Just one second...

 
BANSKO

ПРВИ МАЈ ВО БАНСКО

(со посета на САНДАНСКИ) 

(01.05.2026 – 03.05.2026)

 

 

Прв ден: 01.05.2026 година (петок) 

04.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 05.30 од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Банско. Се патува преку Струмица и граничниот премин Ново Село со попатни одмори. Пристигнување во Банско околу пладне. Сместување во хотелОТ „Belvedere Holiday Club“ 4**** во едноспални и двоспални апартмани (www.belvedereholidayclub.bg) . Слободно време за одмор и користење на внатрешниот базен и на спа центарот: сауна, парна бања, фитнес центар, џакузи. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 02.05.2026 година (сабота)

Појадок. Слободно време за прошетка низ Банско и за индивидуално разгледување на градот, како и за користење на внатрешниот базен и спа центарот во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 03.05.2026 година (недела)

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на групата кон Сандански. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска притиввредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

–  Превоз на наведената релација

–  Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Belvedere Holiday Club“ 4****  во Банско

– Користење на внатрешниот базен во хотелот

– Посета на Сандански

– Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: до 6 години бесплатно (немаат седиште во автобус); деца од 6 до 11,99 години плаќаат 70% од аранжманот

 

  

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Croatia, panoramic view of beautiful blue Adriatic coast in Istria, aerial of old town of Rovinj

23.ОКТОМВРИ ВО ИСТРА

ПОРЕЧ- БРИОНИ-ПУЛА-ГРОЖЊАН-МОТОВУН- РОВИЊ 

 (21.10.2026 – 25.10.2026)

  

Допрете ја магичната црвена земја… Нека Ве погали медитеранското златно сонце… И почувствувајте ја Истра… Ја нарекуваат Хрватска Тоскана… заради синото море, зелените пејзажи, средновековните места изградени во венецијански стил, мирисот на рузмаринот, вкусот на лимонадата од лаванда, афродизијакот тартуф, белото вино малвазија…

Магијата може да започне!

  

Прв ден: 21.10.2026 (среда)

Поаѓање на групата од  Кавадарци во 16.30 часот и од Скопје во 18.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 22.10.2026 (четврток)

Пристигнување во Пореч  во пладневните часови. Сместување во хотел „Porec“ 3 *** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 

Трет ден: 23.10.2026 (петок)

Појадок. Заминување на групата на целодневен излет во приморскиот-синиот дел на Истра со посета на Националниот парк Бриони и градот Пула (факултативно). Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на  претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од рајот останати меѓу  камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Голем Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и Брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“ . Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа. По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана, а оттаму заминуваме кон Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Хелада  кои сакале да се скријат во заливот. Пула се споменува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Разглед на Пула со локален туристички водич. Во вечерните часови враќање во Пореч. Ноќевање.

 

Четврти ден: 24.10.2026 (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континенталниот-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун. Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 280 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси секојдневно на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри високиот рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. Пред да започнеме со организираниот разглед ќе имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните кучиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе (факултативно). После ловот кој е несекојдневно доживување и вистинска релаксација, се упатуваме на дегустација на тартуфи во традиционално домаќинство Миро Тартуфи  ( http://miro-tartufi.com/en/), па следува организиран разглед на градот кој има богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците… Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати истарски сорти -теран и малвазија. Во доцните попладневни часови враќање во Пореч. Ноќевање.

 

Петти ден: 25.10.2026 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во понеделник, на 26.Октомври во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Три ноќевања со појадок во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч

– Локален туристички водич во Пореч, Бриони, Пула, Грожњан, Мотовун, и Ровињ

– Излет до Грожњан и Мотовун

– Билет за локален автобус до градот Мотовун

– Организација на патувањето и туристички придружник 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

–          Доплата за еднокреветна соба – 85 евра

– Бродски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана и влезница за островот Бриони со вклучен водич на хрватски јазик – 30 евра

– Организиран лов на тартуфи и дегустација – 35 евра

–          Туристичка такса…1.60 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

–          Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Istanbul the capital of Turkey, eastern tourist city.

Истанбул со Принцески острови 3НП – Велигден

€159,00
Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 09 Април

1 ден 09.04.2026  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 10.04.2027 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар…

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор. 

Попладне продолжуваме со магијата на Истанбул.

СУЛЕЈМАНИЈА  и ГАЛАТА ПОРТ Истанбул

СУЛЕЈМАНИЈА џамија – Сулејмановата џамија  заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на

Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I,  кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав”

 

ГАЛАТА ПОРТ Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  11.04.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!

Ноќевање.

4 ден 12.04.2026  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети 

Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.                                                                                        

АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

5 ден 13.04.2026  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот  ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

6 ден 14.04.2026  СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје , на псркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во раните утрински часови.

 

ПРОМО цена за рана резервација до 28.02.2026: 159€ / 9.860 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 €/11.100 ден.

 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел Grand Halic 4*, на Таксим,  на база 3 ноќевањасо појадок
  • Капали чаршија
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа
  • Професионален туристички пратител на групата
  • Професионален  локален туристички водич

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативни излети

  • Туристичка такса 6€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција )
  • Патничко осигурување 300 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
  • Доплата за седиште по избор 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€ (се плаќа во агенција)

Факултативни излети и посети

  • Крстарење по Босфор – 20€
  • Балат +Пјер Лоти и Златен Рог: – 35€
  • Сулејманија + ГАЛАТА ПОРТ Истанбул – 30€
  • Крстарење кон Принцеските острови со посета на Азиски Истанбул – 70€
  • Вечера на брод на Босфор со шоу програма – 60€
  • Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел со вклучена влезница) – 60€

 

ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Сулејманија + Галата Порт+ Балат+ Пјер Лоти : 60€

ИСТАНБУЛ КОМБО ПАКЕТ: Европски пакет +Принцески острови и Азија + Крстарење по Босфор: 140 €

ИСТАНБУЛ FULL ПАКЕТ: Истанбул Комбо Пакет + Долма Бахче палата + вечера со шоу програма на брод на Босфор со ноќно крстарење: 250 €

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 20 евра (по седиште).
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • За патувањето важат општите услови на Метрополитен Травел

 

Beautiful colorful cityscape on the mountains over Mediterranean sea, Europe, Cinque Terre, traditional Italian architecture
Dolomites alps, Mountain - Val di Funes
Split  bay aerial view through stone window, Dalmatia, Croatia
TOSCANA 1

Фиренца-Чинкве Тере  (Болоња -Монтекатини- Пиза- Сиена- Сан Џимињано )

Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 01 Мај

(Тоскана ) Фиренца-Чинкве Тере  3НП (Болоња – Пиза- Сиена- Сан Џимињано – Outlet Shoping Center Barberino)

 

1 ден   01.05.2026 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

 

2 ден   02.05.2026 Болоња – Монтекатини 

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки, можност за искачување до Монтекатини Алто со автентичен Фуникулар од 19 век. Ноќевање.

 

3 ден  03.05.2026  Монтекатини- Cinque Terre- Пиза -Монтекатини

Појадок.После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.  Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

 

4 ден  04.05.2026  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.

 

5 ден  05.05.2026 Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити… По посетата на Фиренца Ве водиме во Outlet Shoping Centar Barberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6 ден  06.05.2026 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 16.04. 2025: 199€/ 12.340ден.

РЕДОВНА ЦЕНАНААРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високотуристички автобусна дадената релација

  • Сместување во хотел 3* на база 3НП  во   Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Посета на Outlet Shoping Center Barberino
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна Пиза – 60€
  • Посета на Сиена, Сан Џимињано  (трансфер,  водич) – 55€
  • Задолжителна посета на Фиренца *(се плаќа во агенција)- 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Патничко здравствено осигурување(без франшиза)- 300 ден
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • ПРОМО цената е важечка со резервација на сите излети
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

 

Sand beach beneath the colorful old town Menton on french Riviera, France

Азурен Брег 3НП (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард – Монако-Монте Карло) – 01-ви Мај

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата..
.

Термин 01 Мaj

1 ДЕН 01.05.2026 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  02.05.2026 НИЦА

Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег – Ница.  Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање.

 03 ДЕН 03.05.2026  СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО

По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата…    Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 04 ДЕН 04.05.2026  АНТИБ  -КАН :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб… Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)… а потоа   Продолжуваме со прошеткам и  запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината….  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање.

 

05 ДЕН 05.05.2026 ЕЗ – МОНАКО  – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 06.05.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 16.04.2026: 269 € / 16.680 ден 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  299 € / 18.540 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Ница / Кан , на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •  Посета на Ст. Тропе (50€)
  •  Посета на Ница и Антиб(60€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (50€)

 

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ  Азурен брег – 140€

  •  Задолжителна посета на Монако последниот ден (40€)
  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Седиште
Дозволете долгогодишното искуство на нашиот тим да ви помогне.
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТМетрополитен на социјални мрежи
Бидете во тек со сите актуелни понуди
AVANTAGEHeadquarters
Organically grow the holistic world view of disruptive innovation via empowerment.
OUR LOCATIONSWhere to find us
https://www.metropoliten.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/img-footer-map.png
GET IN TOUCHAvantage Social links
Taking seamless key performance indicators offline to maximise the long tail.

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)

Copyright by Метрополитен Травел ДОО. All rights reserved. Developed by Kikilix.(https://kikilix.com)