Just one second...

 
tailand

                                                    ОД БУДИСТИЧКИ ХРАМОВИ ДО ТИРКИЗНИ ВОДИ ТАЈЛАНД–ЗЕМЈАТА НА НАСМЕВКИТЕ

(20.01.2026-30.01.2026)

 

Прв ден: 20.01.2026 (вторник)–Скопје-Истанбул-Бангкок

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Истанбул во 09.15 часот, слетување во 12:50 часот по локално време. Летот за Бангкок е во 15.30 часот по локално време.

 

Втор ден: 21.01.2026 (среда)– Бангкок

Пристигнување во Банкок во 04.20 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот „Centara Life Hotel Bangkok Phra Nakhon” 4* (https://www.centarahotelsresorts.com/centara-life/cbp) кој се наоѓа во историскиот дел на Бангкок, во непосредна близина на главните знаменитости на градот и на само десетина минути од Khao San – една од најпознатите и најживи улици во Азија. Го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на првото возбудливо патување. Маеклонг пазарот е единствениот од ваков тип во светот. Лоциран е точно на железничката пруга Maeklong Train низ која во текот на денот по неколку пати поминува воз. Фасцинантно е што неколку минути пред да пристигне возот, тајландските трговци почнуваат да ги вадат земјоделските производи од шините, да ги преместуваат тезгите и да ги отстрануваат тендите. Штом возот ќе помине, секунда подоцна тендите повторно се отвораат, тезгите се враќаат, а овошјето, зеленчукот, рибата, раковите и другите работи се туркаат назад преку шините. Веројатно на властите во Бангкок не им се исплати да го преместуваат пазарот, бидејќи ова место е вистинска туристичка атракција. Голем број љубопитни, странски туристи со задоволство доаѓаат да го видат, да фотографираат и да го снимаат возот што минува меѓу тезгите, или сами да се возат со возот низ пазарот. И додека се таму, ќе купат овошје. Од таму се упатуваме кон Дамноен Садуак кој е најпознатиот пловечки пазар во Тајланд и затоа е вистински магнет за туристите. Она што е автентично за овој пазар е што трговијата се одвива на вода, а единствениот пристап до тезгите се бродовите со долга опашка кои се вообичаени во овој дел од светот. Покрај фиксните тезги, многумина ги нудат своите производи директно од бродовите. Атмосферата на преполни бродови што се допираат едни со други додека минуваат по тесните водени патишта, извиците на трговците, свежата храна што се подготвува и се зема додека поминувате и богатата и често необична понуда ја прават атмосферата посебна во Дамноен Садуак. Во договореното време се враќаме во хотелот. Сместување и слободно време за одмор, користење на хотелскиот базен и индивидуални прошетки низ Бангкок. Ноќевање.

 

Трети ден: 22.01.2026 (четврток)- Бангкок

Појадок. Време е за посета на најграндиозните градби во Бангкок. Во договореното време тргнуваме од хотелот и најпрво се упатуваме кон Кралската Палата што всушност претставува комплекс од згради сместени во самото срце на Бангкок. Палатата била резиденција на кралското семејство на тогашното Кралство Сиам, а денес на Тајланд. Изградбата започнала во 1782 година по наредба на кралот Рама I, кој го преместил главниот град на Сиам од Тонбури во Бангкок.  Овој комплекс вклучува голем број згради кои биле од големо значење за функционирањето на државата, прекрасни градини со павилјони и дворови во кои кралското семејство го поминувало слободното време. За време на разгледот ќе забележиме неколку различни стилови кои се појавиле како резултат на постепеното проширување на палатата, а некои згради се изградени во интервал од 200 години. На само десетина минути од Кралската Палата се наоѓа уште една атракција која никако не смееме да ја пропуштиме: Wat Pho, еден од најпосетуваните храмови во Бангок кој е воедно и најдолг храм. Сместен е на површина од осум хектари и е познат низ целиот свет по импозантната златна скулптура на Буда кој е во лежечка положба со должина од 46 метри и висина од 15 метри. Само стапалата на Буда се долги 5 метри. Интересно е што во овој храм се наоѓа училиште за традиционална медицина и тајландска масажа, кое се смета за водечко училиште за масажа во целата земја. Денешниот организиран разглед на Бангкок го завршуваме по посетата на Wat Arun или Храмот на зората, кој се смета за една од најимпресивните градби во Тајланд. Омилен е меѓу посетителите поради уникатната архитектура и порцелански декорации. Се наоѓа на западната страна од реката Чао Праја, што го прави храмот уште поимпресивен, особено при изгрејсонце или зајдисонце кога црвената боја на небото е видлива во позадина. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор, користење на хотелскиот базен и индивидуални прошетки. Ноќевање.

Четврти ден: 23.01.2026 (петок)- Бангкок–Ајутаја

Појадок. Во договореното време со организиран превоз се упатуваме кон Ајутаја (Ayutthaya), градот што денес има 70.000 жители, а во минатото тука живееле повеќе од 1 милион луѓе. Во тоа време Ајутаја била главен град на Сијам (поранешното име на Тајланд). Кралството Ајутаја тргувало со земји како Кина, Индија, Непал, Португалија, Холандија и Шпанија, а неговиот просперитет се споредувал со метропола како Париз. Кралството Ајутаја завршило кога Бурманите го уништиле градот во 1767 година. За среќа, сè уште има многу што да се види тука од оваа ера. Ајутаја има историски парк (вклучувајќи го и стариот град) кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Најпознатиот храм во Ајутаја е Wat phra Mahathat каде ќе го најдеме најфотографираниот објект во областа – главата на Буда заплеткана во корените на дрвјата што стана легендарен симбол на историското минато на областа. Но, тоа не е единствената причина зошто треба да го посетиме овој град – целиот историски парк е всушност голем комплекс од храмови и статуи кои ќе не вратат во минатото во величествената древна сијамска престолнина. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор, користење на хотелскиот базен и индивидуални прошетки низ Бангкок. Ноќевање.

Петти ден: 24.01.2026 (сабота)- Бангкок-Краби

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки во Бангкок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон меѓународниот аеродром во Бангкок. Летот кон Краби, најатрактивното туристичко место на западниот брег на јужен Тајланд, е во 17.00 часот по локално време, пристигнување во 18:25 часот. Организиран трансфер до хотелот „Aonang Orchid” 4*, хотел сместен во самиот центар на гратчето Ао Нанг, на само две минути од една од најубавите плажи во Краби. Сместување на групата во двокреветни соби. Ноќевање.

 

Шести ден: 25.01.2026 (недела)- Краби

Појадок. Слободен ден за уживање на плажа и во хотелскиот базен. Во вечерните часови можете да шетате низ долгата главна улица која изобилува со квалитетна туристичка понуда низ целата нејзина должина. Тука се наоѓаат многу ресторани, продавници, сместувачки објекти, ноќни маркети… Ноќевање.

 

Седми ден: 26.01.2026 (понеделник)- Краби- Островите Пи Пи и заливот Маја

Појадок. Организиран трансфер до пристаништето од кое поаѓаат бродовите до околните острови. Се качуваме на брз брод и се упатуваме кон Островите Пи Пи – едно од најпознатите места во светот. По околу 45 минути возење со брод, пристигнуваме на архипелагот. Се закотвуваме на Phi Phi Leh, прекрасен остров од варовник. Посета на заливот Maya, каде што е сниман познатиот филм „Плажа”. Слободно време за фотографирање на оваа легендарна локација и за пливање во тиркизните води. Оттаму се упатуваме кон заливот Loh Sama Bay, совршено место за нуркање во коралните гребени. Добивате маска на нуркање со чија помош ќе можете да набљудувате разнобојни корали и многу видови на риби. На овој остров посетуваме уште две локации – заливот Pi Leh, прекрасна лагуна со зелена вода опкружена со гребени од варовник и пештерата Viking Cave, прочуена по цртежите на ѕидовите кои наликуваат на викиншки бродови. Пештерата, која може да се набљудува од бродот е позната и по гнездата на птицата свифлет, кои се јадат и се прочуен деликатес во Тајланд.  Потоа одиме кон следниот остров од архипелагот – Phi Phi Don, туристичкиот центар на островите. Организиран ручек во ресторанот Phi Phi Princess Resort. Слободно време за прошетка и плажа на островот. Зависно од временските услови, се упатуваме кон Ao Rantee или Hin Klang, каде што можеме да нуркаме и да набљудуваме јата разновидни риби. Последната станица е Островот Bamboo, мал остров познат по совршениот бел песок, кристално чистите води и зачуваните корални гребени. Слободно време за уживање во плажата. Во договореното време се качуваме повторно на бродот и се упатуваме назад кон Ао Нанг.  Враќање во хотелот. Слободно време за уживање во ноќниот живот во Ао Нанг. Ноќевање.

 

Осми ден: 27.01.2026 (вторник)- Краби

Појадок. Слободен ден за уживање на плажа и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Деветти ден: 28.01.2026 (среда)- Краби-Railay Beach

Појадок. Организирана посета на светски познатата плажа Railay Beach, која се наоѓа во близина на Ао Нанг и до која се стигнува единствено со чамец. Плажата е позната по тиркизната боја и совршениот песок, како и по гребените што ја опкружуваат и кои се популарни за фотографирање, но и за искачување на карпите. Слободно време за уживање во плажата и прошетка низ многубројните ресторани, продавници и барови лоцирани во близина на плажата. Во договореното време се враќаме во хотелот. Слободно време за уживање на плажата и во ноќниот живот во Ао Нанг. Ноќевање.

 

Десетти ден: 29.01.2026 (четврток)- Краби-Бангкок

Појадок и слободно време за уживање на плажата во Ао Нанг. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и користиме уште неколку часа за последни активности во Ао Нанг. Организиран траснфер до аеродромот во Краби. Полетување кон Бангкок во 19.00, пристигнување во 20:25 по локално време. Организиран трансфер до хотелот „Park Nine” 5*, лоциран во непосредна близина на аеродромот. Сместување во хотелот и ноќевање.

 

Единаесетти ден: 30.01.2026 (петок)-Бангкок-Истанбул-Скопје

Појадок и организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Истанбул во 10.10, пристигнување во 16.45 по локално време. Поаѓање од Истанбул во 20.15, слетување во Скопје во 19.45 часот.

 

                                                                                    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………1890 евра (117.180 денари)

                                                                                                  (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Авионски билет: Скопје-Истанбул-Бангок- Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Авионски билет: Бангок-Краби-Бангкок со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
  • Сите трансфери вклучени во програмата
  • 3 ноќевања со појадок во хотелот Centara Life Hotel Bangkok Phra Nakhon” 4* во Бангкок
  • 5 ноќевања со појадок во хотелот „Aonang Orchid” 4* во Краби
  • 1 ноќевање со појадок во хотелот „Park Nine” 5* во Бангок (аеродром)
  • 1 ручек на островите Пи Пи
  • Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 500 евра
  • Влезна виза за Тајланд и услуга за визирање – 80 евра
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари) најдоцна до 15.10.2025. Целосна доплата на аранжманот до 15.12.2025.

Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Madrid, Spain cityscape at Calle de Alcala and Gran Via.

КРАЛСКИОТ МАДРИД   

 

Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро… исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез … Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор,  Кралска палата и оружарницата… И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц…

Авион / 4 дена/ 3 ноќевања

17 Јануари     СКОПЈЕ – МАДРИД

Состанок на групата на аеродрмот во Скопје 14.00 часот. Полетување за Мадрид во 16.05 часот и пристигнување во 20.00 часот. Трансфер и сместување во хотел (HOTEL SANTOS PRAGA 4*). Ноќевање.

18 Јануари     МАДРИД

Појадок. Пешачкиразглед на градот со локален водич: познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, преку познатиот парк Ретиро до еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми…Пауза за ручек, препорачуваме да ги пробате популарните тапаси или одберете некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија.Ноќевање.

19 Јануари     МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Факултативна екскурзија: Толедо, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија, градот-музеј под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде имате прекрасна глетка кон градот. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид. Слободно попладне, вечер. Ноќевање.

20 Јануари     МАДРИД– Скопје

Појадок. Препорачувамеденот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“.

Во вечерните часови трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.45 и пристигнување во 00:15 часот.

  

Попуст за уплати до 15.12       469 € / 29.080 мкд

Цена на аранжманот        519 евра ( 32.180 денари)

 

Цената вклучува:                                                                                                     

Ø  Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид – Скопје

Ø  Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг

Ø  Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром

Ø  Сместување во Хотел HOTEL SANTOS PRAGA 4* на база 3 ноќевања со појадок

Линк од хотелот https://www.hotelmadridpraga.com/es

Ø  Разглед на  Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палат

Ø  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

ü  Доплата за чекиран багаж – една  инфо за цена 5 дена пред патување.

ü  Факултативна целодневна посета  на Толедо со вклучен автобуски превоз, локален водич и влезници св.Томас 90 евра

ü  Факултативна посета на Фламенко

ü  Влезници во локалитетити:  инфо во агенција за влез во музеј Прадо, музеј Реина Софиа, стадионот Сантиаго Бернабе

ü  Карти за локален превоз (метро)

ü  Патничко-здравствено осигурување

ü  Туристичка такса 1120 ден

ü  Доплата за еднокреветна соба 8.800 денари

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Дете од 2 до 12 години плаќа 439 евра.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ.

                                                                                                                     

Sunset view of the Dubai Marina and JBR area and the famous Ferris Wheel and golden sand beaches in the Persian Gulf. Holidays and vacations in the UAE

                                                                                                                       

ДУБАИ   и   АБУ ДАБИ

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                                                               

14.01 (Среда)                                     СКОПЈЕ – ДУБАИ

Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Полетување во 10.30 и пристигнување во Истанбул во 13.55 часот. Полетување за Дубаи во 20.50 и пристигнување во 02.10 часот (локално време). Организиран трансфер  до хотелот.

 

15.01–18.01.2026                               ДУБАИ

Појадок.

Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на српски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА)

Организирани излети и индивидуална прошетки.

Ноќевање.

 

19.01  (Понеделник)                         ДУБАИ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободен ден. Во 23.45 часот oрганизиран трансфер до аеродромот. Авионот кон Скопје преку Истанбул полетува во 03.20 часот на 20.01 и слетува во Скопје во 09.45 часот.

 

За уплати до 15 ноември: 53.260 мкд (859 евра)

Цена на аранжманот: 56.980 мкд (919 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

–Авионски превоз Скопје-Дубаи-Скопје со авио компанијата Pegasus Airlines

14/01/2026 Wed PC352 Skopje – Istanbul 10:30 13:55

14/01/2026 Wed PC740 Istanbul – Dubai 20:50 02:10

20/01/2026 Tue PC741 Dubai – Istanbul 03:20 07:30

20/01/2026 Tue PC351 Istanbul – Skopje 10:25 09:55

–Трансфер аеродром-хотел-аеродром

–Рачен багаж до 8кг (55х40х20cm) и чекиран багаж до 20кг.

–Сместување во хотел “Grand Excelsior Al Barsha Hotel” 4* на база 5 ноќевања со појадок во Дубаи

-Целодневен разглед на Дубаи

–Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

–Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

–Патничко – здравствено осигурување

–Доплата за еднокреветна соба 11.800 ден.

 

РАЗГЛЕД НА ДУБАИ

***Целодневен разглед на Дубаи (трансфер, локален водич) ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА

Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со  фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.

На патот кон стариот дел на градот, ќе се види:

–Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future)

–Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai)

Посета на стариот дел на градот:

–пазарите за зачини, злато и текстил

–возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената)

–средба со  најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант

Разгледувањето  продолжува со посета на:

Souk Madinat, Jumeirah Madinat или  Малата Арапска Венеција со поглед на  луксузниот хотел Burj Al Arab.

Се продолжува  кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity –  една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи;

На оваа локација  има можност да се видат:  Ain Dubai, JBR  и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.

Вечерна прошетка во Дубаи

Посета на раскошниот  Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на :

–Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот

–Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain)

–Дубајската Опера (Dubai Opera)

–Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar

–Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park)

–Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall)

–Мексичките крилја (Wings of Mexico)

–Хотелот Палас (Palace Downtown)

Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи.

 

****БУРЏ КАЛИФА влезница 50 евра

Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.

 

***MIRACLE GARDEN” И “GLOBAL VILLAGE” (трансфер, влезници, локален водич) 70 евра

Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на  две значајни атракции на Дубаи – Miracle Gardens и Global Village.

Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини?

Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имало сув пустински песок, се појавува оваа разновидност на бои и богатство на мириси…  Сетилото за слух не може да се занемари, со самото присуство на саксофонист, чија музика одекнува низ градината… Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2014 година на Денот на вљубените.

По посетата на Miracle Garden следува обиколка на  Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павилјони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место – така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја – национална облека, храна, зачини, чаеви, традиционални танци со традиционална музика. Различните претстави организирани на главната сцена во оваа атракција уште повеќе ја надополнуваат сликата на шарениот колорит од стилови на живеење, музика,танц, песна, храна, знаменитости …… место за потполно узивање на сите сетила…

 

***ПУСТИНСКО САФАРИ (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, локален водич) 65 евра

Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП – САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура може да се согледа  убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Се започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Оваа импресија вклучува и можност да се јава на камила, да се направи тетоважа со Хена или да се проба наргиле пред да се послужи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе биде комплетирана со изведувачи на стомачен танц.  Враќање во Дубаи околу 21:00 часот.

 

АБУ ДАБИ (вклучен трансфер, локален водич) 80 евра

Прошетка низ ремек-делото од бел мермер на Големата џамија Шеик Зајед, патеката Формула 1 и Светот на Ферари, посета но селото Херитиџ каде ќе дознааете повеќе за минатото и за бедуинските почетоци пред нафтената индустрија.

–Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат

–Хотел Emirates Palace 7*

–Ferrari World и патеката Formula 1

–Heritage Village

 

***КРСТАРЕЊЕ ПО ДУБАИ МАРИНА (трансфер, вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра

Во вечерните часови следува крстарење со брод по Дубајската Марина.

Во текот на крстарењето има можност да се искуси сјајот на модерното Дубаи и да се проследат прекрасните модерни облакодери, панорамското тркало Аин Дубаи и останатите атракции на оваа локација. Сето тоа надополнето  со вечера и забавна програма организирана на самиот брод.

 

Напомена:

–          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–          Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.

–          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–          Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Со оваа програма важат Општите услови на Т. А. MЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ.

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)