската органска архитектура. На располагање на посетителите се 18 базени и 9 различни сауни. Слободно време за релаксација во базените со термална вода. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Суботица. Ноќевање.

Петти ден: 03.01.2027 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус

– Три ноќевања со појадок во хотелот „Forum Garni“ 4**** во центарот на Суботица

– Организиран дочек на Новата Година во Јелен Салаш: свечена вечера со музика во живо – тамбураши

– Организирана реприза на Новата Година во Мајкин Салаш: вечера со музика во живо – тамбураши и неограничени домашни пијалоци

– Организиран разглед на Суботица и Паличко Езеро

– Локален туристички водич за време на сите разгледи

– Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

– Туристичка такса  (се плаќа во агенцијата) – 1,5 еврa по лице од вечер

– Пијалоци за време на Новогодишната вечера

– Организирана посета на Сегедин и влезница во бањата  Hagymatikum – 25 евра

– Патничко осигурување

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)