Just one second...

 
Downtown Siena skyline in Italy with blue sky

22-27.10.2026 ТОСКАНА (Болоња – Фиренца – Чинкве Тере -Сиена-Сан Џимињано- Пиза- Outlet Shoping centar Barberino) 3НП

€199,00
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 22 Октомври

1 ден 22.10.2026 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 23.10.2026 Болоња – Монтекатини

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и можност да се искачите до Монтекатини Алто со Фуникулар и да уживате во романтичната атмосфера на стариот град. Ноќевање.

3 ден 24.10.2026  Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. . Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026 Монтекатини – Фиренца – Пиза

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити…Во попладневните часови заминуваме накај Outlet Shoping Centar Бarberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел

5 ден 26.10.2026 Монтекатини- Cinque Terre- Скопје

Појадок. После појадкот заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Скопје.  Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден   27.10.2026 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.09.2026: 199€/ 12.340 ден.

* Цената за рана резервација е валидна со резервација на пакет излети

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување (без франшиза) – 300 ден (цена за лица до 60 години)
  • Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Фиренца + Outlet Shoping centar Barberino + Пиза – 40€ (се плаќа во агенција)
  • Целодневен излет на Cinque Terre  (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) – 60€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 60€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Целодневен излет на Cinque Terre + Посета на Сиена и Сан Џимињано – 110€
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

 

 

                                                                                       

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Истанбул со Принцески острови 3НП – Велигден

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 22 Октомври 2026

1 ден 22.10.2026  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 20:05ч. Пристигнување во Истанбул во  22:30ч. Трансфер на групата.

Сместување  во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 23.10.2026 ИСТАНБУЛ

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!

Ноќевање.

 

3 ден 24.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети 

Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.                                                                                        

АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот  ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 26.10.2026  ИСТАНБУЛ 

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ ( за група мин. 15 лица):

Појадок. Напуштање на собите.

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот,  Египетскиот пазар…

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16: 50ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16: 15ч.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €/ 23.500 ден.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Авионски билет Скопје_Истанбул- Скопје
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевањасо појадок
  • Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим ( за група мин. 15 лица)
  • Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.)
  • Професионален туристички пратител на групата за група над 15 лица
  • Професионален  локален туристички водич (за група мин. 15 лица)

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативни излети (за група мин. 15 лица):

  • Крстарење по Босфор + Султан Ахмед плоштад – 60€
  • Крстарење кон Принцеските острови + Азиски Истанбул – 80€
  • Вечера на брод со шоу програма – 60€
  • Долма Бахче сарајот со локален водич   (Резиденционален дел вклучена влезница) – 60€
  • Пјер  Лоти + Патријаршија + Балат – 45€ 
  • Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција
  • Чекиран багаж до 12 кг – 30€ по лице ( доплатата  за багаж се однесува за сите патници по пријавата)
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на патувањето се потребни се минимум 2 лица
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Задолжителна уплата при резервација 50% од вредноста на аранжманот, износ кој е неповратен во случај на отказ на патникот.
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел

Stairs in San juan de Gaztelugatxe. Basque Country

АМАЛФИ Ривиера 3НП ( Соренто – Капри – Поситано – Амалфи – Неапол- Бари)

 

Термин 11 Октомври 2026

 

1 ДЕН: 11.10.2026 СКОПЈЕ – ДРАЧ

Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Косово кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари.

2 ДЕН 12.10.2026 БАРИ  -СОРЕНТО:

Пристигнување во Бари во 08.00.  По царинските формалности заминуваме  кон  Бари, главниот град на регионот Апулија и едно од најважните пристаништа на Јужна Италија. Бари има посебен шарм, бидејќи ги комбинира старото и новото, тесните улички на стариот град се мешаат со модерниот град и живата атмосфера на Медитеранот. Бари е духовен центар но и жив град полн со живот, место каде историјата, верата, и секојдневниот живот се спојуваат во една топла медитеранска приказна. Срцето на градот, познат како  Bari Vecchia, крие вистинско богатство – Базиликата Свети Никола, една од најзначајните цркви во цела Италија но и во целиот Христијански свет. Изградена е во 11 век во романски стил, со цел да ги чува моштите на Св. Никола, светец почитуван и од православните и од католиците. Застанување кај црквата Св. Никола, прошетка низ историскиот центар на градот и слободно врема за кафе пауза.

Патувањето продолжува накај Соренто. Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН 13.10.2026 ПОСИТАНО – АМАЛФИ:

Појадок. Препорачуваме целодневен излет долж колоритниот брег Амалфи, една од најпопуларните туристички ривиери на Италија, начичкана со шарените италијански села и живописни патеки кои водат до мирисните плантажи со лимони и портокали а која се протега од Поситано до градот Салерно. Една од најубавите разгледници од брегот на Амалфи е панорамскиот поглед на Поситано, некогаш рибарско селце, всечено во брегот… романтично и сликовито. Прошетка низ колоритните улички на Поситано. Слободно време за индивидуални прошетки.  Продолжуваме накај Амалфи, некогашна поморска сила по која и целата ривиера го добила името. Градот е под заштита на УНЕСКО и е бисер на средновековната архитектура. Прошетка до катедралата со впечатлива и декоративна фасада – Св. Андреја и централниот плоштад. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот. Соренто е бисерот на Неаполскиот залив, познат по огромните лимони од кои се прави Лимончело… Овде се мириса на лимони- од сладиоледи до сапуни и парфеми. Соренто не е место, Соренто е чувство… тука се доаѓа ако барате нешто повеќе од патување. Враќање во хотел.  Ноќевање.

4 ДЕН  14.10.2026 КАПРИ :

Појадок. Препорачуваме излет до островот Капри, остров кој ќе Ве освои штом ќе зачекорите на него. Тиркизно море, мирис на лимони, улички кои како да се создадени за лутање и погледи од кои застанува здивот.

Не пропуштајте да пробате свежи морски плодови, локална риба, капресе салата и домашна паста или пица  печена на печка на дрва а за крај освежете се  со лимончело, џелато или торта капрезе.

Marina Grandeе главното пристаниште на Капри и првото место на кое ќе зачекорите по пристигнувањето на островот… традиционални куќи во пастелни бои, мали продавнички со рачно изработени сувенири и бројни ресторани кои нудат локални кулинарски специјалитети.  Тука се наоѓа и најголемата јавна плажа на Капри.

“Piazza Umberto I”Секој италијански град има свој централен плоштад а на Капри тоа е “Piazza Umberto I” позната како Ла Пјацета… некогаш пазар за риба, денес главно собиралиште и на мештаните и на туристите.

“Monte Solaro” е највисоката точка на Капри со своите 589 метри и место кое дефинитивно не треба да го пропуштите. Од врвот се пружа спектакуларен панорамски поглед на целиот остров, на Тиренско море а кога времето е убаво дури и на брегот Амалфи.

“Градините Август”Мирна оаза со бујно зеленило, цвеќиња во сите бои и панорамски балкони од кои се пружа величенствен поглед на “Marina Piccola” и на кривите патеки на “Via Krupp”. (влезот се наплаќа 2,5 еур исклучиво со платна картичка).

По прошетката следи слободно време за индивидуални активности и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот.

Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН  15.10.2026 СОРЕНТО – НЕАПОЛ – БАРИ :

Појадок. По појадокот  заминуваме накај Неапол, прошетка низ историскиот центар на градот Piazza del Plebiscito, Кралската палата, Teatro di San Carlo и галеријата Umberto I… слободно време за индивидуални прошетки и ручек, прошетајте по тесните улички полни со живот, бои, вкусови и автентична атмосфера. Пробајте ја прочуената Наполитанска пица Маргарита и уживајте во еден од најколоритните градови на Италија.

Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.

 

6 ДЕН  16.10.2026 ДРАЧ – СКОПЈЕ :

Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните/вечерните часови часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.09.2026 : 359€/ 22.260 ден

* Цената за рана резервација е валидна со резервација на сите излети

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 389€/ 24.120 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Бари -Соренто -Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари -Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел Hotel Villa Igea 3* НП во Соренто
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари
  • Задолжителна посета на Бари и Неапол – 40€ (се плаќа во агенција)
  • Излет Поситано и Амалфи -70€ (задолжителна резервација и уплата во агенција )
  • Излет Капри – 90€ (задолжителна резервација и уплата во агенција )
  • Доплата за бродска кабина Драч-Бари- Драч (два правци) – 50 €
  • Туристичка такса 10€ по лице (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 5.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 20€
  • Доплата на дополнително седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од  45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

 

                                                                                                                     

 

 

 

 

 

 

                                                                                       

Downtown Siena skyline in Italy with blue sky

08-13.10.2026 ТОСКАНА (Болоња – Фиренца – Чинкве Тере -Сиена-Сан Џимињано- Пиза- Outlet Shoping centar Barberino) 3НП

€199,00
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 08 Октомври

1 ден 08.10.2026 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 09.10.2026 Болоња – Монтекатини

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и можност да се искачите до Монтекатини Алто со Фуникулар и да уживате во романтичната атмосфера на стариот град. Ноќевање.

3 ден 10.10.2026  Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. . Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 11.10.2026 Монтекатини – Фиренца – Пиза

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити…Во попладневните часови заминуваме накај Outlet Shoping Centar Бarberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел

5 ден 12.10.2026 Монтекатини- Cinque Terre- Скопје

Појадок. После појадкот заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Скопје.  Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден   13.10.2026 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервација на последните слободни места: 199€/ 12.340 ден.

* Цената за рана резервација е валидна со резервација на пакет излети

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел Hotel Terme Palace 4*  на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување (без франшиза) – 300 ден (цена за лица до 60 години)
  • Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Фиренца + Outlet Shoping centar Barberino + Пиза – 40€ (се плаќа во агенција)
  • Целодневен излет на Cinque Terre  (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) – 60€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 60€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Целодневен излет на Cinque Terre + Посета на Сиена и Сан Џимињано – 110€
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

 

 

 

                                                                                       

Architecture of Oia town on Santorini island, Greece

Санторини 3НП

Термин : 08 Октомври

 

1 ДЕН 08.10.2026 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 09.10.2026 ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување.  Препорачуваме посета на Пиргос, највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН  10.10.2026  САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичнoто  живописно селце  Мегалохори… Продолжуваме кон балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички на Фира… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.

4 ДЕН 11.10.2026 САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.

Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.

5 ДЕН 12.10.2026 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН  13.10.2026 СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.09.2026: 269€/ 16.680 денари 

* Цената за рана резервација е валидна со резервација на пакет излети

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€/ 18.540 денари 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Iliada во Периса, Санторини
  • организација и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • задолжително патничко осигурување 300 денари (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса ( 9 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)
  • Доплата за седиште по избор 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Доплата за еднокреветна соба 4.200 денари

Факултатувни излети и програми

  • Oia (Иа), залез на сонце – 30€
  • Full day Santorini – 50€ (превоз + водич)
  • Kaldera morning  – (крстарење со брод+водич) 50€
  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) – 40€
  • Посета на Пиргос 20€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 170 Евра по лице 

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност минимум 3 месеци по завршување на патувањето.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денар
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

                                                                                       

Kavala old town and the Byzantine fortress on the hill of Panagia, Greece

 

11.ОКТОМВРИ ВО КАВАЛА

(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)

(10.10.2026 – 12.10.2026)

 

Прв ден: 10.10.2026 (сабота)

03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во попладневните часови индивидуални прошетки кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.

 

Втор ден: 11.10.2026 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија – клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледувањето на манастирот заминуваме кон едно од најпосакуваните туристички места на Тасос -Потос. Слободно време за индивидуални активности. Патувањето продолжува кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена чиста вода која тече надолу од планините до селото по канали кои го пленат секој кој ќе ги види. По слободното време, заминување на групата кон Лименас и враќање со фериброд во Керамоти а потоа со автобус кон хотелот во Кавала. Ноќевање.

 

Трети ден: 12.10.2026 (понеделник)

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***

– Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за  фериброд

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување

– Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…2,5 евра по лице од вечер

–  Доплата за еднокреветна соба…..40 евра (за две ноќевања)

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

View of the Vltava River and Charle bridge with red foliage, Prague, Czech Republic

Прага 3НП (Карлови Вари – Дрезден – Виена -OUTLET PARNDORF)

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

1 ден  08.10.2026 СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Денско и  Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден 09.10.2026 ПРАГА

Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус,  Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 10.10.2025 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време.  Ноќевање   

4 ден  11.10.2026 ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.  

 

 5 ден 12.10.2026 ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.

6 ден 13.10.2026 СКОПЈЕ

Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови (во зависност од граничните премини)

 

ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.08.2026 : 239 евра / 14.820 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  269 евра / 16.680 денари

 

 

 

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич  (20€)
  • Факултативен излет Карлови Вари   (40€)
  • Крстарење со брод по Влтава  (25€)
  • Целодневна посета на Дрезден  (50€)
  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
  • Патничко осигурување 300 ден.
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за седиште по избор (20€)
  • Доплата за дополнително седиште (150€)

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МЕТРОПОЛИТЕН ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

 

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)