КУБА – ВАРАДЕРО И ХАВАНА
Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат поголем комфор.
Ако досега сте сонувале за Карипските острови и се наоѓаат на вашата bucket листа, започнете ја животната авантура со живописната Куба (Cuba)!
Во првиот дел од патувањето сместени сме во срцето на Хавана. Освен што ќе се телепортирате во минатото, ќе се телепортирате и во шареноликиот свет на музиката, слободата и различностите, а таму ќе ве пречека насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури, за еден магичен и среќен живот. Прошетајте по автентичните улици на шармантната Хавана, впијте ја нејзината енергија, нејзините бои и препуштете им се на звуците што ќе ве натераат да почнете да тацувате. Ве очекува возење со стари автомобили од ’50-тите и ветар во коса! Мохито во Бодегита Дел Медио и даикири во Ел Флоридита – омилените места на Хемингвеј.
Патувањето го продолжуваме во Варадеро, сместени на база All Inclusive во Хотели со 5*.
Варадеро (Varadero), главниот туристички центар ќе ве освои со белите песочни плажи кои изгледаат како некој да ги оживеал најегзотичните разгледници.
Насмеаното племе Ве носи на уште едно незаборавно патување на Куба.
Денови за враќање во минатото, гласна музика, насмевки, ветар во коси, сонце, плажа, разиграни деца, насмеани луѓе, луди излегувања и желба што поскоро да се вратиме на ова магично место.
Viva la Cuba!
План и програма
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Што е вклучено
Сместување
La Maestranza – Havana Пример или Casa Particulares – Havana Пример 5 ноќи
Grand Memories Resort 5 – Varadero Пример 4 ноќи
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Хавана (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
- Трансфер од Хавана до Варадеро
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
4 × All inclusive
Не е вклучено
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Виза за Куба која изнесува 15€ по патник.
Факултативни излети
Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети
Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)
Вињалес
Las Terrazas Zip-lining
Фармата на крокодили и Guama Snorkeling
Seafari Cayo Blanco
Сместување
La Maestranza – Havana Boutique Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Casa Particulares – Havana
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Grand Memories Resort 5* – Varadero
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Останати поаѓања за Куба
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации поврзани со влез во државата
За сите кои патници кои патуваат со македонски пасош потребна е виза за влез во државата, која чини 15€ и истата ја посредува агенцијата.
Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

















.jpg)



%20(2).png)










.webp)
.jpg)
.webp)
.png)


.jpg)


.webp)


