Just one second...

 
Eiffel Tower or Tour Eiffel aerial view, is a wrought iron lattice tower on the Champ de Mars in Paris, France

 

                                                                                                             ДИЗНИЛЕНД – ПАРИЗ

                                                                                                            06.12.2025 – 09.12.2025

 

ПАРИЗ 4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден – 06.12.2025 (Сабота)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 10.30 ч. Полетување за Париз во12.35 ч .слетување во 15.35 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед : Галеријата Лафајет, Операта, Луксембуршките градини, Латински кварт. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.

2 ден – 07.12.2025(Недела)

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат Елисејските Полиња, Ајфеловата Кула, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд ,Домот на Инвалидите.Слободно време за факултативни посети на музејот Лувр , Ајфеловата кула или прошетка со брод по Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно) .Ноќевање .

3 ден – 08.12.2025 (Понеделник)

Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.

4 ден – 09.12.2025 (Вторник)

Појадок. Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 ч. Полетување во 16.05 ч од Париз, слетување во Скопје во 18.45 ч.

 

                                                                                  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 549 €  (34.040 денари)

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

      Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair

      Аеродромски такси

      Бесплатен багаж 40x30x20 cm

      3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS

      Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

      Организиран панорамски разглед на градот со автобус

      Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд

      Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

      Туристичка такса

Напомена: Има можност за трокреветни соби!

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

      Влезница за Ајфелова Кула ,влезница до 2-риот кат 28€,

      Влезница за Лувре 28 € само влезница за деца до 10 години 15 еур

      Влезница за брод по Сена 18 €

 

 

Општи услови за патување со Wizzair :

 

     Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)

 

     За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето

 

     Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување

 

     За резервација задолжителна уплата од 100%

 

     Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали

 

     Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали

 

     Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 140 €

 

     Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани

 

     Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците

 

     За овој аранжман важат општите услови на патување на Метрополитен Травел

                                                                                         

atina
Атина 05.12.

4 дена / 2 ноќевања

 

05 декември (петок) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

06 декември (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки по Плоштадот Синтагма, улицата Еρму и паркот „Технополис“каде се одржуваат празничните настани, а целата атмосфера е дополнета со жива музика, светлосни проекции и уметнички настапи. Навечер Атина се претвора во бајковита сцена полна со светла, мирис на цимет и звуци на празнични песни. Во срцето на градот, Божиќниот маркет ги пречекува посетителите со дрвени куќички преполни со рачно изработени украси, уникатни подароци и вкусни грчки празнични деликатеси. Ќе уживате во топол греанo вино или традиционален грчки „меломакароно“ (медено колаче), додека децата се забавуваат со празнични работилници, лизгалиште на мраз и фотографии со Дедо Мраз. Ноќевање.

07 декември (недела) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

08 декември (понеделник) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Во претпродажба за ограничен број на места: 139€ (8.618мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)
Цена на аранжманот: 189€ (11.718мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед на Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол околу 12€ (цената е променлива)
– Влезници за Микена и Епидаурус, околу 12€ (цената е променлива)
– Туристичка такса 1.5-5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
– Патничко здраствено осигуривање

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА МETРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ.

 

 

 

 

                                                                                 

"Klagenfurt, Austria - Apr 17, 2011 : People taking an afternoon break in centre of klagenfurt."

 

                                                                                   БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА

                                                                    КРАЊСКА ГОРА- КЛАГЕНФУРТ- ВЕЛДЕН- ХАЛШТАТ-САЛЗБУРГ

                                                                                                             Бонус излет на БЛЕД!

                                                                                                               (05.12.2025–10.12.2025)

 

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете го прекрасниот бароктен град Салзбург; ако милувате да посетите идилично и бајковито место стуткано во Алпите тогаш посетете го Халштат–најубавото село во светот со само една главна улица… Ако пак сакате да ја доживеете најубавата Австриска бајка, тогаш посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите… Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ

 

Прв ден: 05.12.2025 година (петок)

17:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 19:00 часот со туристички автобус од Скопје кон Словенија преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 06.12.2025 година (сабота)

Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови.  Сместување во хотел „Ramada Resort”  4**** (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало,  перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.

Трети ден: 07.12.2025 година (недела)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе Ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе Ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое во овој период од годината го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќниот венец до кој се стигнува со бродот на Ангелите „Santa Lucia“. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, ангелска пошта, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови… Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон темното ноќно небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби… Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Четврти ден: 08.12.2025 година (понеделник)

Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед најпрво на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате… шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург. Местото во кое е роден Моцарт уште од 15.век ја започнува традицијата со организација на божиќен саем за подоцна, со текот на годините да прерасне во еден од најубавите во Европа. Единственото опкружување во срцето на стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО, шарените тезги и посебно дизајнираните светла што наликуваат на романтични звезди над небото го прават салзбуршкиот ”Christkindlmarkt” навистина необичен. Разгледување на градот со лиценциран туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св.Петар од 7.век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16.век… Слободно време за индивидуални прошетки низ многубројните тезги кои се распослани на Плоштадот.  Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Петти ден: 09.12.2025 година (вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање со кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување  во раните утрински  часови во вторник на 10.12.2025 година.

 

                                                                             ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………429 евра (26.600 денари)

                                                                                        (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотелот „ Ramada Resort”4**** во Крањска Гора
  • Користење на базенот во хотелот
  • Организирана посета на Клагенфурт и Велден со лиценциран туристички водич
  • Организирана посета на Халштат и Салзбург со лиценциран туристички водич
  • Организирана посета на Блед
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Користење на wellness центарот во хотелот
  • Туристичка такса во хотелот во Крањска Гора – 10.5 евра за трите вечери-(се плаќа во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба 84 евра
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 

                                                                         

puglia

                                                                               РОМАНТИЧНА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ВО ПУЛИЈА

                                                                              БАРИ – МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО – ЛОКОРОТОНДО

                                                                                                       (10.12.2025-14.12.2025)

 

Едно од најубавите села во цела Италија сместено во срцето на Пулија, скриен бисер кој трпеливо чека да биде откриен во пресрет на Божиќните празници кога се` е волшебно– Локоротондо, шармантно романтично село каде белиот камен во комбинација со зелените растенија и златните и црвени декорации прави неверојатен колоритен контраст…  Но претходно; најпрво ќе уживаме во божиќниот шарм на Бари-градот на Свети Никола или на Дедо Мраз и во Матера, местото што не` очекува со своите светла, бои, мириси и традиции за да ни подари магични моменти… Оваа година го откриваме автентичниот Божиќ во Пулиа!

 

Прв ден: 10.12.2025 (среда)– Скопје-Истанбул-Бари

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.40 часот, слетување во 12.15 часот по локално време. Летот за Бари е во 19.30 часот, пристигнување во 19.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Boston“ 4* лоциран во самиот центар на градот (https://www.bostonbari.it/bleisure-hotel-bari/#hotel ). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

Втор ден: 11.12.2025 (четврток)-Бари

Појадок. Денеска ја започнуваме нашата божиќна приказна со Бари, градот што го карактеризираат високи ѕидини кои имале за цел да го штитат од ветровите. Ќе зачекориме низ тесните улици и белите згради со специфични балкони од железо од каде соседите си разговараат меѓу себе -доказ дека Бари е град полн со живот, а не само туристичка атракција. Божиќната авантура ќе ја почувствуваме во одушевувачкиот Palazzo Simi истражувајќи древни реликвии во срцето на византиската и романтичната архитектура. Продолжуваме кон импресивната катедрала San Sabino осветлена со мекиот сјај на божиќните светилки кои ја истакнуваат нејзината величествена убавина, а ќе ја посетиме и Bazilika di San Nicola, големиот Храм изграден во 11 век каде се чуваат моштите на Свети Никола, заштитникот на патниците, морнарите и на децата. Покрај религиозното значење, Бари е познат и по својата гастрономија – овде ќе имаме можност да пробаме автентични специјалитети – пасти, пршути, риба и плодови од морето… Градскиот пејзаж го красни модерниот дел на градот со широки плоштади, елегантни бутици и модерна архитектура. Овој контраст меѓу старото и новото му дава на Бари посебен шарм и динамика. По организираниот разглед, слободно попладне за индивидуални прошетки и активности во градот кој веќе живее во празнична атмосфера. За Божиќ, улиците на Бари се трансформираат во волшебни сценарија: светлата – симбол на топлина и добредојде шират силно чувство на заедница и споделена прослава. Оваа светлосна претстава, со празнични живи бои ги обвиткува излозите на улиците и сите околни области, создавајќи магична и радосна атмосфера. Извонредната локација на хотелот во кој сме сместени ќе ни овозможи целосно да уживаме во оваа убавина. Ноќевање.
Трети ден: 12.12.2025  (петок)-Бари-Матера

Појадок. Организиран трансфер со автобус кон Матера, прекрасното место под заштита на Унеско, редок бисер на Базиликата, волшебно чудо на времето. Посетата на овој  град е како повторно да се доживува славното минато. Наликува на мала и прекрасна сцена на раѓањето на Исус Христос, поради што е познат како „вториот Витлеем“, обезбедувајќи позадина за филмови како што се „Евангелието според Свети Матеј“ и „Страдањето на Христос“… Симболот на градот се „Саси“, пештери ископани во планината каде што живееле мештаните сè додека не биле принудени да се населат во модерни сместувачки капацитети во 1950-тите.  Занемарени со години, Сасите од Матера влегле во списокот на светското наследство како пример за вековен начин на живот што треба да се зачува и да се пренесе на потомството,  бидејќи Матера е восхитувачки пример за одржлив начин на живот. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки низ божиќното село во Матера кое ќе не` пречека со своите светла, бои, мириси и традиции за да ни подари магичени моменти. Бројни штандови ќе го преплават прекрасниот историски центар на Città dei Sassi за да им приредат на сите посетители единствена божиќна атмосфера. Покрај божиќните тезги со типични традиционални производи, ракотворби и идеи за подароци, се најавуваат и други бројни претстави со баскери, куклени театри ,патувачки музичари, гајдаџии…Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Бари. Ноќевање.

Четврти ден: 13.12.2025  (сабота)-Алберобело-Локоротондо

Појадок. Денеска се упатуваме кон двете најубави села во Пулиа-Алберобело и Локоротондо. Алберобело со своите карактеристични куќи „Trulli“ со конусни кровови секоја година за Божиќ се трансформира во место од бајките благодарение на извонредната убавина на светлата што го красат селото и претставуваат вистински спектакл од топлина и бои. Всушност, секој агол од селото е празнично украсен, овозможувајќи им на посетителите да бидете опкружени со единствена божиќна атмосфера каква што само Алберобело може да понуди. Освен овие ефекти, мирисите и гастрономските традиции на Пулија го прават ова искуството уште поспецијално: дрвени куќички, палачинки, панцероти, локални производи и типични слатки ќе ја направат атмосферата извонредно магична. По прошетките низ ова место, се упатуваме кон Локороконто,  шармантно и бајковито село кое често се опишува како едно од најубавите во цела Италија и е совршена дестинација за секој што сака да доживее автентична италијанска божиќна атмосфера. Бунт од божиќни светла и украси ги осветлува улиците и сокаците на Локоротондо, прекрасно кружно село во долината Итрија, исполнето секоја година со туристи и жители на Пулија, привлечна дестинација за оние кои бараат магично божиќно искуство меѓу живописни улици што го обвиткуваат секој агол од ова село. Снежно бели куќи украсени со цветни балкони и прекрасен поглед кон долината Itria; Locorotondo со својата убавина и едноставност го восхитува секој посетител. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме назад во хотело во Бари. Ноќевање.

Петти ден: 14.12.2025  (недела)-Бари-Истанбул-Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Бари. Полетување кон Истанбул во 09.35 часот, слетување во 13.45. Летот за Скопје е во 20.15 часот по локално време, пристигнување во Скопје е во 19.45.

 

                                                            Промотивна цена за уплата до 19.09.2025…….. 799 евра (49.540 денари)

                                                                                 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………859 евра (53.260 денари)

                                                                                               (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

  • Авионски билет Скопје- Истанбул-Бари-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
  • Сите трансфери вклучени во програмата
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Бари
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 140 евра
  • Туристичка такса- 8 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари. Целосна доплата на аранжманот до 10.11.2025

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

                                                                                         

Vineyards on Piramida Hill and cityscape of Maribor, Lower Styria, Slovenia

 

                                                                                         БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО МАРИБОР И ГРАЦ

                                                                                                       Бонус посета на Птуј!

                                                                                                       (05.12.2025–08.12.2025)

 

Дали знаете дека во Словенија постои вистинска божиќна бајка? Волшебниот Марибор, главниот град на Штаерска токму за Божиќ се претвара во волшебен град на самовилите и џуџињата… Ако пак сакате да бидете дел од урбаната магија на романтичните саеми, светликави улици и магични предбожиќни настани, тогаш дојдете со нас во Грац, градот кој уште го нарекуваат помалата сестра на Виена!

 

Прв ден: 05.12.2025 година (петок)

18:00 часот Заминување на групата од  Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 06.12.2025 година (сабота)

Пристигнување во Марибор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12. Век. ,  Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Потоа сместување на групата во хотел „B&B Hotel“ 3*** лоциран во центарот на Марибор. Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки низ градот кој ќе Ви овозможи нeзаборавно божиќно патување во некои други времиња во кои владее фантазијата, детскиот ентузијазам и креативноста пропратени со светлосни сензации и огнени спектакли. Ноќевање.

Трети ден: 07.12.2025 година (недела)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Стариот дел на градот кој се наоѓа под ридот на замокот изгледа уште поромантично и побајковито кога е осветлен со празнични светилки, а божиќните штандови се украсени со божиќни и новогодишни украси и се полни со разновидни и вкусни деликатеси. Во центарот на стариот град ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор… Од пешачкиот мост над реката Мура  ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „Kunsthaus“. На крајот од организираниот разглед ќе ја видиме сцената на Исусовото раѓање која е симбол на божиќниот маркет во градот. Најпознатата атракција е всушност ледена скулптура направена од приближно 40 тони мраз поставена во дворот на замокот Landhaushof, а целата сценографија е речиси совршена и уникатна особено во вечерните часови, кога сите фигури се дополнително осветлени со безброј светилки кои придонесуваат целата сцена да изгледа уште поатрактивно и помоќно. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време враќање во хотелот во Марибор. Ноќевање.

Четврти ден: 08.12.2025 година (понеделни5)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија. Бонус посета на најстариот град во Словенија, Птуј кој секоја година е домаќин на неверојатен божиќен пазар. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот низ бројните штандови на кои се продаваат божиќни украсни, сувенири, но најмногу традиционална храна-тука можете да пробате традиционална божиќна пита, печени костени, варено вино со зачини… Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Македонија.  Пристигнување во раните утрински часови.

 

 

                                                                                        ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………299 евра (18.540 денари)

                                                                                                (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во „B&B Hotel“ 3*** во Марибор
  • Целодневен излет до Грац-Австрија
  • Лиценциран туристички водич за разглед на Марибор и Грац
  • Бонус посета на Птуј
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба -40 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Марибор (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

                                                                                           

Roman Catholic Church of the Sacred Heart or Stiftskirche Herz-Jesu-Basilika aerial panoramic view in Hall in Tirol, Tyrol region of Austria

                                                                                              РОМАНТИЧЕН БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ТИРОЛ

 

                                                                                                ТРЕНТО-МЕРАНО-БОЛЦАНО-ИНСБРУК

                                                                            (Совршен спој на италијанската и австриската култура)

                                                                                                            (04.12.2025 – 09.12.2025)

 

Алпската област Тирол е поделена меѓу две земји: Австрија и Италија… И двата дела наликуваат еден на друг: преубави барокни градови, автентична архитектура измешана со природните убавини на Алпите кои над тиролските долини се издигнуваат кон небото… Малите италијански градови Тренто, Мерано и Болцано со својата убавина го одзимаат здивот, додека Инсбрук, главниот град на Тирол во Австрија е познат по својот преубав историски центар над кој доминираат волшебните алпски масиви…

 

Прв ден: 04.12.2025 (четврток)

12:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 13:30 часот од Скопје кон  Италија со туристички автобус. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.

Втор ден: 05.12.2025 (петок)

Пристигнување околу пладне во Тренто, градот сместен во јужниот дел на Трентино, област во Италија каде се испреплетуваат стилови од австриската готика и италијанската ренесанса, алпскиот бисер за кој во минатото војувал дури и Наполеон Бонапарта. Денес градот кој лежи на левата страна на реката Адиџе е бисерот на северна Италија и престолнина на целата област, препознатлив по симболите кои ни времето ни луѓето кои се менувале не успеале да ги уништат. Сместување на групата во хотелот „Everest“ 3* (https://www.hoteleverest.it/) кој се наоѓа во централното градско подрачје, на само неколку минути од еден од најубавите  плоштади во Италија „Duomo“. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови индивидуални прошетки низ улиците на градот кој ќе Ве врати во сосема друга епоха. За него велат дека наликува на стара дама која се мажела два пати… Од првиот маж, Австриецот ги прифатила прецизноста и дисциплината, а од вториот маж, Италијанецот ја превзела страста кон модата и чувството за пријателство. Топло добредојде ќе ни посака прочуената фонтана Нептун, неизбежниот симбол на сите разгледници која го добила името по истоименото римско божество, а на неколку чекори од неа се куќите на познатите италијански фамилии Balduini I Cazuffi украсени со преубави фрески. Тука е и прочуената кула која гордо „лета“ во небото, градската катедрала „San Vigilio“ која го добила името по заштитникот на градот, цркви и манастири градени во ренесансен и римски стил. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки низ улиците на Тренто кои се украсени со празнични светла, а на две места во стариот град се поставени живописни дрвени колиби. Секоја година божиќниот пазар во Тренто плени со своите локални производи и ракотворби, идеи за подароци и божиќни декорации кои во комбинација со деликатесите од Тренто, го направи познат како „Божиќен град“ (Città del Natale). Идеален за прошетки, нуди широк избор на домашни производи и традиционални гастро специјалитети…тука секако дека треба да го пробате Tortel de Patate, познатото јадење направено само од три состојки: компир, масло и сол. Ноќевање.

Трет ден: 06.12.2025 (сабота)

Појадок. Заминување на целодневен излет кон градовите Мерано и Болцано. Во непосредна близина на границата со Австрија се наоѓа Мерано, најубавата и најпозната термална бања на „сончевата страна на Алпите“ и една од најпознатите бањи во светот во чија околина има 52 дворци од кои повеќето се преадаптирани во хотели, а во срцето на градот има 25 надворешни и внатрешни базени. Благодарение на Австро-унгарската царица Елизабета позната како Сиси, овој град прераснал во елегантно и луксузно место уште во 19. Век… Средновековен шарм и елеганција, готска катедрала, ботанички градини, бројни улици со аркади и дворци се само некои од атракциите во градот за кој дури и писателот Франц Кафка запишал дека е еден од најубавите области на северот од Италија кој некогаш го видел. Во самиот центар на градот во 15. Век Австрискиот војвода Zigmund го изградил замокот  Principesco кој до денес го отсликува животот во средниот век. Слободно време за индивидуални прошетки низ божиќниот пазар во Мерано кој обезбедува магична атмосфера за која локалние жители велат:  Ја сакаме интимноста, но знаеме и како да се забавуваме. Живееме во Божиќна атмосфера полна со емоции и се надеваме дека ќе Ви ги пренесеме и Вам… Срцето чука на Божиќниот пазар во Мерано, а духот може да се почувствува во целиот град, целата територија и меѓу неговите луѓе. Во прекрасниот спа-град Мерано шеталиштето покрај реката Passer е исполнето со тезги на кои се нудат божиќни украси и традиционални локални производи . Сè е магично овде: мирисот на цимет и зачини што потсетуваат на домашни колачи, меките светла и украсената елка, веселата атмосфера… Потоа заминуваме кон Болцано,  шармантен град кој се наоѓа на листата на најдобри места за живеење во Италија, еден од најголемите градови во Алпите. Тука, на едно место ќе го видиме спојот на австриската и италијанската култура, но и неверојатниот контраст на модерното и традиционалното. Прошетка низ главниот градски Валтеров плоштад и низ улиците низ кои доминираат пастелно обоени фасади на зградите. Слободно време за уживање во главната трговска зона на градот со интересни продавници сместени на стаклените кровови … Сместен во срцето на Доломитите, Божиќниот пазар во Болцано е еден од најубавите во Италија. Историскиот центар на градот е претворен во зимски рај, со украсени дрвени куќи кои нудат рачно изработени сувенири, локални деликатеси и греано вино. Саемот нуди единствена комбинација од алпски и медитерански традиции и е искуство кое ги вклучува сите сетила: мириси на божиќни зачини и греaно вино, украсени дрвени колиби и празничните светла кои создаваат магична атмосфера. Градот оживува со традиционална музика и радосни гласови што го придружуваат на секој чекор. Секој агол од градот зрачи со топлина и добредојде, давајќи им незаборавни емоции на оние кои ќе одлучат да се потопат во оваа празнична атмосфера. Во вечерните часови враќање во  хотелот во Тренто. Ноќевање.

Четврти ден: 07.12.2025 (недела)

Појадок. Заминување на целодневен излет во Австрија. Разглед на Инсбрук, градот во кој се сретнуваат минатото и иднината, градот на алпските зимски спортови, градот кој можете да го запознаете дури кога ќе зачекорите во него. Најголемата негова атракција е зградата со златен кров чиј балкон е покриен со позлатени бакарни плочки. Постои приказна дека е изградена во 1500 година во чест на царот Максимилијан кој се женел два пати, а на овој балкон е отсликан неговиот живот со двете жени. Царот уживал од овој балкон да ги гледа турнирите кои се одржувале на плоштадот. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки и можност да ја доживееме традиционалната, романтична и празнична божиќна атмосфера во Инсбрук. Шарените тезги на божиќниот пазар се сместени помеѓу атрактивните средновековни згради, а улиците се трансформираат во бајковита лента. Но бидете внимателни, на примамливите ароми од греано вино и вкусните закуски е речиси невозможно да им се одолее. Во доцните попладневни часови враќање назад во хотелот во Тренто. Ноќевање.

Петти ден: 08.12.2025 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 09.12.2025 во раните утрински часови.

 

                                                                                  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………429 евра (26.600 денари)

                                                                                                (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз со туристички автобус

Три ноќевања со појадок  во хотел „Everest“ 3***  во Тренто

Организирана посета на Мерано, Болцано и Инсбрук

Туристички водич за време на сите разгледи

Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Туристичка такса во Тренто – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

Доплата за еднокреветна соба – 90 евра ( за трите ноќевања)

Патничко осигурување

 

                                                                    За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

                                                                                               

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Град кој никогаш не спие, исполнет со арома на зачини, со звукот на живите пазари и прекрасната архитектура.

Истанбул – единствениот град метропола кој спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Градот претставува дом на многу култури, центар на империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат бројни историски знаменитости: џамии, цркви, синагоги, дворци и кули. Наполеон Бонапарта рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

05.12.2025 – петок

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување во 10:50 часот, слетување во Истанбул во 14:15 часот (локално време). Организиран трансфер и панорамски разглед на градот  со локален водич на англиски јазик (попатно до хотел). Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу.

Вечерта, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој.

Галата кула е некогашен затвор во модерната област Бејоглу, кој денес е еден од најпопуларните туристички атракции.

Околината на Галата Кула е како мал свет за себе – тесни калдрмисани улички што се издигнуваат нагоре, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што те следи на секој чекор. Тука секој агол има своја приказна, стари фасади со шарени врати, уметнички графити и топол пулс на локалните жители. По прошетката, нема подобар начин да се заокружи денот со едно парче San Sebastian чизкејк, десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек, кремаст вкус.

Каракој е едно од оние места во Истанбул каде што минатото и модерниот дух се спојуваат совршено. Некогаш старо пристаниште, а денес – вистински рај за љубителите на кафе, улична уметност и вкусна храна. Улиците се полни со шармантни кафулиња, мали пекари, уметнички галерии и скриени дворови кои раскажуваат приказни.

Ако сакаш да го почувствуваш вистинскиот пулс на Истанбул, тогаш Каракој е местото каде што треба да седнеш, да земеш едно турско кафе и да го гледаш животот како тече пред тебе. Ноќевање.

 

06.12.2025 – сабота

Појадок во хотел. Факултативна посета на  Долмабахче Палата, Ортакој, Таксим и улицата Истиклал.

Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка, за фотографирање со неверојатната панорама на Босфор, и, секако, за дегустација на познатиот компир (kumpir  – печен компир со додатоци).

Турата продолжува кон плоштадот Таксим, срцето на современиот Истанбул. Плоштадот е место каде што се преплетуваат минатото и сегашноста, а неговата динамична атмосфера и важноста во историјата на градот го прават задолжителна дестинација за секој посетител. Од Таксим, продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најпознатите и најоживени улици во Истанбул. Истиклал е полна со продавници, кафулиња, галерии, книжарници и уметнички студија, а нејзината колоритна атмосфера, музика и постојан живот ја прават вистински магично место за прошетка и уживање. Оваа тура е совршена комбинација на историја, култура, гастрономија и урбан живот, нудејќи ви искуство кое ќе го паметите долго време. Враќање во хотел. Факултативно – можност за крстарење по Босфор. Ноќевање.

 

07.12.2025 – недела

Појадок во хотел. Факултативна посета Базилика цистерна, Аја Софија, Султанахмет, Топкапи и Капали Чаршија.

Ќе ја започнеме турата со посета на мистичната Базилика цистерна, едно од најинтересните подземни византиски пронајдоци во Истанбул. Оваа огромна цистерна со високи столбови, пригушена светлина и мистична атмосфера ја задржува магијата на минатото и ќе ве потопи во временскиот слој на византиската империја.

Потоа ќе се упатиме кон величествената Аја Софија, некогаш христијанска црква, потоа џамија, а денес музеј и симбол на синтеза на култури и религии. Ќе се восхитувате на грандиозниот ентериер со импресивни мозаици, куполи и историски детали кои го прават ова место едно од најзначајните архитектонски чуда на светот.

Следната станица е Сината џамија (Султанахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура. Нејзините импресивни минариња, небесносината внатрешност и софистицираниот дизајн на плочки создаваат чувство на мир и величественост.

Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на османлиската империја. Ќе ги откриете раскошните сали, богатите збирки на накит и реликвии, како и прекрасните градини со поглед кон Босфор.

Турата ќе ја завршиме со автентично искуство во легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот. Слободно време за да се прошетате помеѓу шарените дуќани, мирисот на зачини, вкусот на локалните деликатеси и рачно изработени сувенири. Враќање во хотел.

Во вечерните часови гратис пешачка тура – Галата порт. Ноќевање.

 

08.12.2025 – понеделник

После појадок во хотелот, одјавување и слободно време за прошетка и шопинг на прочуената улица Истиклал.

Трансфер до аеродром во 12:15 часот. Полетување за Скопје во 16:15 часот, слетување во Скопје во 15:45 часот локално време.

 

                                                                  ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2025  369 ЕВРА (22,880 мкд)                                                                                                                                                          

                                                                                ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 ЕВРА (24,740 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlines со вклучен кабински багаж – 8 кг. и чекиран багаж од 20 кг.
05/12/2025 PC352 Skopje – Istanbul 10:50 14:15    
08/12/2025 PC353 Istanbul – Skopje 16:15 15:45    

 

  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел Бристол 3+* на база 3 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса во хотел
  • Панорамски автобуски разглед на Истанбул со локален водич (попатно кон хотел)
  • Посета на Ускудар, Таксим, Истиклал, Ортакој, Каракој, Галата кула Долмабахче палата (без влезница), Топкапи палата (без влезница) Аја Софија (без влезница), Базилика Цистерна (без влезница), Султанахмет, Капали Чаршија
  • Локален водич на англиски јазик
  • Организиција на аранжманот и придружник од агенција за време на целото патување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница Долмабахче Палата – 50 евра
  • Влезница Аја Софија – 35 евра
  • Влезница Базилика цистерна – 40 евра
  • Влезница за Топкапи палата со слушалки – 60 евра
  • Ноќно крстарење по Босфор со трансфер, водич, вечера со вклучени алкохолни пијалоци – 60 евра
  • Доплата за еднокреветна соба – 90 евра
  • Патничко-здравствено осигурување (задолжително, информации во агенција)

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 20 лица
  • За реализација на сите факултативи со наведените цени потребни се минимум 20 лица – цените на факултативите се подложни на промени согласно бројот на пријавени патници.
  • Постои можност за организација на дополнителни индивидуални факулативи – инфо за цени во агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и саатници
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

 

View of the Vltava River and Charle bridge with red foliage, Prague, Czech Republic

Прага ( Дрезден – OUTLET PARNDORF – Виена)- 2НП Christmas Market

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 05 Декември

1 ден:  05.12.2025 СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 2 ден: 06.12.2025  ПРАГА:

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за мистично крстарење по Влтава. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден: 07.12.2025 ПРАГА –  ДРЕЗДЕН :

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.

 4 ден : 08.12.2025  ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден : 09.12.2025 СКОПЈЕ:

Предвидено пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во  пладневните часови.

 

                                                           ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10 Октомври: 199€ / 12.340 Ден.

                                                                                 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219€/13.580 Ден. 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  •  Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  •  2 ноќевања со појадок во Hotel Olympic Congres 4*  во Прага
  •  Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  •  Посета на Виена и прошетка низ центарот на градот
  •  Организација и водство на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  •  Задолжително патничко здравствено осигурување 250  мкд
  •  Туристичка такса (се плаќа во агенција) – 310 мкд
  •  Разглед на Прага со локален водич – 20€
  •  Факултативна посета на Дрезден  со локален водич– 45€
  •  Крстарење со брод по Влтава – 20 €
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 80€  (Разглед на Прага со локален водич+ посета на Дрезден  + Крстарење со брод по Влтава)
  •  Влезници за музеи и локалитети
  •  Доплата за еднокреветна соба 2.900 ден
  •  Доплата за избоер на седиште(при резервација) -20€

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на METРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање 

                                                                                         

Aerial view of old town, castle and aqueduct in Kavala, Greece, Europe

                                                                                                  БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО КАВАЛА И ДРАМА

                                                                                                                     (05.12.2025-07.12.2015)

 

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички.  Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …

 

Прв ден: 05.12.2025 година (петок)

04:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала. Организирано разгледување на еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Посета на стариот дел на Кавала со локален туристички водич, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Потоа сместување во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој веќе започнуваа да живее во претпразнична еуфорија. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.

Втор ден: 25.12.2019 година (сабота)

Појадок. Во договореното време заминување на групата кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Тука, во самиот град кој особено оживува за време на Божиќните празници, на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци… Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци… Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во вечерните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

Трети ден: 07.12.2025 година (недела)

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните  часови.

 

                                                                              ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

                                                                                            (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
  • Посета на Драма
  • Локален туристички водич за разглед на Кавала
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба…..36 евра (за двете ноќевања)
  • Деца до 6 години бесплатно доколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

 

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Истанбул за 8 Декември (2ноќи)

Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор во месец декември. Истанбул е прекрасен во секоја доба на годината.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 119евра, РЕДОВНА ЦЕНА 149 евра.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
    Факултативните излети:
  • Крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа– 25 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој– 20 евра
  • Балат – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија- 10евра – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

ПАКЕТ со сите ФАКУЛТАТИВИ 70 евра по лице

ИНФОРМАЦИИ:

  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 10 години плаќаат 85 евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

Прв ден – петок (05.12)

Средба на групата кај хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – сабота (06.12)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија, како и некогашниот Хиподром, Аја Софија, Топ Капи палатата и Сината Џамија.

Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.

Трет ден – недела (07.12)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со местото Кадикој на азиската страна. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.

Вечерта враќање во хотел и ноќевање.

Четврт ден – понеделник (08.12)

По појадокот, следува одјавување од хотелот и можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.

По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки.

Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови во вторник.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
    Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
    Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
    Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
    Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Метрополитен Травел.

                                                                                         

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)