Just one second...

 
mesopotamija

23.ОКТОМВРИ ВО ДРЕВНА МЕСОПОТАМИЈА

Комбинирана програма со лет од Скопје

(23.10.2026 – 29.10.2026)

ШАНЛИУРФА-ХАРАН-МАРДИН-МИДИЈАТ-ДИЈАРБАКИР-НЕМРУТ-ХАЛФЕТИ-ГАЗИАНТЕП

 

Тајните на Месопотамија, лулка на западната цивилизација, една од најзначајните области во историјата на човештвото. Тоа е Земјата меѓу двете реки – Еуфрат и Тигрис на подрачјето на југоисточна Азија, првата област на планетата на која биле формирани градови и писменост: Мардин, престолнина на истоимената провинција прочуен по својата архитектура и ѕидините на стариот град кои датираат од единаесетиот век; Газиантеп, шести по големина град во Турција, центар на турската гастрономија, град со најголемиот музеј-мозаик на светот… Ова е прошетка во минатото во земјата во која луѓето верувале дека вонземјани дошле и им ги дале првите кралеви за подоцна свештениците да бидат помоќни од нив… Ова е приказна која мириса на цимет,ф`стаци, бадеми и урми!

 

Прв ден: 23.10.2026 (петок)– Скопје-Истанбул-Шанлиурфа

06.30 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 часот по локално време. Летот за Шанлиурфа е во 12.50 часот, слетување во 14.40 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон Шанлиурфа, библискиот град на пророкот Аврам и на царот Нимруд кој го претскажал неговото раѓање. По пристигнувањето сместување на групата во хотелот „Haraan“ 4**** (https://www.hotelharran.com.tr/) кој се наоѓа во централното градско подрачје. Краток одмор од патувањето а потоа заминуваме на организиран разглед на еден од најважните поклонички градови на Блискиот Исток. Градот уште го нарекуваат и „Градот на пророкот“ најмногу поради христијанското и муслиманското наследство; и Библијата и Куранот пишуваат дека тука е родното место на пророкот Аврам (Абрахам). Градот е стар илјада години, населен со племиња и кралства уште 9000 години пред раѓањето на Христос и ја носи славата дека е првиот град што го прифатил христијанството само неколку години по распнувањето на Исус. Една муслиманска легенда раскажува за кралот Нимрод, кој преку пророштво дознал дека ќе се роди момче по име Аврам. Според легендата, Аврам ќе ги надмине кралевите и боговите, па Нимрод успеал да го фати и да го фрли во специјално подготвена клада за да го уништи. Но, Божјо чудо ги претворило пламените во вода, а жешкиот јаглен во крап (рибите во езерото Халил-ур Рахман се сметаат за свети, почитувани од луѓето и не смеат да се јадат ). Рибното езеро или Баликали Ѓол е местото каде ќе се потопиме во древната приказна за чудесното преживување на пророкот. Ќе го посетиме и комплексот Халил-Јур Рахман, кој се наоѓа во југозападниот агол на езерото а се состои од џамија, теолошко училиште, гробишта и местото каде паднал Авраам кога бил фрлен во оган. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање

 

 

Втор ден: 24.10.2026 (сабота)– Шанлиурфа- Гобекли Тепе-Харан-Мардин

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Мардин, еден од ретките градови во светот кој целосно е под заштита на УНЕСКО, но попатно ќе разгледаме многу локалитети кои во себе кријат богата историја, културни наследства и единствена архитектура. Започнуваме со Гобекли Тепе, археолошко наоѓалиште чии остатоци датираат од пред околу 11.000 години што го прави еден од најстарите познати монументални комплекси во светот заштитени од УНЕСКО. Се состои од неколку камени кругови и правоаголни платформи изградени од големи монолитни камени столбови што претставува мистерија за археолозите и истражувачите кои остануваат импресионирани од сложеноста на комплексот што се појавил илјадници години пред историјата да ја познава монументалната архитектура.  Се смета дека е ископан само мал дел, околу пет проценти кои од 2000-та година се отворени за јавноста. Потоа продолжуваме кон блиското село Харан, изградено на остатоците на 5000 години стариот моќен град Харан. Според Библијата, тоа е местото каде Аврам поминал дел од својот живот пред да го прими божјиот благослов и да се упати кон ветената земја. Она што е најкарактеристично за Харан се неговите традиционални, кружни конусни куќи со куполи кои во последните 3000 години се градени со глина и кал, одлично изолирани за време на летото и зимата заради различните временски температури. Слободно време за фотографирање и за кафе. Од таму се упатуваме кон Мардин, градот кој е познат по својата стратешка локација на патот кон свилата во Горна Месопотамија, привлекувајќи ги трговците од цела Анадолија и Блискиот Исток. Сместување на групата во хотелот „Raymar Hotel“ 5***** (https://raymarhotels.com.tr/mardin/en/ ) лоциран во новиот дел од градот. Краток одмор а потоа ја започнуваме нашата прошетка низ стариот град што во суштина е прошетка низ Музеј на отворено кој ги воодушевува посетителите со своите кривулести патеки, камени куќи и бескрајниот хоризонт. Мардин има уште нешто посебно-тоа е милениумскиот дом на Сиријците, милионска дијаспора, од која 5.000 жители сеуште живеат во Мардин, нарекувајќи се себеси „први христијани“ откако ја прифатиле христијанската вера во средината на првиот век. Нивниот јазик е семитски, близок до арамејскиот јазик на Исус, а благодарение на нивниот мирен соживот со муслиманите, градот и неговата околина изобилуваат со цркви и манастири. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот кој цвета со пазари и гостилници кои нè мамат со вкусни зачини, топли оброци, ориентален накит, извонредни бакарни садови, природен сапун и украсни шалови. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 25.10.2026 (недела)- Мардин-Манастир Deyrulzafaran– Антички град Dara-Манастир Mor Gabriel-Мидијат-Мардин

 

Појадок. Денеска ќе се вратиме илјадници години назад низ историјата и низ некогашна Месопотамија. Започнуваме од манастирот Deyrulzafaran, еден од двата најважни сириски православни манастири на светот. Според една приказна манастирот го добил името по цветовите на шафранот кој ѕидарите при изградбата го измешале во малтерот, а според друга верзија, името доаѓа од бојата на каменот од кој е изграден и потсетува на толчникот од цветот. Основан е во петтиот век на местото каде некогаш се наоѓал храм посветен на асирскиот бог на Месецот. Во текот на историјата манастирот бил претворен во тврдина и бил на два пати срушен се` до 793-та година кога бил реновиран и денес е седиште на Сириската Православна Црква. Продолжуваме кон археолошкиот локалитет Dara, еден од најпознатите древни градови во Месопотамија кој уште го нарекуваат и мала Кападокија. Ќе ги видиме остатоците од аквадуктот, црквата, палати и простории кои во римскиот период служеле за складирање на вода и храна. Прошетката низ историјата ја продолжуваме кон еден од најстарите христијански манастири на светот – Mor Gabriel, основан 397-ма година од новата ера од Мор Шемун (Симеон), аскетски свештеник и неговиот ученик Мор Гаврил. Низ вековите, манастирот станал еден од најважните духовни и образовни центри на Сириската Православна Црква, служел како седиште на епископи и патријарси и бил дом на голем број монаси. Манастирските згради се изградени од локален камен и се познати по своите прекрасни камени резби кои вклучуваат сложени геометриски и цветни мотиви. Овие резби ја одразуваат вештината и креативноста на средновековните занаетчии. Манастирот привлекува аџии од целиот свет кои доаѓаат да се молат, да присуствуваат на религиозни церемонии и да бараат благослов. Уште една убавина ни претстои за денешниот ден- стариот асирски град Мидијат кој низ своите тесни улички послани со калдрма и чипкастите декорации на куќите ќе не` врати во одамна заборавените времиња. Во минатото гратчето било населено само со Асирци кои го негувале христијанството преку корените кои потекнувале од стара Месопотамија. Денес тука живеат само мал број Асирци кои успеале да сочуваат девет цркви и еден манастир. Слободно време за прошетка низ ова симпатично гратче. Во договореното време враќање назад во хотелот во Мардин. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 26.10.2026 (понеделник)- Мардин-Дијарбакир-Немрут

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и нашето патување го продолжуваме во друга насока- кон Дијарбакир, градот сместен на бреговите на реката Тигрис во југоисточна Анадолија. Неговото старо име е Амида-антички град, кој претходел на римската колонизација во 3-от век од новата ера, проширен и утврден од римскиот император Константин II. Поради својата географска положба, овој град бил домаќин на бројни цивилизации низ историјата; некои велат дека тука владееле дури 33 цивилизации. Нивните траги сеуште можат да се најдат низ градските улици, сокаци, цркви, мостови… До ден денес, голем дел од тврдинските ѕидини од црн базалт што го опкружувале градот се зачувани, а некои од неговите најубави детали се дело на православните жители во 11 век. Ѕидовите се долги 5,5 километри изградени во два реда, имаат 4 главни порти, а по Кинескиот ѕид, ова се најдолгите зачувани ѕидини во светот… Потоа ќе пропешачиме низ тесните улички поплочени со вулкански камен, меѓу ароми на зачини и разновидни продавници што нудат производи изработени од различни занаетчии. Тука се наоѓа и една од најстарите џамии во цела Турција, Улу Џами или Големата џамија во Дијарбакир: изградена од црн базалт и бел варовник. Се смета за петтото најсвето место за муслиманите, веднаш по Големата џамија во Дамаск. Потоа продолжуваме да ја следиме картата на светското наследство на УНЕСКО и заминуваме кон планината Немрут. Планината Немрут, или Немрут Даги, е планина во југоисточна Турција, позната по своето археолошко значење и монументални скулптури. Замислете мистериозна гробница со глави од камени статуи расфрлани околу неа… Оваа гробница, која претставува мермерна пирамида од 50 метри, ја изградил Антиох I – најзначајниот владетел на Кралството Комагена, потомок на самиот Александар Македонски. Почитуван како самиот Бог, Антиох решил да ја овековечи својата личност со изградба на својот гроб, кој бил и светилиште на античките грчки и персиски богови. Планината се наоѓа во близина на градот Адијаман, на надморска висина од околу 2.150 метри, и е дел од Националниот Парк Немрут Даги. На врвот на планината има огромни камени скулптури на богови, митски суштества и самиот крал Антиох, кои се дел од неговиот мавзолеј. Овие скулптури кои претставуваат синтеза на персиски и грчки стилови, првично биле дел од поголема структура, но денес се делумно оштетени, а многу од статуите имаат одвоени глави што лежат на земја. Без разлика дали поради земјотреси или поради други причини, главите на статуите биле одвоени од нивните тела и создале уште поголема мистерија околу историјата на ова вешто архитектонско творештво. Под гробницата се скриени некои од најдолгите натписи на старогрчки јазик, пронајдени се слики од точната локација на небесните тела кои го откриваат времето на изградбата, се читаат скриени пораки и нејасни клетви. Набљудувањето на изгрејсонцето или зајдисонцето од врвот на Немрут е една од најпознатите туристички атракции бидејќи светлината спектакуларно ги осветлува статуите и создава уникатно визуелно искуство. Се вели дека при изгрејсонце или зајдисонце сјајот на гробницата оживува, се искапува во сјајот на сончевите зраци и засекогаш ја запечатува разбудената величина на еден антички град, во едно античко кралство, полно со мистерија, генерирајќи го постојаниот интерес на археолозите. Немрут Даги е внесен во листата на светско културно наследство на УНЕСКО во 1987-та година, поради неговата историска и културна вредност. По ова неверојатно доживување се упатуваме кон нашиот хотел кој е уште поуникатен „Nemrut Euphrates Hotel“ 3*** (https://www.nemruteuphrathotel.com/ ). Сместување на групата во хотелот што се наоѓа во границите на Националниот парк Немрут со својата единствена локација и прекрасна атмосфера во центарот на историското кралство Комагена. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 27.10.2026 (вторник)- Немрут-Халфети-Газиантеп

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и го продолжуваме нашето патување кон едно од најнеобичните места во Турција- градот Халфети изграден во 9. Век прек Христос од асирскиот крал Еуфрат. Во 1999-та година на реката Еуфрат на која лежи градот изградена е брана и притоа се расселени околу 6000 луѓе во околните села, а селото е целосно потопено па подоцна одново изградено. Денес градот е поделен на два дела- стар и нов град. Новиот град во кој се преселиле жителите се наоѓа на околу 15 километри оддалеченост, а стариот град Халфети останал под вода. Токму тука ќе запловиме со чамци по реката Еуфрат и ќе имаме можност  под водата да ги видиме потопените куќи од камен, минарето од џамијата, остатоци од стариот замок и други историски споменици. По оваа необична глетка, слободно време за прошетки низ градот кој е познат по уште нешто – Халфети е единственото место на светот каде растат посебен вид црни ружи познати како „Арапката која плаче“. Ружите цветаат на пролет и есен, а во текот на летото имаат интензивна црна боја. Подоцна се упатуваме кон нашето последно место од ова неверојатно патување – Газиантеп, градот кој e сместен на историскиот „Пат на свилата“ и низ вековите бил важен центар на културата и трговијата во таканаречената Горна Месопотамија. Градот пие од благословените води на реката Еуфрат и ќе не` пречека со непрегледните плантажи ф`стаци. Сместување на групата во хотелот „Kule Hotel&Spa“ 4**** (https://www.kulehotelgaziantep.com/en). Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 28.10.2026 (среда)-Газиантеп

 

Појадок. Денеска ќе уживаме во Газиантеп-турската престолнина на баклавата, градот кој во 2015-та година УНЕСКО го ставил на листата на креативни градови во светот кога станува збор за гастрономијата. Најпрво се упатуваме кон Zeugma, еден од најимпресивните музеи во светот со вредна колекција на римски мозаици. Покриениот дел од Музејот зазема површина од близу 30 илјади квадратни метри и во себе чува неверојатни мозаици од античкиот град Zeugma. Најолемата атракција е најпознатиот мозаик на кој е прикажан лик на девојка која со волшебните очи го следи секој посетител. Потоа продолжуваме низ старите улици на градот за да стигнеме до Grand Bazar, еден од петте најголеми базари во Турција. Тука сигурно нема да останете гладни: во градот се подготвуваат повеќе од 400 различни јадења од кои 300 се официјално регистрирани; на околу 200 места можете да пробате најразлични видови на баклави со сите можни вкусови од кои приматот е даден на ф`стакот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 29.10.2026 (четврток)-Газиантеп-Истанбул-Скопје

 

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот. Полетувањето од Газиантеп е во 15.50 часот по локално време, пристигнување во Истанбул во 17.50 часот. Летот за Скопје е во 20.30 часот, пристигнување во Скопје во 19.55 часот по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 15.07.2026……. 999 евра(61.940 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………1099 евра (68.140 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје – Шанлиурфа- Газиантеп-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 1 ноќевање со појадок во хотел со 4* во Шанлиурфа

• 2 ноќевања со појадок во хотел со 5* во Мардин

• 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3* во Немрут 

• 2 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Газиантеп

• Влезница во археолошкиот локалитет Гобекли Тепе

• Влезница во манастирот Deyrulzafaran 

• Влезница во манастиротMor Gabriel

• Локален превоз кон планината Немрут со вклучена влезница во Националниот Парк

• Возење со чамец по реката Еуфрат

• Влезница во Музејот Zeugma

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

Доплата за еднокреветна соба – 290 евра

Бакшиш за локалниот водич

Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 15. Јули 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 21. Септември 2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 

Downtown Siena skyline in Italy with blue sky

22-27.10.2026 ТОСКАНА (Болоња – Фиренца – Чинкве Тере -Сиена-Сан Џимињано- Пиза- Outlet Shoping centar Barberino) 3НП

€199,00
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 22 Октомври

1 ден 22.10.2026 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 23.10.2026 Болоња – Монтекатини

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и можност да се искачите до Монтекатини Алто со Фуникулар и да уживате во романтичната атмосфера на стариот град. Ноќевање.

3 ден 24.10.2026  Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. . Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026 Монтекатини – Фиренца – Пиза

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити…Во попладневните часови заминуваме накај Outlet Shoping Centar Бarberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел

5 ден 26.10.2026 Монтекатини- Cinque Terre- Скопје

Појадок. После појадкот заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Скопје.  Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден   27.10.2026 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.09.2026: 199€/ 12.340 ден.

* Цената за рана резервација е валидна со резервација на пакет излети

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување (без франшиза) – 300 ден (цена за лица до 60 години)
  • Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Фиренца + Outlet Shoping centar Barberino + Пиза – 40€ (се плаќа во агенција)
  • Целодневен излет на Cinque Terre  (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) – 60€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 60€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Целодневен излет на Cinque Terre + Посета на Сиена и Сан Џимињано – 110€
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

 

 

 

                                                                                       

Touristic sightseeing ships in istanbul city, Turkey.

Истанбул со Принцески острови 3НП – Велигден

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 22 Октомври 2026

1 ден 22.10.2026  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 20:05ч. Пристигнување во Истанбул во  22:30ч. Трансфер на групата.

Сместување  во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 23.10.2026 ИСТАНБУЛ

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!

Ноќевање.

 

3 ден 24.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети 

Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.                                                                                        

АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот  ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 26.10.2026  ИСТАНБУЛ 

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ ( за група мин. 15 лица):

Појадок. Напуштање на собите.

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот,  Египетскиот пазар…

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16: 50ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16: 15ч.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €/ 23.500 ден.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Авионски билет Скопје_Истанбул- Скопје
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевањасо појадок
  • Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим ( за група мин. 15 лица)
  • Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.)
  • Професионален туристички пратител на групата за група над 15 лица
  • Професионален  локален туристички водич (за група мин. 15 лица)

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативни излети (за група мин. 15 лица):

  • Крстарење по Босфор + Султан Ахмед плоштад – 60€
  • Крстарење кон Принцеските острови + Азиски Истанбул – 80€
  • Вечера на брод со шоу програма – 60€
  • Долма Бахче сарајот со локален водич   (Резиденционален дел вклучена влезница) – 60€
  • Пјер  Лоти + Патријаршија + Балат – 45€ 
  • Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција
  • Чекиран багаж до 12 кг – 30€ по лице ( доплатата  за багаж се однесува за сите патници по пријавата)
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на патувањето се потребни се минимум 2 лица
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Задолжителна уплата при резервација 50% од вредноста на аранжманот, износ кој е неповратен во случај на отказ на патникот.
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел

Colorful hot air balloon flying over Cappadocia, Turkey.

Кападокија – Магија и мистика / Велигден АВИОН

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

Кападокија – Магија и мистика / Октомври Авион

 

Термин 22 -26 Октомври 2026

– 4 НОЌЕВАЊА со појадок

 

01 Ден:  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:

Состанок на групата на аеродром Александар Велики, Скопје во 09:30ч.,Авионот за Истанбул полетува во 11:15ч.  (престој на аеродромот во Истанбул 2ч. и 35 мин.)  Слетување во Кајсери во  17.35 ч.  по локално време . Трансфер до  хотел. Ноќевање.

02–05 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Престој на база ноќевање со појадок .

05  ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:

 

Полни со впечатоци, во  договорено време според термин и лет  поаѓаме кон Кајсери.  Полетување на авионот од Кајсери  за Истанбул во 07:35ч.. Слетување во Истанбул. (престој на аеродромот во Истанбул 2ч. и 5 мин.).  Полетување на авионот за Скопје . Слетување на авионот во  Скопје во 10:35ч. .

За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

 ЛЕТ СО БАЛОН:  Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

 

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:    Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:  Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

* Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.

* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно  вистинско турско кафе или турски чај.

Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски  поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.

 ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или….

– “BUS SUNSET TOUR”:  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.

               Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в.              Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

 

ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ:  Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 569€ / 3.280 ден. 

 

  • Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите. Плаќање во денарска противредност  1€=62 мкд

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Авионски превоз со PEGASUS  AIRLINES Скопје-Кајсери-Скопје
  • Аеродромски такси
  • 4 Ноќевања со појадок  во хотел Cave во Гореме, во срцето на Кападокија.
  • Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
  • Рачен (1) багаж максимални димензии: 40х30х15 см.(макс.3кг)
  • Услуги на локалната агенција,
  • Организација на патувањето,
  • Туристички пратител на патувањето (за групи над 15 лица). Индивидуалните патници ги пречекува нашиот партнер од Кападокија а излетите се на Англиски јазик.

                                             

                                                              

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување   300 мкд,
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
  • Чекиран багаж до 20 кг: 60€ (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
  • Не спомнати услуги.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

“Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (80€),

“Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (80€),

“Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (60€),

 

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”

“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 200 €

  • Цени на дополнителни факултативни атракции во Кападокија 
  • ЛЕТ СО БАЛОН  – од  150-250  € . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би резервирале лет со балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.
  • ATV SUNSET TOUR, (35€) по лице трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (мин 2 лица)
  • ЦРВЕНА ДОЛИНА (25€),со залез на сонцето, превоз, локален водич, (мин. 6 лица)
  • ТУРСКА ВЕЧЕР(55€), со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич:
  • ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ (30€): церемонија , превоз, локален водич:
  • КОЊИна ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€):
  • КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(45€):
  • JEEP SAFARI(45€)  2 часа: (цена по лице, за минимум 4 лица)
  • Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник  во Турција
  • За групи до 15 лица, водичот е на Англиски јазик
  • Цените на излетите се важечки за група над 15 лица

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.

* Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.

* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Задолжителна уплата при резервација 50% од вредноста на аранжманот, инос кој е неповратен во случај на отказ на патникот.

* Pegasus го задржува правото на промена на дадените сатници на летовите. Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

  

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.

 

Downtown Siena skyline in Italy with blue sky

 

ТОСКАНА

Фиренца – Сиена – Сан Џимињано – Пиза – Болоња

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

 

09.10 (петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 19.05 часот. Слетување во Болоња во 20.55 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

 

10.10 (сабота) ФИРЕНЦА – ПИЗА

Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо – вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири… Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми.

Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри – всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.

 

11.10 (недела) ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади  Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија…  Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија – дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

 

12.10 (понеделник) ФИРЕНЦА  –БОЛОЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело…

Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот…

Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.35 часот. Пристигнување во 23.20 часот.

 

Последни 5 места!

Arcadia GuestHouse 579 € / 35.900 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Arcadia GuestHouse 629 € / 39.000 мкд

Хотел Arcadia 3* 669 € / 41.480 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје

-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

-Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок.

Хотелските соби и GuestHouse собите се во истиот објект но на различен кат и го користат истиот ресторан за појадок. GuestHouse собите се поедноставно опремени. www.hotelarcadiaflorence.com

-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

-Посета на Болоња

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

–Посета на Сиена, Сан Џимињано, винарија  “Fattoria Poggio Alloro” (дегустација на 4 сортни вина во комбинација со италијанско мезе) 110 евра

-Разглед на Фиренца со локален водич 20 евра

-Посета на Пиза 45 евра

-Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)

-Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 6.720 мкд (GuestHouse)

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Дете од 2 до 4 год. плаќа 400 евра. Дете над 4 год. плаќа полна сума и добива легло.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

                                                                           

puglia

 

БАРИ

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

На брегот на Јадранското Море, под топлото јужно сонце, нè пречекува Бари – град со медитерански ритам и вистинска италијанска атмосфера. Мирисот на море, тесните камени улички и живите плоштади создаваат чувство дека времето овде тече побавнo. Совршен вовед во магијата на регионот Апулија и идеална почетна точка за едно незаборавно патување.

 

10 Окт (Сабота) Скопје – Бари
Состанок на аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување кон Бари во 21:55, и пристигнуваме во 23:05. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

11 Окт (Недела) Бари – Алберобело – Матера
Појадок. Факултативен излет до Алберобело, градот познат по уникатните куќи „Trulli“ со конусни кровови, изграден од неправилни камења без малтер. Уличките создаваат магична атмосфера, како да сте влегле во цртан филм, а целиот град е под заштита на УНЕСКО.  Во попладневните часови заминуваме кон Матера – град кој остава без здив со својата специфична архитектура. Изграден меѓу карпести падини, со куќи врежани во камен, овој град создава впечаток на природна сценографија. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

 

12 Окт (Понеделник)  Бари – Лече
Појадок. Факултативен излет до Лече, познат како “Фиренца на југот“ поради богатата барокна архитектура и уметничко наследство. Градот е познат по топлиот медено-златен камен од кој се изградени црквите и палатите, што му дава посебен сјај. Ќе прошетаме низ неговиот прекрасен стар град, каде што барокната архитектура и топлиот златен камен од кој се изградени зградите му даваат посебна атмосфера. Ќе застанеме кај една од најимпресивните барокни цркви во Италија – Basilica di Santa Croce, позната по својата богато украсена фасада со многу детали и скулптури. Потоа ќе продолжиме кон еден од најубавите плоштади во градот, Piazza del Duomo, каде што се наоѓа катедралата и неколку значајни историски објекти. Трансфер до Бари.  Ноќевање.

13 Окт (Вторник) Бари – Скопје
Појадок. Разглед на Бари. Денот го започнуваме со прошетка низ шармантните улички на Бари, град кој зрачи со автентичен јужњачки дух и морска свежина. Во стариот дел, Бари Векија, тесните камени сокачиња кријат мали плоштади, локални продавници и традиционални куќи каде сè уште се чувствува вистинската апулијска атмосфера. Ќе ја посетиме базиликата Св. Никола, едно од најзначајните духовни и културни обележја на градот, како и катедралата која сведочи за богатото историско наследство на регионот. Прошетката продолжува кон модерниот дел на градот, со елегантни булевари, познатиот театар Петруцели и долгата морска променада, идеално место за уживање во погледот кон Јадранското Море. Полетуваме за Скопје во 22:40 и пристигнуваме во 23:50 часот.

 

 

попуст за ранa уплатa до :    479 €  / 29.700 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  559 €  / 34.660 мкд

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Бари – Скопје, со Визер

Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во хотел EXCELSIOR BARI 4*, три ноќевања, со појадок.

Организиран пешачки разглед на Бари.

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Факултативен излет Матера и Алберобело со водич и трансфер – 95€

·         Факултативен излет Лече со водич и трансфер – 110€

·         ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ(Матера, Алберобело и Лече) – 185€

Туристичка такса 1.650 мкд (се плаќа во агенција)

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 11.470 денари

 

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

                                                                           

                                                                                                               

malta

   

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

 

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

 

16 Октомври (петок)   СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродром Скопје во 18:50 часот. Полетувањето е во 20:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

17 Октомври (сабота)  ИЗЛЕТ ПО МАЛТА- МDINA – BlUE GROTTO – TA’QАLI – МАРСАШЛОК –СЕНТ ЏУЛИЈАН

Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина.

Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура,каде ќе уживаме во панорамскиот поглед од бастионите,претседателската Палата… Прошетка до Рабат, предградието на Мдина каде ќе имате можност да ги посетите катакомбите на св.Павле (по избор) или може да се релаксирате со кафе во некое од локалните кафулиња.Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо), најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо (се плаќа на лице место 10 еур).Напомена:Во случај на немирно море и прекин на бродскиот сообраќај (во зависност од временските услови),посетата на Blue Grotto ќе биде целосно изоставена.Во тој случај како алтернативна варијанта ќе ги посетиме прекрасните ботанички градини Сан Антон – мирна оаза позната по своите бујни градини и релаксирачка атмосфера. Потоа следува посета на рибарското гратче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е толку фотогенично поради што многу туристи го посетуваат за да ги овековечат типични те ,,luzzu,, рибарски чамци. Слободно време за ручек.Враќање во хотел.Мала пауза за одмор.Вечерно патување во Валета и 3те Градови. Поаѓањето е околу 18:00 часот, кога сонцето полека заоѓа и островот ги добива своите магични вечерни бои. Ќе тргнеме да ги откриеме Трите Града – вистински бисери на малтешката историја.Првата станица ќе биде Биргу (Виториоза), средновековен град чии тесни, мистериозни улици кријат приказни за витези, трговци и пирати. Прошетката низ овој стар кварт ќе ви даде чувство дека сте се вратиле неколку векови назад.Потоа, ќе уживаме во слободното време во марината Виториоза, една од најубавите марини на островот. Совршено место за релаксација, пиење пијалок и уживање во единствената атмосфера на луксузни јахти и осветлени пристаништа.Потоа нашиот пат води до срцето на Малта – Валета. Таму ќе имате слободно време за шопинг,вечера,прошетка меѓу луксузните улици и ресторани  кои имаат посебен шарм во вечерен амбиент.По ова незаборавно вечерно искуство, се враќаме во хотел, исполнети со впечатоци и слики што ќе останат во меморијата долго време. Ноќевање.

 

18 Октомври (недела)  ГОЗО – ВИКТОРИЈА (РАБАТ) – DWEJRA BAY – FONTANA – XLAENDI

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг каде историјата, природата и културата се здружуваат да создадат навистина магично искуство. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Следува панорамски разглед на Викторија (Рабат), главниот град на Гозо кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на базиликата Та Пину-Место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на старата цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот.Посета на заливот Dwejra Bay кој се смета за една од најнеобичните атракции на Гозо што многу туристи ја сакаат и со добра причина. Накратко може да се каже дека станува збор за музеј на отворено кој комбинира добра доза на природна историја, археологија и геологија низ познатите знаменитости како што се Внатрешното море, карпата Габа, Азурниот прозозорец и караулата Двејра. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче во заливот кој со своите крајбрежни формации и морето што се прелева над карпите е навистина една магична атракција (се плаќа на лице место 5 еур).

Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за опуштен ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка кујна. Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности во  Сент Џулијан, место познато по својот бурен ноќен живот.Ноќевање.

 

19 Октомври (понеделник)   ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) – ВАЛЕТА – СЛИМА -СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на Попај селото (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village), наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа, прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на Малта. Исто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата – 15еур). Слободно време за ручек.Посета на Слима – позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:20 часот. Слетување во 01:00 часот.

 

Дополнителни 30 евра попуст за резервации направени до 30.09

Попуст за ранa уплатa до 30.09:  399 € / 24.740 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 € / 27.840 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје

ü  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Сместување во хотел Alexandra 3* во Сент Џулијан во Малта на база 3 ноќевања со појадок

ü  Рачен багаж (1 мека торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

ü  Организација на аранжманот и придружник на патување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  1. Посета на Попај село 25 евра (трансфер и влезница)

Ø  2. Посета на  Валета и Слима 40 евра (трансфер, локален водич)

Ø  3. Излет Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto,  Marsaxlokk) 55 евра  (трансфер, локален водич)

Ø  4. Посета на Гозо 65 евра (трансфер, брод, локален водич)

Ø  5. Вечерен излет на Валета  и посета на 3те градови Birgu,Senglea и Cospicua  30 еур (трансфер, локален водич)

Ø  Ред. бр.2,3,4 -ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ  145 евра

Ø  Туристичка такса 750 мкд   (се плаќа во агенција)

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 7.900 мкд.

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

                                                                                       

Ait-Ben-Haddou, Ksar or  fortified village in Ouarzazate province, Morocco. Prime example of southern Morocco architecture.

                                                                                                             

КРАЛСКО МАРОКО

Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања

Одиме во Мароко! Во земјата која нуди богата таписерија на доживувања – меѓу тесните, преплетени улички на старите медини, грандиозната царска архитектура, живописните и миризливи сукови и крајбрежните развигори. Да се нурнеме во единствениот спој на арапска, имазигенска и европска култура, одразени во специфичната гастрономија, занаетчиството и секојдневниот живот. Ова патување ќе нè однесе на места каде минатото и сегашноста живеат заедно во хипнотична хармонија.

9 дена низ четирите кралски града и богатото наследство на Мароко

Од црвените ѕидини и живописните медини на Маракеш, преку елегантниот Рабат, историскиот Фес и величествениот Мекнес, до атлантскиот брег и космополитската Казабланка – патување низ различните лица на Мароко, неговото богато наследство и автентичниот ориентален шарм.

  1. Октомври (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАРАКЕШ

Состанок на Аеродромот во Скопје во 07:00 часот, полетување за Истанбул во 08:45 часот и пристигнување во 11.20. Полетување за Маракеш во 12:25 и пристигнување во 15:45 часот. Трансфер до хотелот со запознавање со Маракеш, познат како „Црвениот град“, еден од најзначајните историски центри на Мароко, препознатлив по карактеристичната архитектура, старите ѕидини, палмите и живописните пазари. Сместување во хотелот. Ноќевање.

  1. 11. Октомври (Недела) МАРАКЕШ

Појадок. Денот го посветуваме на Маракеш, започнуваме со разглед на градот кој со векови бил престолнина и центар на моќта на мароканските династии. Нашата прва средба со неговото кралско наследство е Палатата Бахија, раскошен спој на мароканска архитектура, прекрасни дворови, префинети мозаици, резбано дрво и внимателно изработени декоративни детали. Продолжуваме кон Кутубија, најпознатата џамија и еден од главните симболи на Маракеш. Потоа влегуваме во старата медина, срцето на историскиот Маракеш. Лавиринтот од тесни улички нè води покрај традиционални дуќани, работилници и мали продавници исполнети со ракотворби, ткаенини, зачини и автентични марокански производи. Нашата прошетка продолжува до Џема Ел Фна, прочуениот централен плоштад и едно од најраздвижените места во градот. Со своите улични изведувачи, традиционални занаетчии, мириси и бои, плоштадот ја открива најавтентичната и најдинамична страна. Слободно време за ручек и уживање во автентичните вкусови на мароканската кујна. Попладнето е резервирано за прошетка низ медината, каде секој сокак крие мали занаетчиски работилници, ориентални мириси и рачно изработени предмети што ја раскажуваат приказната на градот. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

  1. 12. Октомври (Понеделник) МАРАКЕШ

Појадок. Продолжување со разгледувањето на Маракеш и можност за посета на Jardin Majorelle, една од најпрепознатливите градини во градот. Создадена од францускиот уметник Жак Мајорел, градината претставува впечатлива композиција од егзотични растенија, палми, кактуси, бамбус и водни површини, надополнета со карактеристичната интензивно сина боја која денес неразделно се поврзува со Маракеш. Подоцна, Jardin Majorelle е обновена и зачувана благодарение на Ив Сен Лоран и Пјер Берже, кои препознале во неа посебна уметничка и културна вредност. Денес, градината е едно од најпознатите места во Маракеш, а во рамките на комплексот се наоѓа и Музејот на берберската уметност, со внимателно избрана колекција што ја претставува богатата традиција и разновидноста на имазигенската култура. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

  1. 13. Октомври (Вторник) МАРАКЕШ – РАБАТ

Појадок. Патувањето продолжува кон Рабат, елегантниот главен град и достоинствената престолнина на Кралството Мароко. Сместување во хотел. За разлика од живописниот Маракеш, Рабат плени со својата префинета елеганција, широките булевари, уредените градини и внимателно сочуваните историски вредности. Неговата медина и историскиот центар се дел од светското наследство на УНЕСКО, сведочејќи за богатата историја и културното значење на градот. Нашиот разглед започнува со панорамски поглед кон Кралската палата, официјалната резиденција на мароканското кралско семејство, по што продолжуваме кон величествениот Мавзолеј на Мохамед V – едно од најзначајните архитектонски остварувања на современо Мароко. Изграден од бел мермер и украсен со раскошни мозаици, кедрово дрво и препознатлив зелен покрив, мавзолејот претставува симбол на современото Мароко и неговото национално наследство. Во непосредна близина се издига Кулата Хасан, недовршено минаре од XII век и еден од најпрепознатливите симболи на Рабат. Нејзината монументална архитектура сведочи за амбициозната визија на Алмохадската династија и за значењето што градот го имал низ историјата. Разгледот го заокружуваме во Касба Удајас, историска тврдина и еден од најживописните делови на Рабат. Бело-сините куќи, андалузиските градини и тесните калдрмисани улички создаваат препознатлива атмосфера, додека од нејзините видиковци се отвора прекрасен поглед кон реката Бу Регрег и Атлантскиот Океан. Ноќевање.

  1. Октомври (Среда) РАБАТ – ШЕВШАУЕН

Појадок. Патувањето продолжува кон планините Риф, каде се наоѓа најфотогеничниот град во Мароко – Шефшауен. По пристигнувањето и сместувањето, уживање во градот кој плени со својата препознатлива сина архитектура. Калдрмисаните улички, сините фасади, малите плоштади и уметничките дуќани создаваат атмосфера која изгледа како на разгледница. Рачно изработените сувенири, мирисот на свежо печен леб и симпатичната атмосфера го прават Шефшауен едно од најпрепознатливите места во Африка.  Ноќевање.

  1. 15. Октомври (Четврток) ШЕВШАУЕН – ФЕС

Појадок. Утрото е резервирано за индивидуално откривање на сината медина – идеално време за дополнителни фотографии, локално кафе и купување сувенири во уметничките дуќани. Потоа заминуваме кон Фес, културната престолнина на Мароко, чија медина е една од најстарите непрекинато населени градски целини во светот. Пристигување во хотел, сместување и слободно време за релаксирање и индивидуални активности. Ноќевање.

  1. Октомври (Петок) ФЕС

Појадок. Фес е енциклопедија и културна престолнина на Мароко. Неговата стара медина Фес ел-Бали, исполнета со илјадници тесни улички, денес функционира речиси непроменета, со традиционални занаети, кожарски работилници и најстариот Универзитет во светот кој сè уште работи. Разгледот започнува од Борџ Суд, историската тврдина од која се отвора панорамски поглед кон покривите и минарињата на Фес. Продолжуваме кон Кралската палата, за фото-пауза пред нејзините импозантни бронзени порти, едни од најубавите архитектонски детали во Мароко. Низ прочуената Баб Бу Ж’луд, односно Сината порта, влегуваме во историската медина на градот, каде се открива префинетата архитектура на Mедресата Бу Инанија, а однадвор го разгледуваме и комплексот на Џамијата и Универзитетот Ал-Каравијин. Нашата прошетка продолжува до легендарните кожарници Шауара, каде обработката на кожа и денес се одвива по техники што речиси непроменети се пренесуваат со векови. Мирисите, боите и занаетчиската умешност го прават ова едно од највпечатливите искуства во Фес. Можност за ручек во традиционалниот Palais Mnebhi, по што следува слободно време за индивидуална прошетка, шопинг и уживање во автентичната атмосфера на медината. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

  1. Октомври (Сабота) ФЕС – МЕКНЕС – КАЗАБЛАНКА          

Појадок. Поаѓање за Мекнес и уживање во крајоликот на патот кон запад. Разглед на Мекнес со портата Баб Мансор, една од најимпресивните градски порти, прекрасно реставрираниот и историски значаен Мавзолеј на Мулај Исмаил, Медресата Бу Инанија и Плоштадот Ел Хедим полн со кафетерии и дуќани. Во попладневните часови, продолжуваме за Казабланка. Одиме до Кралската Палата со фото-пауза и до живописната крајбрежна променада (корниш) Ан Диаб. Сместување во хотелот. Ноќевање.

  1. Октомври (Недела) КАЗАБЛАНКА – МАРАКЕШ – ИСТАНБУЛ –  СКОПЈЕ

По појадокот, со нашиот локален водич поаѓаме во истражување на најголемиот град во Мароко: шетаме до импресивната Џамија на Хасан Втори, една од најголемите во светот, драматично лоцирана над Атланскиот Океан. Прошетка низ историскиот кварт Хабус кој го викаат и Нова Медина, а познат по традиционалните пазари, сукови за маслинки и марокански слатки и продолжуваме низ градскиот центар и импресивниот Плоштад Мохамед Петти. Слободно време за ручек и купување сувенири. Организиран трансфер до Аеродромот во Маракеш. Полетување за Истанбул во 21:45 и пристигнување во 05:45 часот. Полетување за Скопје на 19 Октомври во 07:25 и пристигнување во 07:55 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Хотели 3*      1269 евра (78.680 денари)

Хотели 4*      1399 евра (86.750 денари)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Повратен авионски превоз на релацијата Скопје – Истанбул – Маракеш– Истанбул – Скопје со вклучени аеродромски такси

-Багаж за чекирање и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

-Трансфери според програмата

-Сместување во хотели 3/4* со појадок според програмата

-Организирани прошетки со вклучени влезници според програмата

-Две мали шишиња вода за време на трансферите со автобус

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Виза за Мароко

-Дополнителни влезници во музеите и културно историските споменици

-Бакшиши за водичот, локалниот водич и возачот

-Патничко – здравствено осигурување

-НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

-За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

-Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

Colorful hot air balloon flying over Cappadocia, Turkey.

Кападокија – Магија и мистика / Велигден АВИОН

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

Кападокија – Магија и мистика / Октомври Авион

 

Термин 08 -12 Октомври 2026

– 4 НОЌЕВАЊА со појадок

 

01 Ден:  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:

Состанок на групата на аеродром Александар Велики, Скопје во 09 30ч.,Авионот за Истанбул полетува во 11:15ч.  (престој на аеродромот во Истанбул 2ч. и 35 мин.)  Слетување во Кајсери во  17.35 ч.  по локално време . Трансфер до  хотел. Ноќевање.

02–05 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Престој на база ноќевање со појадок .

05  ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:

 

Полни со впечатоци, во  договорено време според термин и лет  поаѓаме кон Кајсери.  Полетување на авионот од Кајсери  за Истанбул во 11:05ч.. Слетување во Истанбул. (престој на аеродромот во Истанбул 6ч. и 05 мин.).  Полетување на авионот за Скопје .   Слетување на авионот во  Скопје во 19:05ч. .

За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

 ЛЕТ СО БАЛОН:  Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

 

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:    Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:  Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

* Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.

* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно  вистинско турско кафе или турски чај.

Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски  поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.

 ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или….

– “BUS SUNSET TOUR”:  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.

               Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в.              Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

 

ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ:  Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 529€ / 32.800 ден. 

 

  • Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите. Плаќање во денарска противредност  1€=62 мкд

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Авионски превоз со PEGASUS  AIRLINES Скопје-Кајсери-Скопје
  • Аеродромски такси
  • 4 Ноќевања со појадок  во хотел Cave во Гореме, во срцето на Кападокија.
  • Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
  • Рачен (1) багаж максимални димензии: 40х30х15 см.(макс.3кг)
  • Услуги на локалната агенција,
  • Организација на патувањето,
  • Туристички пратител на патувањето (за групи над 15 лица). Индивидуалните патници ги пречекува нашиот партнер од Кападокија а излетите се на Англиски јазик.

                                             

                                                              

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување   300 мкд,
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
  • Чекиран багаж до 20 кг: 60€ (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
  • Не спомнати услуги.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

“Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (80€),

“Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (80€),

“Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (60€),

 

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”

“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 200 €

  • Цени на дополнителни факултативни атракции во Кападокија 
  • ЛЕТ СО БАЛОН  – од  150-250  € . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би резервирале лет со балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.
  • ATV SUNSET TOUR, (35€) по лице трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (мин 2 лица)
  • ЦРВЕНА ДОЛИНА (25€),со залез на сонцето, превоз, локален водич, (мин. 6 лица)
  • ТУРСКА ВЕЧЕР(55€), со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич:
  • ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ (30€): церемонија , превоз, локален водич:
  • КОЊИна ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€):
  • КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(45€):
  • JEEP SAFARI(45€)  2 часа: (цена по лице, за минимум 4 лица)
  • Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник  во Турција
  • За групи до 15 лица, водичот е на Англиски јазик
  • Цените на излетите се важечки за група над 15 лица

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.

* Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.

* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Задолжителна уплата при резервација 50% од вредноста на аранжманот, инос кој е неповратен во случај на отказ на патникот.

* Pegasus го задржува правото на промена на дадените сатници на летовите. Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

  

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.

 

Eiffel Tower or Tour Eiffel aerial view, is a wrought iron lattice tower on the Champ de Mars in Paris, France

Градот на светлината – ПАРИЗ
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Авион /5 дена /4ноќевања

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

25.10.2026 (недела) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09.00 часот. Полетување за Париз во 11.15 и пристигнување во Париз во 14.20 часот. Организиран трансфер. Сместување во хотел. Во попладневни часови посета на Монмартр (со метро) – место каде уметноста и магијата се спојуваат. Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Ноќевање.

26.10.2026 (понеделник) ПАРИЗ – Елисејски полиња –Трокадеро- Ајфелова кула – Сена
Појадок. Организирана пешачка тура : Од паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња со слободно време за шопинг и ручек, Триумфална капија , плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула. Можност за крстрење по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање

27.10.2026 (вторник) ПАРИЗ – Дизниленд- Латински Кварт – Монмартр
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавниот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. За останатите препорака пешачка тура: Латински Кварт, Нотр Дам, Посета на Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар. Враќање во хотел. Ноќевање.

28.10.2026 (среда) ПАРИЗ- Версај и Лувр
Појадок. Факултативна посета (со јавен превоз, метро) на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала и градините… Враќање во централниот дел на Париз. Продолжуваме кон импресивниот Лувр. Пауза за сликање, кафе, ужина или за љубителите на уметноста. Влез во еден најпознатите музеи со светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза. Турата е организирана со локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.

29.10.2026 (четврток) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот во 12:00ч. Полетување за Скопје во 16.40, пристигнување во 19.25 часот.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 € / 37.100 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.09.2026: 499 € / 30.900 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
• 4 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
• Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам,
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,5 карнет за 1 возење)
• Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
• Туристичка такса 5,2 € по лице на ден – се плаќа на рецепција во хотел
• Влезница за Ајфелова Кула – влезница 25-60€ (картите се купуваат на лице место)
• Факултативна посета Версај и Лувр со локален водич 150€ влезници со термин (пријавување во агенција)
• Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
• Посета на Операта Гарние 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 180-250€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
*Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-150 € возрасен, дете до 12 год. 70-140 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
• Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

Напомена:
Доплата за еднокреветна соба 9,380 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање

 

Напомена:
• Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
• Усни и телефонски резервации се невалидни.
• При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
• Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
• Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
• За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
• Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
• ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
• ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
• Организатор на патувањето е туристичката агенција Метрополитен Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)

 

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)